1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали нешто не ви се допаѓа на форумот?

Дискусија во 'За форумот' започната од solnakiselina, 11 октомври 2013.

  1. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.801
    Допаѓања:
    80.549
    Пол:
    Женски
    Направи си нов. Овој мислам дека може да ти биде избришан ако администраторот одлучи да го избрише. Пријави го и наведи ја причината.
     
  2. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.822
    Допаѓања:
    101.104
    Пол:
    Женски
    Драга @JollyGirl мислам дека неколку пати имам прочитано твое мислење,конкретно за темава,полно со предрасуди,па сакам да си кажам она што мене лично ме "потресе" :lol: во врска со твојот пост.
    "Во последно време форумов е премногу пасивен станат.
    Само две теми се најактивни... мајчински муабети и таа за околу и + 40 ...."
    Свесни сте дека секоја тема (за рецепти, за облека, за деца) ви е се попасивни, пошто луѓево си пишуваат во темата за околу и преку 40? Свесни сте дека "форумов" стана САМО една тема?''

    Дали е најактивна,не знам би рекла дека има феминки кои си нашле заеднички јазик,па можат да разговараат,впрочем темата е и во категоријата кафе муабети, нели?Точно е дека се вртат по сто теми,ама на ниедна не се развива дискусија,на пример тема филмови па прераскажување на содржина.До толку се уште не сме забегале.
    "Форум е да можеш да размениш мислење, да можеш да прашаш ако те интересира нешто, да можеш да се пожалиш и совет да добиеш од повеќе анонимни луѓе, да има повеќе спротиставени мислења па дискусија да се развие."
    Ова е твое мислење,е сега што се наоѓа се тоа во една тема е друга работа.Плус што во темава има жени со искуство кои ќе ти дадат совет,а кој ти како помлада нели не би знаела или не би имала трпение.
    "...на форум НЕ МОЖЕШ со сите да се сложуваш и со сите да си пријател..."
    Јас не се сложувам со сите а не гледам причина зошто би била непријател со тие со кои не се сложувам.Треба да ги мразам???
    "И на форумот кајгана имаше една таква тема (многу одамна) ама ја избришаа пошто беше хаос, баш како што е во таа тема. "
    Дали знаеш зошто конкретно ја затворија таа тема?Зашто се плукаше и навредуваше без причина,се вмешаа и партиски членови...
    "Форумов порано беше за млади девојки, а сега дефинитивно не е тоа. "
    Јас не видов ограничување за години,кај пишува на која возраст треба да бидат конкретно феминките?Нели е тоа еден вид на дискриминација и ограниченост во размислувањето.Еден јавен форум не може да биде ограничен освем во добро познатите подточки.
    "Треба да се задржат младите членови и плус да се привлечат нови млади личности, што имаат разни идеи и мислења, па да се развиваат квалитетни дискусии, а не да "врие" со мајки и разведени родители на кои што им е досадно па секоја минута ја опишуваат на форумов како да им е личен дневник."
    Точно за ова се сложувам,и јас сакам да читам квалитетни мислења од феминки а да не бидат во стилот,еве си пијам кафе и си уживкам.Сакам да читам квалитетни дискусии ама нема.Дали темата е виновна за тоа или има недостаток на личности кои се спремни да развиваат дискусија.А искрено и за жал од новите членови не сум сретнала некој да ми привлече внимание со квалитетен пост.Тоа кажува нешто зарем не?Од причина што нема такви,непознат им е форумов, или што некој не сака да си го губи времето на виртуелни дискусии ,тоа е некое друго ниво..Ако сакаш квалитетна дискусија ,обиди се ти,лично и персонално, да ја наметнеш.Ако си добар оратор/наратор ќе привлечеш внимание за дискусија,и јас тогаш ќе си кажам еј девојчево е супер како само размислува.Може и ќе ме навлечеш да дебатирам на тема.Муабетот ми е не очекувајте некој друг да ви го осветли патот ако сакате вие да одите, бидете вие светлото.
    А мајките и разведените родители се сепак луѓе,што ако ти кога се омажиш а си се уште на форумов,или кога ќе станеш мајка ќе се зачлениш на друг форум само за да прочиташ нешто за бебето,зашто нема кој да те поучи,или слушаш различни мислења а не знаеш што е најдоброто за тебе...
    ''На фемина упорно си седи темата и ако не е таа, тогаш 60% од членовите таму што се активни ќе имаат 0 мислења, пошто секое мислење им е во таа тема (facepalm) ако се избрише темата ќе немаат ниедно мислење.."
    Мислењата во темава не се бројат.
    "Форум НЕ Е место за допишување, форум НЕ Е место за да пишуваш на секои 30 мин што ти се случило, форум НЕ Е фејсбук,"
    За ова се сложувам... е тука треба некој да не престрои и да не опомене.
    И за крај,слични теми има и на други форуми,па опстојуваат без да го загрозат форумот како целина.
     
    На Annath, azelea, IronLady и 21 други им се допаѓа ова.
  3. biGirl

    biGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.118
    Допаѓања:
    2.918
    Пол:
    Женски
    Hahahhaa samo jas ja nemam otvoreno temana + i okolu 40? Hahaha :D
     
  4. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    18.438
    Допаѓања:
    120.697
    Пол:
    Женски
    @lunicka значи според последново што го напиша @JollyGirl и во другите теми само по еднаш имаме право на пишување?? Дадеш совет и чао пријатно?
     
    На Sesil, MilaP, Tajnaotrovna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.822
    Допаѓања:
    101.104
    Пол:
    Женски
    Не, туку некoгaш бaш се чaтувa нa темaтa...дa не мешaме сегa сoвет ,пoст и бoш муaбет...
     
    Последна измена: 10 октомври 2016
    На evangelina.ina и LivingGlam им се допаѓа ова.
  6. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.999
    Абе ако сакате сложете се ако не не мора, ама темата +40 направи каша попара и некако од неа почнаа да изумираат квалитетните мислења од форумот. Немам јас ништо против оф топик муабети од кои произлегуваат другарства и многу ми мило што дел од вас преку таа тема стекнале нови познанства, ама погледнете подалку од тоа и од вашата лична близина со оние што пишуваат таму и ке сфатите дека се само едни бош муабети кои што можат да се пренесат во соодветна тема.
    Одамна сум овде ама не сум толку активна веќе што не значи дека не читам редовно. Порано СДК беше навидум слична тема но некако таму можеше многу повеќе да прочиташ. Секое утро се расонував и пиев кафе со сдк а не можам истото да го кажам за +40. Тоа не значи дека ми сметаат постарите, баш напротив сметам дека они го одржуваат ова место и имаат многу што да кажат само содржински да го прошират тоа мислење и да се најде во соодветна тема па да предизвика дискусија, е тоа веќе е форум. Порано имаше озбилни дискусии овде што и да не се согласуваш со дел од нив ти беше мерак да ги читаш, ова сега е еден огромен бош муабет според мене и се почесто само ја скролам таа тема и не ни отварам. Не мислам дека треба да се брише, кога веќе толку им се допаѓа на голем дел од членовите нека стои, ама делумно предизвика да се намали квалитетот на мислењата и да се намалат дискусиите по други теми за кое што ми е многу криво. Сега се се сведе на едната иста тема, исти ликови со секојдневни муабети од типот, сварив кафе, наравив колач, детето го испратив у школо итн. Може е интересно да си читате меѓу себе кога веќе се познавате ама ние останатите не го делиме тоа мислење.
    За темите околу мајки, деца подобро да не почнувам, зашто имам толку многу да кажам и озбилно очекувам дека повеќето ќе се пронајдат навредени. Ама во друга прилика...
     
    На BoaVista, Mishela, theowndemon и 9 други им се допаѓа ова.
  7. Ketchup

    Ketchup

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.427
    Не ми се допаѓа тоа што има само еден модератор, а админите доаѓаат само за форумџика на годината. Мислам доколку се зголеми бројот на модератори форумов, конечно ќе се намали бројот на тролови кои имаат по 10 акаунти овде. Во темата -/+ 40 не читам, во ФМЌ баш пред некој ден отворив и одма наидов на мислење кое не припаѓа таму, а има соодветна тема каде што би можело да биде напишано. За овие две теми да не бидат распашана команда, треба повеќе модератори.
     
    На crimson, Viktorijaaa5, theowndemon и 13 други им се допаѓа ова.
  8. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.365
    Допаѓања:
    41.696
    Немам ништо против темите како ФМЌ, Мајчински муабети и +/- 40, затоа што ги сфаќам како чет соби, за лаф муабет или пак дневник...

    Ама сепак, многу од членовите во истиве овие теми вртат муабети за кои си има соодветна тема, па дури и сами си даваат теми на муабет, со што се губи смислата на форумов како место за размена на мислења и дебата, и станува мирц...

    Да имаме модератори кои ќе ги предупредуваат членовите, немаше до ова да дојде...
    Треба само да се запази дека тоа се чет теми за лаф муабети, а секое останато мислење да си се пишува во соодветната тема, и се ќе биде во ред.


    И друго, баш поради немањето модератори, многу си дозволуваат мешање баби и жаби, и одење надвор од темата, па и да им воочиш, дрско ти одговараат дека не си модератор.
     
    На Bender Rodriguez, theowndemon, cresa-jagoda и 3 други им се допаѓа ова.
  9. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.119
    Допаѓања:
    163.765
    Пол:
    Женски
    Потполно се согласувам за темата +/-40 со @JollyGirl и @manja666. Всушност моето мислење за темата е одамна тоа што го има пишано Џоли, ама не сум нашла за соодветно да пишувам, а и таа си е доста подиректна и похрабра од мене :D
    Ништо не ве навреди Џоли, само реална беше. Мене муабетите во таа тема ми се многу далечни, и освен неколку месеци на почетокот што ја читав од страна - одамна веќе не ја ни отварам откако таму ги нема Теси, Озбилнажена, Серафима... Понекогаш само разгледувам во мислења на некои членки што ги почитувам од таму (оние што ги тагнувам редовно во СП) да знам дали ми се добри и ако има нешто за честитање.
    Ама и мене ми е криво што некои (квалитетни) членки што сепак сè уште се активни - активни се исклучиво таму, и ми фалат нивните мислења во сдк.
    Мое субјективно мислење е дека во младинското ќоше има многу поквалитетни постови и помалку четување, и се надевам дека и понатаму ќе си остане таа тема вака под контрола, со мали исклучоци.

    Инаку дефинитивно се потребни нови модератори што ќе направат повеќе да се почитуваат пак правилата, уште повеќе во темите за сериозна дискусија, премногу толеранција се има во последно време кон одредени членови...
     
    Последна измена: 10 октомври 2016
    На elimkd, Sky-butterfly, manja666 и 11 други им се допаѓа ова.
  10. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    16.158
    Допаѓања:
    178.050
    Стварно мислите ека ако се укине+-40 ке ви живне повеке форумов и ке имате квалитетни мислења по другите теми ?
     
    На Annath, ph.orhideja, evangelina.ina и 7 други им се допаѓа ова.
  11. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.006
    Пол:
    Женски
    Јас +/- 40 на почетокот почнав да ја читам, ми се чини никогаш немам пишано таму, зашто некако и не се вклопувам во муабетите :) После почнав и да не ја читам, зашто многу брзо се испишуваа страниците, па и да се пуштев, воопшто немаше да бидам во тек со темата на муабет (освен ако не седнев да исчитам 20тина страници). Не ми пречи темата, само што мене дружбата во ќошето ми е подобра, некако и повеќе се пронаоѓам таму.
    Она што да речеме почна да ми пречи (а следствено на муабетот за друштвените теми) е тоа колку многу се подели форумов. Некогаш во одредени теми имам чувство дека сум на различен форум. Почнав да среќавам членови кои по сè изгледа се доста активни (па и актуелни ако може така да се рече), а јас прв пат ги гледам :?: Претходно на пример, горе-долу ги знаев поактивните членови, без разлика на возраста, полот, брачниот статус и слично. Затоа што иако не пишувам во темите за брак и деца, тие членови ги знаев зашто често ги среќавав по другите дискусии каде наоѓавме нешто заедничко. Сега одвреме навреме ќе ми текне на некоја членка што одамна ја немам сретнато и таман ќе помислам дека веќе не пишува, ќе најдам еден куп нови мислења во нејзиниот профил, кои јас не сум ги ни видела... Дали таквите дискусии сега се префрлија во +/- 40 стварно не знам. А ако е така, можеби тоа е причината за ваквата ситуација на форумов. Што секако, може да се среди, без да се укине друштвеното катче на „повозрасните“ :wasntme:
     
    На BoaVista, x.Daisy.x, manja666 и 13 други им се допаѓа ова.
  12. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.226
    Допаѓања:
    67.733
    Пол:
    Женски
    Ајде да не се претерува со навреди, со тоа ништо не се постигнува. Јасен е проблемот, веќе кажав и во темата дека најголем проблем е недостатокот на модератори. Ќе гледаме да најдеме решение и да се активираат и другите теми и да се зголеми бројот на нови теми. Исто и поделеноста е ептен евидентна. И мене ми фали некоја вжештена дискусија. :) Смирете ја топката само, ако имате лични проблеми со друг член решете ги по лп.
     
    На Bender Rodriguez, kjukli, Ketchup и 5 други им се допаѓа ова.
  13. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.391
    Пол:
    Женски
    Ако ти фала вжештена дискусја, врати ни ги ЖЕШКИТЕ мислењата :D
    Остави не да се испукаме, да си ги покажеме плитките умови и да покажеме колку сме мизерни :!:
    Барем некое време нека постојат таквите мислења, нека видат повеќето членови со какви личности виртуелно "се дружат"...

    п.с.
    И ова што го пишав не е навреда за @lunicka дека единствено нејзиното мислење го почитувам. Беше против моето мислење и на фин и културен начин ми врати. Без лични навреди за мене.
    Се покажа дека е дама со стил и во пишување и во размислување, и останатите треба да гледаат од неа како да се понашаат. Баш ми е мерак и ќеф со такви личности да разменувам мислење...
    Плус и од @galapce пример треба да земат, која што прва ме тагна и ми покажа дека ме оговараат зад грб. Фала уште еднаш Галапче :hug:
     
    На galapce, cresa-jagoda, Gosh и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.948
    Допаѓања:
    327.117
    Пол:
    Женски
    Ako se ukine taa ke se ukine i mladinskoto kose
    Vsusnost toa e isti ..pip... samo razlicna dimenzija
     
    На referentka, Tajnaotrovna, ph.orhideja и 6 други им се допаѓа ова.
  15. Kukla994

    Kukla994 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    4.682
    Допаѓања:
    46.944
    ^ Vo kjoseto nema luge za diskusija a ne pa za karanica :rofl:
     
    На Спасееееее, shz, Ane-Goki1 и 9 други им се допаѓа ова.
  16. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.948
    Допаѓања:
    327.117
    Пол:
    Женски
    Epa od kaj togas 400 strani ispisani :P
     
    На Dust му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Kukla994

    Kukla994 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    4.682
    Допаѓања:
    46.944
    ^Aj citaj da vidis deka se so po dva zbora site mislenja :rofl:
    Cinis cat e xD


    Edit: I cestenki ima mnogu bez povod...slikiiii da ti vidi oko :D
     
    На Спасееееее и Mr. Right им се допаѓа ова.
  18. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    2.004
    Допаѓања:
    10.335
    Најлесен начин да се среди ситуацијата е да се ангажираат нови модератори, како што и спомна до сега некој. Мислам дека премногу време форумот стагнира по тоа прашање и иако конкретно Реин знае како дише форумот не може ефективно да разработи се. Модераторството, особено не на волкав форум со толку многу членови е апсурдно да се остави на еден човек, па колку сака нека е кадарен и способен.
    Многу дискусии што се начнале во некоја тема отишле во ветер и магла наместо да се раздвојат во нова тема во случај кога би постоела модераторска постава. Ова особено важи за двете катчиња, ни едните ни другите не пишуваат само општи неврзани муабети, напротив од она што успевам да фатам, секој ден се начнуваат по неколку теми што би можеле да наидат на интерес и од луѓе што немаат време/желба да ги следат тие теми. Конкретно за мене ќе кажам, за форумот во моментов немам толку време, а кога ќе го отворам и ретко имам можност да следам експлозивно полнење на страници во било какво катче. Сигурно од време на време имам можност да напишам по нешто, но немам воља да лутам по теми ако сум целосно искрена. Уште поискрено, понекогаш не се пронаоѓам во ниедно катче, понекогаш имам што да пишам и во двете, но најлесно ми е да прескокнам. Доколку би бил поактивен форумот во сите подфоруми, можеби од време на време и би се приклучила во некоја дискусија за која нема да ми е потебно цел ден читање мислења за да знам за што се расправа.На ваков начин би имало и придонес кон дискусијата и од не толку активните членови.
    Поделбата на членовите мене искрено не ми пречи многу, нормално е да си се групираат луѓето по одредени карактеристики, но мислам дека помалку приметлива би била таа сегрегација доколку има членовите на што друго да се фокусираат и да си го најдат својот интерес низ темите.

    И за крај, неспорно е дека самите членови го градат форумот, но по мое лично искуство и од други форуми во минатото, без добра и одговорна модераторска постава форумот си зазема свој „природен тек“ кој ете вака стигнува до одредена точка на вриење што на мнозинството не му е по ќеф. Не може да се бара само од членовите да придонесуваат кон нови дискусии, таквото напаѓање и дофрлање не е продуктивно, соработката треба да е обострана.Членовите се тука за самата идеја - форум, модераторите треба да поработат на задоволството на мнозинството и воведувањето ред.
    Па така сите, млади, стари, недефинирани, студенти, домаќинки, разведени, болни, напатени, религиозни фанатици и сл. мислам дека би имале и што да кажат и со кого да споделат.
     
    Последна измена: 10 октомври 2016
    На Annath, referentka, Bender Rodriguez и 12 други им се допаѓа ова.
  19. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    18.438
    Допаѓања:
    120.697
    Пол:
    Женски
    Добро бре толку ли ви боде во очи трмата +/- 40?? @JollyGirl што толку ти смета па толку не нападна сите? Ти сметаме? Не не читај. Лесно е.
     
    На Petra777, Tajnaotrovna, Viktorijaaa5 и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Ketchup

    Ketchup

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.427
    @nena2010, не е фората само таа тема, туку сите оние во кои се забегува од контекст. Јас барем така ја сфатив Џоли, темата -/+ 40 и беше само ко за пример земена.
     
    На cresa-jagoda, elimkd, BoaVista и 7 други им се допаѓа ова.