Кога ќе го средат форумов со смајлињата? Ако ставиш две едно до друго без празно место, испаѓа нешто сосем трето кој век сме, какви работи се измислија, форумов застанал во 2010, ако не да ги правиме смајлињава како пред 10 години на фб, со знаци?
Океј Бубаче знам. И ти знаеш дека не ми беше во прашална форма тоа пишано. Ама форумов е толку забатален, ниту има некои нови опции или било што, ниту некој од главниве се заинтересирува за него во подобрување и за негово модернизирање, ништо.
Сајтот па е уште позагреови, глупи вицови стојат по 1 месец, хороскоп само што ставаат и венчаници. А и некој трагикомичен наслов - ЌЕ СЕ НАСМЕЕТЕ, ЌЕ СЕ РАСПЛАЧЕТЕ
Ова не е одамна место за релаксација, напротив. Функционира делумично као секта со приврзаници. Први борбени редови луѓе со кои мораш да имаш исто мислење, за да не те цитираат на секое. Цитатите некад надминуваат и секаков убав, љубезен и културен пристап, али тоа не е битно, пошо тие се лидерите. Премногу иронија, сарказам и потсмев, више одредени коментари помеѓу одредени луѓе ме тераат да помислам дека истите се базирани на лична основа. Објективност скоро и да не постои, кога станува збор за поддршка помеѓу истите тие членови. Една од нив да напише дека е здраво да се јадат го*на (буквален превод), другите ќе дообјаснат зашо е тоа здраво. Мех
Тоа што некои членови се толерираат до бескрај, и иако редовно ги прекршуваат сите правила не добиваат бан засекогаш. А и тоа што банирани членови се враќаат со дупли јузер за кои сите знаат и јавно се зборува, а администрацијата не реагира, или не со време.
Тоа што популарни членови, мислат дека го поседуваат форумов. Тоа што, од истите нив, секоја тема ја губи смислата, докажувајќи ти дека не си во право поради тоа што не им се допаѓа тоа како размислуваш. Тоа што мислат дека ние на форумов доаѓаме за они да си ги лечат на нас фрустрациите и комплексите. Тоа што истите тие не гледаат што е напишано, туку кој го напишал тоа. Тоа што мислат дека секогаш се знаат и секогаш мора да бидат во право и се објаснуваат до недоглед, а ти мораш да им ги читаш коментарите (кои најчесто се јадни) и покрај тоа што не те интересира како размислуваат и си дошол да прочиташ нешто и да се релаксираш. Тоа што те цитира и се дрзнува да ти каже дека си глупа што така размислуваш. Тоа што се толерирани и покрај тоа што навердуваат и се вулгарни. А најмногу ми смета тоа што навистина не сум психијатар па да им дадам стручен совет како да си помогнат сами на себе, зошто очигледно се очајни.
Многу ми се досадни темите за свекрви, мајки, деца. Мислам океј ама цел форум е ко мајки, деца и мажени жени. Нема ништо со што би привлекле млади 16-25 годишна популација.
Ја имаш темата Феминско младинско ќоше, имаш уште многу други теми за млади во категориите: Кафе муабети, Мода и стил, Лице, Коса, Тело, Врски, Сингл, Секс, Диети, Фитнес, Литература и уметност, Музика, Филм и ТВ. Не знам што ти си се фатила баш за тие теми за свекрви, мајки, деца