Во последно време, летово да речиме, религиска пропаганда и обиди за врбување од страна на членови кои користат повеќе профили наизменично.
Темата што последно купивте, повеќе коментари од каде, цена, и слично одколку што можеме да видиме нешто, малце е заморно цела страна со коментари а слики никаде, сметам дека би било добро да пишуваме сите под сликите од каде и цена. Сепак само мое мислење
Зошто заморно? Се случува на повеќе членки да им се допадне нешто. Членките кажуваат од каде им се купени стварите и цената доколку некој/а ги праша.А,и членки кои виделе дека членката Х веќе ѝ одговорила на една членка,ѝ го цитираат мислењето кога и други членки прашуваат.Така не чекаат за одговор.
Тоа што има модератори што бришат мислења субјективно, рандом или па ако не им се допаѓа мислењето, кој ги знае по што се водат бидејки нема никакви правила. За жал, ретко останаа членови кои придонесуваат со конструктивни мислења, најверојатно како резултат на лошото одржување на форумов.
Се извртуваат реченици. На прсти се бројат членки кои коментираат со аргументи и познавање на одредена тема, и тоа се гледа и по речникот, начинот на кој се изразуваат. Кога некој нема аргументи на некоја тема, се почнува со обвинувања „ти мори, во таа и таа тема така си пишала“ (дури и да е така, за 10 години на форумот, работите се менуваат). Овде има и луѓе кои се соочиле со силувања, депресија, насилство од партнери, и што значи тоа дека она што го споделиле во една тема, треба да е аргумент за да некој ги нападне и замолчи во сосема друга тема. И коментирањето на анонимен форумот во никој случај не го доживувам како озборување.
@Mihajlo ај одврзи го ќесето. Време е. 10 години не ти е смената платформата. *Кузнај дали ќе прочита. Пренеси му @RainBow
Од аспект на бизнис, глупо е шо не ја сменат платформата. Кога има интерес и можност повеќе членови да има форумот, ако има апликација, не сфаќам што ги спречува да купат нова платформа?