Оди во категориите кои те интересираат, коментирај си што имаш да си кажеш, па ќе станат активни. Некој ќе види па ќе се надоврзе на твоето мислење.
Фала, ќе се уходам ајде можеби. Инаку за профилната да те прашам, гледам член на тимот си. Сакав да си сменам профилна, ми вика преголема слика. Како да ја прикачам сликата, што погрешно правев?
Не ми се допаѓа што има некои што навредуваат, а не сакаат да бидтат навредени и се случува модераторите да не ги напоментат!
Не ми се допаѓа кога одредени членови пишуваат постови во брик. Цел текст во едно, ни еден нов ред. Колку и да сакам да ги читам, ме одвлекува од желбата тоа што таквите постови се непрегледни. Дали може да им сугерирате да не пишуваат во тој 'стил'? @RainBow ?
Нема зошто да сугерира. Јас сум една од тие што пишуваат така. Не пишувам поезија и ако цела мисла ми е поврзана за една тема, не гледам причина после секоја реченица да оставам празно место. Кој ве научи така не ми е јасно?
Во тој пост има еден куп работи кои можат да се потенцираат, ти си напишала конкетно што ти смета. Нема јас што да те прашувам, сама треба да знаеш како да напишеш.
Не претпоставувај дека нешто на тебе се однесува. Прашај дали на тебе се однесува. Ај сега, оди занимавај се со друго. Не со мене.
Треба сите членови што пишуваат така да те прашуваат поединечно дали на нив се однесува? Пошто е тешко да напишеш што конкретно мислиш?
Тоа што одредени членки си земаат за право да исмејуваат, навредуваат, буквално булинг врз други членки и не знам дали воопшто некогаш се опоменати.Мислам дека не се никогаш. Вакви арогантни и во живо ако сте, тешко на тие околу вас.
Не ми се допаѓа што некои од членовиве пишуваат како да се на twitter или постовите им наликуваат на спам коментари.
Не ми се допаѓа водењето на целовкупниот форум,бришење на мислење,нормално што му одговара на модераторот,не видов непристрасен модератор кои е рамноправен кон сите членови,што па јас се чудам,све ни функционира така,но си велам форум е,ама сум згрешила.
Или уште полошо, еден ако не се сложува со тебе уште 1000 други нема да се сложуваат иако потајно се сложуваат, ама ете фини лепи да излеземе тоа е...
Лмао потајно сложување бе. Извинете али луѓе смеат да мислат поразлично и ако не се согласват не е потајна согласност. Ама сигурно потајно се сложваме за ова.
Да да, баш потајно сложување. И сама знаеш на што мислам. Каде еден таму сите, таков народ сме. А иначе немам против ако има некој поразлично мислење од моето. Никаде не го напишав тоа.