Имаш опција за dark mode ако си најавен од Chrome. Преку chrome://flags/#enable-force-dark може да активираш.
Да ама така цел броусер се пореметува, и тие веб страни шо имаат дарк мод ги изместува скроз рандом бои и става во однос каков контраст ќе ставиш. Тоа прави само обратна боја, ако е бела ја праи црна, ако е црна ја праи бела и не е решение. Се знае дарк скин се става на саамата веб страна. И лани пишав баш за истово овој период пред новогодишно
Не е многу тешко да се креира темен изглед за форумов .... Отприлика 1 час работа макс. во позадина (just saying)... еве нешто набрзина за 10мин направено...
Како што имам напишано то направено набрзина за 10 мин колку за илустрација... Да си има скинови само некој треба да се ангажира малку и да ги постави... а и како што гледам и верзијава е многу стара. п.с Мене не ми се допаѓа тоа што фоумов е пренатрупан со безвезни и неактивни теми... ставете ги таму во "graveyard' сите таквите (ако нема никаква дискусија подолго од х време)
Епа ако не ти се допаѓа сврти се на лево и оди си.. И на нас не ни се допаѓа тоа што некој што дошол вчера сака да ги закопаме старите теми а некој како будала се мачел да ги одржува во ред, а други типкале реферати.. Само затоа што некој не пишува на некоја тема, не значи дека 50 други не ја читаат
Се имаш отепано ти од оджување.. се гледа .. само во "Општи дискусии" има 62 страни .. од кои 70% се без никакви одговори во последниве 5 - 6 години.. ај оди малку прошетај низ други форум да се научиш малку како се оджуваат теми и категории, далеку си од тоа мене да ми кажуваш како се одржува форум Позз и не ми реплицирај повеќе
Јас додека бев модератор си ги одржував моите теми. Ти толку да си одржувал и да си придонесувал за темите во овие 10 месеци како си тука, немало да ти има рамен.. Ама...сите се тука јаки на тастатура затоа ти реков - правец на другите форуми. Нема зошто да седиш таму каде што не ти е убаво
Јас не сум одамна модератор ниту имам намера некого со сила да држам, а бидејќи не сум веќе модератор не морам да ќутам на вакви глупости.. Толку е голем интернет просторот што ако на некого не му се свиѓа тука, може да оди на некој форум од Бангладеш..или на кајгана што толку ја форсира членот погоре... Зошто воопшто би седел некој таму кај што не му е убаво? Членот пишува само во 3 теми, ама има коментар за цел форум. А не придонел во ниедна тема за развој на истите подфоруми за кои вика дека се од господ утепани.. Знаеш што? Можеби да ги плаќаа модераторите ќе одвојуваа повеќе време за форумов а со тоа и поодржуван ќе беше. Арно ама сите тука се на доброволна основа и како и ти, така и они даваат се од себе. ОК ти даваш и повеќе од СЕ.. пошо си цел ден дома. Ама некои работат по 10 саати дневно и за форумов имаат саат - два време и тоа е тоа.. А мнозинството работат..не седат дома. Така да кои и да ги стават за модератори - исто е.
1. Научи што е форум, а што подфорум, потоа што е категорија во форум и што е тема, па потоа зборувај за одржување. 2. Јас никаде не форсирав некој друг форум едноставно дадов предлог и мое видување за тоа што не ми се допаѓа. 3. Никаде не напишав каде ми е убаво а каде не ми е. ... И што има јас тебе да ти се правдам дали, колку и каде сум пишувал и дали сум придонесол за нршто... Ако не пишувам не значи и дека не читам...
Па за тоа е темата секој да каже што не му се допаѓа. Може да се каже смирено зошто не се согласуваме со мислењето на членот, не мора одма сврти се на лево и оди си. Штом беше модератор а тоа мислење го имаш и ете сега можеш да го искажеш, претпоставуваме и другите модератори што мислат. Нека се избрише тогаш темата, нема никој да пишува што не му се допаѓа.