Таа па СДК без цитирање, пола мислења се буцкања од други теми Ќе се испокараат, не ме цитирајте веќе ќе пише и после во сдк без цитирања нешто одма како секакви имало и слично. Ама ако, повеќе драма за нас останатите со пуканките
Порано така не беше. Сега очите ќе ти ги извадат. Па и уште се вреѓаат што не се дели нивното мислење. Таман имаше едно, ќе дојде време кога нема да можеш да си се изјасниш, од тоа да не ги навредиш будалите.
^ Проблемот е што членовите се на некој начин и субјективни, па ако пише член/ка со која си го имаат муабетот одма тоа мислење чини, а објективното мислење не.
Јас уште не сфатив зошто во таа темата вчера збореше дека те напаѓале и тагнуваше модератор, а те цитираа баш во врска со дискусијата.Еве не сфаќам. Мелодрами, жртви, бог да чува сте.
Токму така и ако се нема аргумент веднаш се преминува во мерење на паметот. Мора да се префрли,да се навреди и понижи. Побуди го објективното мислење ама на фин начин а не со дрзок тон и со “Бре,бре” На што личи тоа однесување?
Па затоа веќе има и странски форуми каде културно се дискутира. Повеќето кога и да е, таму ќе заминат.
Да,не е поентата да им правиш ќеф на други да бегаш, туку поентата е да ги победиш. На крај секоја дискуција завршува со навреди,тоа е одлика за вас. Многу омраза владее овде.
Освен што благодарение на форумов најдов ретки но прекрасни членови со одлични мислења слични на моите, ништо друго не ми се допаѓа тука. Форумот е за дискусија и искажување на свое мислење, какво и да е тоа. Не може и не е нормално сите да се сложуваме но, не треба да се напаѓа тој што има поразлично мислење. Можеме да започнеме дискусија ама нема со кого, секој гледа да се нападне помеѓу себе. Оставаш мислење малку поразлично и реално, без да глумиш лудило само за да те поддржат некои членови, и како на војно поле си после. Како и да е, ионака веќе одамна се откажав да дискутирам со личности кои појма немаат од водење дискусија без притоа да навредиш некого.
Што ако личноста со која си го имаат муабетот стварно е во право,а другата личност тресе глупости? Зошто да е проблем? Тоа што Б се дружи со А на форум,не значи дека Б се сложува со А во секоја тема. И на форум и во реален живот дружењето не значи и согласување за сè.
Во реален живот не се вреѓаш, пак се дружиш, на форум да. И да тресе глупости која е потребата да се меша приватен живот,да се навреди и префрли? Објасни ми која е потребата да се правите препаметни во секоја тема?
Тебе будала никој не те нарече, што не е случај во твојот пост, кон оние што не го делат твоето мислење. Наврати се на твоите два поста што имаш напишано и размисли како афектираш некого со нив. Во ред, тогаш не членувај на форум, води си монолог и изјасни го твоето мислење без да очекуваш повратна соодветна реакција. Муабетот ми е, не си цвеќе за мирисање.
Ти само за сеир си тука,ништо повеќе. Не гледам одамна дал сум во право или не,нема потреба да се меша животот. Знаеш колку ниско паѓате со тоа, ептен до дното.