Не смееш да имаш сопствено мислење, не смееш да реплицираш, не смееш да имаш спротивно мислење од некоја членка што мисли различно од тебе, ама мораш да читаш безумни коментари на некој членки. Мислам дека ќе одморам од форумот на некое време.
Мене не ми се свиѓа што одредени си замислиле дека форумов им е некој вид личен дневник и се понашаат како деца во градинка кога некој ќе ги цитира. Имам пишувано и претходно, ми смета кога групно се напаѓа една личност, ама богами има и многу лигави членови што секој цитат и обид за дискусија го сфаќаат како личен напад иако нема ни една лична навреда. И некогаш не враќаат пошто глумат unbothered, како демек тука на форумов само нив ги цитираат.
Ама така иди. Еве ти ме цитира и имам близок однос со тебе зато ќе те земам за пример, а има теми кај шо не гледаме eye to eye и то е океј. Башка мислење на теми ни ме тера да мислам помалку за тебе, ни ме тера да мислам дека потајно исто мислиме пошто моето јас знам дека не е ултимативна вистина туку субјективно мислење и чувство. Сигурно потајно исто мислиме доу.
Сигурно, ама тука сакаме кул да се правиме бидејќи не е интересно исто мислење да имаш со сите и колку нешто да се случува на форумот.
А,ти видовита ли си,па знаеш дека потајно се сложуваат? Па,баш ако немаш ништо против поразлични мислења од твоите не треба да ти смета што тие 1000 се сложуваат со тој еден,а не со тебе. Во една тема тие 1000 ќе се сложат со тој еден,во друга со тебе,а не со него. Што е сосем нормално бидејќи секој има право на свое мислење.
"Не ме цитирај" ликови ми се пресмешни Дошол на форум и не ме цитирајте веќе. И она плачките по модератори, леле мајко. Пресмешно.
Најубаво никој да не пишуваме ништо, по една реченица на темите и толку, може и тоа е многу, за некој да не се навреди.
Или може сите да редиме надолу "Така е.", "Да.", "Се сложувам".... Треба да пробаме онака за занимација.
Па затоа многу ретко влегувам во дебати, скоро па ич. Ќе пишиш нешто спротивно од "нивното" и одма се нафрлаат ко хиени. Е тогаш и да сакаш не стигнуваш да реплицираш на секоја. Затоа најдобро биди си нем посматрач и само читај.
Јас ако напишам мислење на форумот, пишувам затоа што НАВИСТИНА го мислам тоа, а не заради тоа што некој напишал нешто, па и јас да го напишам истото. Во ред е некој да има различно мислење од моето, ама мислења кои содржат навреди, напади кон одредени членови или група луѓе, извинете, не можам да почитувам. Да не зборувам за поддржување насилство, расизам, национализам, мизогинија и слични работи. Ова важи за секој член. Има членови кои имаат мислења што се поинакви од моите, меѓутоа се со конструктивни аргументи, па затоа ги почитувам.
Ако пола форум упорно ме цитира по теми кај што пишувам, искрено би се запрашала што пишувам и правам толку погрешно за да има таква реакција.
Многу често се помешува имањето мислење со осудување или контроверзен став. Не можи некој да пишува работи ко: хомосексуалците се неприродни, не вредиш ако немаш или не сакаш деца, атеистите/верниците биле ненормални, во ред е детето да го шлапнуваш одвреме навреме, жената треба прво да гледа да се омажи и да роди и слично што сум читала што не ми текнува во моментот, и да очекува никој да не го цитира и да му се спротистави. И после "рипале" другите, не ги оставале вакви "мислења" да пишат.
100% се согласувам. На форум треба да сме спремни буквално секое мислење дека може да е цитирано. Дури и во темата СДК (без цитирање). Не мора да одговараме на секој што не цитирал, ама не може да се лутиме за тоа.
Мене па не ми е јасно што толкава потреба чувствувате да вратите ако ве цитирал некој што не го поднесувате. Демек ако ме цитираш, што, ќе те кажам на мама? Толку црви ли ве јадат ако не ставите капаче на сѐ и вашиот збор да е последен? Ако не ви се допаѓа личноста што ве цитирала, дај кликни опција за игнорирање и скокај го секој цитат што доаѓа од неа.