Ќе се самоцитирам, не ми се допаѓа што ги штитите толку форумските идоли, се обраќаат со безобразни зборови и не им ги бришете мислењата, а некој ако не се согласи со нечие мислење и си контра ги бришете мислењата. Што ви се форумските идоли, ваши ли луѓе се па ги штитите?
Проблемот е што ти ги перцепираш нив како нешто важно да се. И мене ми се случило и реално на секоја втора. Поентата е ако не им се бендиса ставот, да те избркаат од овде. Ама јас намерно не бегам и така.
Не бегам ни јас, ама банираат, опомени ако е оф топик мислењето, а идоливе што користат вреѓања со безобразни зборови никому ништо.
Пушти си го мозокот на пасе**. Ич да не се замараш. Користи ја опцијата игнор. Или скролај ги нивните мислења. Јас така правам.
Кај мене вака оди, ако видам дека XX личност ми цитирала мислење, не ни го отворам известувањето. Одма знам, спремна е за фајт. Па ова ти е некој еквивалент left on seen.
А, да не го сфаќате толку сериозно форумов? Освен кога стварно се работи за тешка навреда, онлајн булинг или вознемирување. Можеби и вие навредувате, но не сфаќате или така ви чини.
А ти ги пријавуваш мислењата да ги избришат? Џабе губиш време да се разбереш, има тука тешки случаи и ги храниш со внимание. Јас на игнор лупнав неколку од што пиштат-вриштат по теми цело време без причина. Од никаква корист не ми се нив да ги читам. На крај, можеш и во полиција да пријавиш кибер насилство ако си вознемирувана.
Лично јас не сум била навредувана со такви зборови ама читам какви безобразни зборови се употребуваат кон други членки, и тоа се истите форумските идоли ако не се согласат со мислењето на членката, ама и на игнор стигнува известување, треба да постои опција блок како на фб. Ги бришат мислењата само на новите членки ако им ја кажат вистината на тие таканаречени идоли, а тие што употребуваат безобразни зборови никому ништо. Си пишав што ми смета не дека ова го сфатив како кој знае што, како кој знае што да е форумов, ама човек неможе ни проблем да си пише ни ништо зошто хиените вреѓаат, се едни исти членки.
Не знам зошто е така кај тебе, мене не ми доаѓаат известувања од игнорирани, само малку ми се конфузни темите зашто овие се многу активни, секаде се мешаат и не можам да следам тек на дискусија. Кај булис, згора на тоа муабетчики.
@Pa8la а зошо не ги стаиш на игнор ама реален игнор, уопште да не ги перцепираш, пишале или не, само скролни надоле, одмини ако не те интересира и готово, нека вреѓаат колку сакаат, тоа за нив кажува какви бедни луѓе се. Многумина обожаваат да провоцираат, се хранат со тоа, убаво им е, ќејфои се, а ако не им се дава на важност и значење се нервираат у себе, немаш појма колку. Така да, штом не ти одговара, лошо ти влијае и не сакаш да се потресуваш ради нив - игнор или пак сврти на шала и заебавај ги. Ама најдобро по се е изглеа игнорот златен. Они не можат да се сменат, и самите незадоволни си се и исфрустрирани па кога друг покушаваат да го спуштат ниско, не се свесни дека они паѓаат надоле до дното ама ај, разбери ги, греота се.
Да во сите теми мора да ги има, манџа без запршка не оди. Не никого немам игнорирани јас ама прочитав некоја членка пишала за тоа дега и некој да е на игнор пак стигало известување. Немам потреба никого да игнорирам, ако дојде до тоа најубаво е да не се уклучувам на форумов, и тоа што не се може профил да се избрише мислиш форумов е нешто сериозно. И онака читав само не бев зачленета, кај се зачленив незнам.
Порано не беше ваков форумов, да се бара влакно во јајце. Иде член, пишува во тема за Семејно насилство и наместо соодветен совет, тој напади добива. Го направија мортус пијаница човекот. И на други членови, наместо совет, ќе се фатат за една реченица и ќе ја извртат цела поента, па ќе почнат психолошки анализи да му прават и да си пишуваат само свои без врска претпоставки некои, да му припишуваат измислени карактеристики и работи што си немаат врска. И така, ќе научи човек да не се замара со секакви ликови, приметува ама нема потреба да реагира.
Или ако каже пример од негови блиски, одма ама ти вака ама тиии така, ќе направат дека за себе кажал, а на нив како рози да им цветаат дома, како сите да имаат среден живот, како ништо да не им фали, тука сите се кралици, неможат дома да се истакнат па на форум. Да читав во таа темата што го направија пијан, па одма сите почнаа мене мажот вака да ми прави развод, аха да сигурно, може на нив бетер им е дома, затоа кафанине полни со такви мажишта се, што сакаат нека прават ама нека не летаат во облаци, да не одам оф. Не бе какво потресување не се вредни за тоа ама мразам неправди стварно некои претеруваат и одат во крајности. Се гледа која култура ја имаат и колку се иссфустрирани со самите себе и мислат сите се такви.
Не ми се допаѓа тоа што мора се во еден пост, па да сме ја користеле опцијата редактирај. А времето за редактирање е 30 минути, додека рециплирам на едно мислење, или пишувам свое времето поминало, значи јас треба се да исчистам неколку страни наназад, па се да си пишам во еден пост. Смајли што се крсти. Исто и за бришење на мислење времето е 30 мин., ова само тука го има. Форумов е бетер и од судница, повеќе правила има тука, ама тие правила не важат за секого, едно од правилата е да се пишува кирилица, ама изгледа тоа правило не важи за сите, друго правило е да нема навредување, а тука и тоа како има, се банираат членки што се оф топик од темата, а оние кои навредуваат и употребуваат вулгарни зборови не се банираат.
Баш, јас во една тема и клетви видов пишуваат. А инаку за сочниот речник се согласувам. Ај да биди еден збор некогаш, ама какви изрази се користат. Не го заборавај вадењето од контекст на нечие мислење, или ти интерпретира што си кажала, намерно за да си собери група за хиенски напад. Абе, игнор и чао.
Неколку пати ти објаснував дека треба да ставиш сѐ во еден пост, па на крај да кликнеш на испрати. Замисли, како тебе, сите членови само испраќаат мислења едно по друго на секоја минута и читаш три страници постови од еден член. Затоа и постои тоа правило, за да е прегледно, а не да отвориш тема и читаш и читаш и читаш и сите постови еден по друг на минута растојание од Anyshka. Не е некоја наука да кликнеш на одговори, да напишеш реплика, се вратиш до другиот пост, пак кликнеш на одговори и кога ќе завршиш кликаш на испрати. Наместо на секое да кликаш на Испрати, па пак испрати, па пак испрати и така сто пати.
Па и јас кога читам рециплирање на разни мислења исто ми е, се од еден член читам мислења кога рециплираат. Ама има и многу членки што не ставаат во еден пост, ама ајде, ќе се правиме слепи. Постои правило и да се пишува кирилица, па не го применуваат тоа сите. Постои правило и да не се навредуваат членовите меѓусебно, па се навредуваат. И за да е прегледно треба да се ставаат интерпункциски знаци, на некои членки неможеш да им разбереш што сакаат. Да, ќе се навраќам 100-ци страни наназад.
Не се правиме слепи, цело време опоменуваме и објаснуваме по пораки, ама еве како тебе, пак исто се тера. Па само спојуваме и најкрајна опција, некој како тебе кога ќе наполни цела страница со постови може да се случи да избришеме. Иако е тоа реткост, обично гледаме д а се разбереме по пораки како треба да се испраќаат постови. Се случува во брзање, од мобилен, да се испратат еден по друг два поста, ама не да е цело време и по десет поста.
Некаде претходно спомнав; не ми се допаѓа тоа што во темите “На срце ми лежи“, “Сакам да кажам“ и сл., се дозволуваат цитирања, па понатаму и цели дискусии. Тие теми се предвидени за секој да си каже што му лежи, нема потреба од цитирања и реплики. Има многу членови кои реплицираат беспотребно колку да пополнат време, отворам тема за најобично нешто и во неа се закарале тројца и наполниле 10 страници off-topic.