Па еве до прееска зборевме дека не треба да им се кажува на членовите кој каде да пишува и реплицира, сега ти сакаш да ограничиш што да пишуваат?Контрадикторно е. На форумов е поентата - дискусија, не проповедање нечиј став и политичка коректност. Кој не сака да биде цитиран или да чита поконтроверзни/различни мислења нека пишува во што јадевте денес и готово. Едните плачат зошто некој им реплицирал, другите зошто некој напишал став што нив не им се свиѓа.Океј.
Нема врска дали ставот ми се допаѓа или не. Има врска некому да кажеш дека нема поента неговиот живот. Тоа во ни една тема, никаде, не е ок.
Па добро, мислам дека никому не сум се обратила така, дури и кога мене ми се обраќале. Ако се сеќаваш на таков настан, секогаш можеш да ми посочиш.
Ама едно е директно да му посочиш на некого, друго е да го изнесеш како свое гледиште. Првото е лична навреда, второво не. Во многу работи што се пишуваат тука можеш да се пронајдеш и да се навредиш или да те погоди нешто.Тогаш подобро сите само слики да постираме и толку.
Секако. Не гледам во ни' една ситуација, во ни' една дискусија, како би било соодветно мислење дека било чиј живот нема смисла.
Па никој не и забранува да дискутира и реплицирав на мислењето и таа веднаш почна да тагнува модератори и да пишува мислења да не ја цитираат. Просто е несакаш да те цитираат не пишувај, а штом си пишал секој може да те цитира.
Не ми се допаѓаат многу работи. Први ќе ги ставам сезнајковците кои секаде пишат без потреба. Дали е за поголем број мислења или за да бидат интересни не знам. Ама има такви членови, секаде пишуваат и мислењата се полни со сарказам, ај сарказам не е толку лошо, ама упатување навреди, омаловажување на други и понижување со кое мислат дека тие ќе се издигнат.. ме нервира. Друга работа е пак тоа што одредени членови се многу некултурни. Секаков речник се употребува. И јас сум употребила некогаш погрдни зборови, можеби некаде во нервоза и бес сум искажала нешто негативно, ама некои претеруваат секојдневно. Ме нервираат и такви кои буквално ги студираат другите членови, копаат по мислења и тоа им го удираат од нос во сосема други теми на сосема различни дискусии, демек еве видете со кој си имате работа, еве овој член вака имаше пишано пред 100 години. Пример јас сум пишувала во темите за религија се и сешто, сега имам променет став, навистина. Но не се дрзнувам да пишам ништо во тие теми од искуство дека знам што мислења ќе следуваат, ќе ми се цитираат стари и сл. во темите за Љубов и Брак исто немам намера да пишувам. Не е дека премногу лично си ги сфаќам упатените мислења и омаловажувања кои ги собрав. Разбирам форум, сѐ треба да очекуваме и да почитуваме сечие мислење, но реално многу од тие кои ми солеа памет и ми се напнаа не го направија тоа добронамерно или заради тоа што се многу попаметни од мене. Голем дел од животот го споделив тука, но не целиот. И затоа мислам дека нивните мислења не треба премногу сериозно да ги сфатам. Имаше и мислења од неколку членки со кои се дружам овде, и тие на некој начин ме нападнаа, но нема врска. Тоа ви е доказ за непостоење на споменатиот проблем дека има групирање на членови тука. Апсолутно нема такво нешто. Никој нема да пишува нешто што не го мисли за да чува туѓ грб. Исто така ме загрижува идентитетот кој веќе долго време ми е на работ да биде откриен. Моја вина. Затоа веќе нема да пишувам ни во темите за секс ниту за други лични теми. На неколку членки им го знам идентитетот бидејќи го споделиле со мене самите, а случајно го дознав и на неколку други , дел од слики што ги поставиле тука, дел од мислења пишани овде и повторени на други места. Тоа небитно. Ниту планирам да разоткривам луѓе, ниту да наштетувам. Но дека мене може да ми биде нанесена штета, може голема бидејќи премногу имам споделено, многу лесно животот може да ми биде загорчен. Затоа прекинувам со пишување на темите кои ги набројав. А ако форумов почувствувам дека ептен забегал воопшто нема да пишувам. Ќе се регистрирам на другиве и ќе биде поинаку. Жал ми е што Фемина вака стана катастрофа беше навистина најпосетуван форум, и беше најдобар, ама сега полека пропаѓа. Заради вакви работи, бан удрен за ситници, а пак другиве активни членови кои насекаде трескаат и навредуваат толерирани бидејќи пишуваат по многу мислења. Наместо да биде форум, заедница за сите, слободно место на кое сме анонимни да се искажеме, ние сили одмеруваме во секоја тема. Треба да оладиме, анонимни сме, баш ми е гајле ако Петранка од Фемина делува многу паметна, поим немам која е. Или ако Трајанка звучи како трол, дали е вистина? Кој му е гајле? Јасно ми е дека различни карактери се во прашање, секој си прави како мисли, но ако беа правилата построги ќе беше попријатно за сите. Е сега на форумот тоа не му одговара бидејќи строги правила=помалку мислења. Џабе милиони мислења ако се полнат темите со расправии, навреди и глупости. ЕДИТ: Знам дека апелираат модераторите, опоменуваат да не се навредува, омаловажува и да нема кавги овде. Но искрено како Венко Филипче сте со тие апели, никој не ве слуша, ниту ве перцепира.
Најглупо ми е ко ќе немаат што да кажат и ќе почнат Тебе дома те нејќат ,или дома нема на кого па си дошла на форум.... Извини вака ти од кај знајш јас дома што правам и кого имам !? Затоа напуштам дискусија кога ќе видам дека кон навреди се стреми нит сакам да врежан ни да ме вреѓаат...
Оти тогаш наместо да речеш не измислувај за Камелија, лајкуваше мислења? Или кога е за друг баш те заболе?
Ова е ок мислење? "Ваквите како мене"? Или ок е ако ти одговара наративот? Ама кога за тебе е, тогаш не е ок? Не е ок никогаш. Ама, пред да дојдеш да се жалиш дека за тебе е нешто кажано, ад хоминем некоја глупост, прво преиспитај си ги сопствените постапки. И да, не е твој коментар, ама го имаш лајкнато, што буквално значи дека се согласуваш. Се согласуваш дека знаеш за мене колку сум емпатична, како возам и дали нелегално сум добила вакцина? Оти и тоа го имаш лајкнато. Ако не знаеш, и ако сметаш дека не се во ред претпоставки, зошто си лајкнала? А ако сметаш дека е во ред - немаш право да се жалиш кога ти си "жртвата" на претпоставките.
Лајкнато е заради "ко од уста да ти земаат тебе" ,и истото и јас негде ти го напишав , и за "сега е критично,сега има потреба" Требало ли да ги цитирам овие и да речам браво и кажа арно !? Која логика бе од ми се допаѓа ,значи сум се согласувала буквално. Ај од сега кога се однесува на тебе ќе цитирам и ќе велам браво за ова лошо за она. Чисто да знаеш што сум лајкнала.