Пошто темата за форумот е затворена, доаѓам овде да го пофалам модераторот на категоријата. Сосем е на место што ме избришаа, беше оф топик и пред се ми испратија известување за да не лутам како мува без глава каде ми е мислењето. Браво до кој и да е модераторот, така се прави тоа искрено и треба сите да го практикуваат.
Mногу ми е смешно како сите давате предлози, а администаторот на форумов си се лади на некоја егзотична плажа со коктелче, бидејќи ништо суштински не се менува, во однос на изгледот на платформата, нејзиниот концепт, правилникот за комуникација итн. Ништо против форумот немам, стварно, сѐ ми е топ, само правам обсервација.
Не ми се допаѓа што дуплите профили не се банирани и што владее конформизам генерално, почитувам кога некој има свое мислење и став а тоа се поретко го забележувам на форумов.
Се чувствувам како инвизибл на форумов, никој не ми одговара на прашања, на чет исто никој рецка не удира.
Не сум често на форумов,но барем еднаш во денот знам да влезам и да си прочитам некое мислење.И порано го имав истото мислење,бидејќи одамна бев зачленувана под друго име ,во одреден период во минатото.Моето мислење еве гледам и до ден денес не е сменето,што одреден дел од форумџиите постојано сакаат да ја искажат наводно својата интелигенција и памет,како на пример што мислеше пред да го направиш тоа,епа сеа трпи вака онака.Никаде не гледам емпатија и помош.Или се занемаруваат мислењата,или со извинување се кења како јас сум попаметен од овој или оној.Многу уфураност,искомплексираност наместо некој вид подршка и помош.Исмејување исто така,како да ако си подолг период на форумов имаш право се да кажеш и да сериш по другите.Имаме тука и доста на кои навистина им треба помош,и оние кои не знаат како да ја покажат својата памет на соодветен начин ,па демек еве сега не е така вака е за собирање лајкови,мизерно.Поради тоа едно време се одјавив од форумов и по неколку години гледам ништо не се сменило.Жално, а има толку убави теми и фини форумџии кои не можат да дојдат до израз од некои.
-Едни исти теми со 100 различни наслови -Се бришат мислења без никакво известување или барем да кажеме причина -Приватен разговор е страшно спор
Се слагам, се бришат мислења без причина, а исто така стојат мислења што сметам дека не им е местото никаде на форумот. Друго, што не може целосно да се избришат мислењата со деактивација на профилот, т.е да се избриши акаунтот. Голем минус.
Тоа што се ставени одредени теми во скриеното ќоше. Не сме сите активни со ист интензитет да билдаме мислења. На пример јас почесто читам него што пишувам.
Тебе не ти се допаѓа, ама на некои не им се допаѓа сите да читаат. Ставени се таму за членките да се чувствуваат побезбедно.
Мене нешто не ми е јасно .Читам многу членки и тоа одредени ,инаку форумов го читам одамна ама сега брзо се зачленив ,се вреѓаат ,се препукуваат ,расправаат кога ќе се фатат за некоја членка сите здружени ја понижуваат ,користат безобразни зборови и не се банираат а некој ќе напише нешто оф топик и одма опомена за бан ,ама да тие се форумски идоли ,банираат само нови членови изгледа ,и ако не се сложуваат со некое мислење одма рипаат и вреѓаат користејќи безобразни зборови .Толку правила како на форумов нигде нема ,да неможеш мислење да избришеш мислиш работиш на некој важен проект ,па и профилот прочитав неможе да се избрише и да те банираат профилот си стоел .Или па членките што вреѓаат се знаат со моделаторите или па самите моделатори се .Да неможеш да се искажеш ,па зошто тогаш постои форумов ?Има разни теми некоја ќе си пише мака одма рипаат и вреѓаат ,како кој знае што да си им направил ,и тоа на осетливи теми ,избришете ги темите штом така неможе ни проблем да се напише и многу ми е гајле ако ме банираат ,јас никого не навредив ,читајте што пишуваат вашите форумски идоли што користат зборови со полови органи да навредат некоја членка ,срамота ,жени со деца такви зборови да користат .Јас се зачленив ете некогаш да се издувам ама неее ова е судница. Судат некои што им е бетер хаос во животот .