Пријава не е автоматски опомена/ бан. Гледаат модераторите и реагираат ако има потреба. А, не секогаш има потреба. Некогаш ќе те изнервира некој и ќе пријавиш, а уствари нема основа за пријава. Кај шо мислиш дека треба - пријави, па после тие ќе преземат.
Да се сменат модераторите, не знаат да познаат навреда, сарказам … бришат мислења како им одговара на нив…
Тоа што некои членови упорно користат латиница, иако е наведено во правилата дека треба да се пишува на кирилица. Нема ниту некои опомени, ниту санкции.
Нема опомени и санкции затоа што сега на оваа платформа нема опција за конвертирање од латиница во кирилица. Порано имаше, затоа и така е..не може да те санкционираат за нешто што не можат да ти го понудат како опција
Тоа не е оправдување бидејќи секој е во можност да користи кирилица во денешно време, без разлика на уредот што се користи.
Па не е..порано јас имав службен лаптоп каде што не ми беше дозволено да инсталирам МК фонт.. а не беше ни виндоус.. Така да има некои случаи кога некој не може..
Претпоставувам со напредокот на компјутерите веќе сигурно е секаде возможно. И да не е, да бидеме искрени има решение како телефон, таблет.
Да де... Чим мисли дека е проблем, нека пријавува. Модераторите ќе одлучат дали треба да се преземе нешто, или не. То оти не сакат да платат 50 долари за нова платформа. Многу работа им се гледа. 20 години е стара платформава
Треба да почекаш најмалку 8 секунди за да го извршиш ова дејствие. Е како да бидеме ефикасни во пријавување?
Ама повеќе е така... На нивните блиски не им бришат мислења и овие можат да пишуваат што сакаат. Исто како и политиката во оваа вукојебина
Се пријавува кога се прекршуваат правила, не некој мене ако ми смета да го пријавам... За тоа има игнорирање. И да смета на цел форум, ако не прекршува правило, зошто би го банирале? Членка сега брзо ми пишуваше без врска пораки, ама знаев дека нема да ја банираат оти во темите не трола како што тролаше во пораки. И така.
Не знам за кој станува збор искрено. Саркастична бев. Нека пријави, ако и смета. Модераторите ќе одлучат.