Дали нешто не ви се допаѓа на форумот?

Дискусија во 'За форумот' започната од solnakiselina, 11 октомври 2013.

  1. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    18.442
    Допаѓања:
    120.719
    Пол:
    Женски
    На сите форуми има такви теми. Аман веќе!!!
     
    На Petra777 и joy1 им се допаѓа ова.
  2. Ketchup

    Ketchup

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.427
    Кои форуми? Јас знам дека само Фемина и Кајгана функционираат активно, а на Кајгана такви теми нема.
     
    На cresa-jagoda, elimkd и JollyGirl им се допаѓа ова.
  3. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.119
    Допаѓања:
    163.765
    Пол:
    Женски
    Леле, уште ли за ова?
    Па девојката свое мислење и став си пиша во СДК, никого конкретно не нападна... баш во темата колку што видов сте почнале да ѝ го коментирате постот и затоа се разврза дискусија и се префрлија мислења тука.
    Па фала Богу и за младинското ќоше има еве по некој пост зафрканција погоре, па ние што пишуваме таму не се буниме и трескаме од земја.
    Што ја напраивте девојката заради едно реално мислење... разбирам дека се дружите веќе негде 2 години таму ама многу си сфаќате при срце кога ќе се спомне темата макар и најмалку во негативен контекст.
    @galapce само најреално изреагира од членките од таму што ги прочитав тука, не ме ни изненадува со нејзината мудрост и приземјеност. :bow:
    Ај chill out :d: :D
     
    На cresa-jagoda, theowndemon, Lella и 6 други им се допаѓа ова.
  4. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.800
    Допаѓања:
    173.176
    Пол:
    Женски
    Едноставно е..
    Ако таа се укине, тогаш форумов ќе остане без пола активни членови.
    Ќе има само од оние што поставуваат смешни прашања во темана дали сум трудна..

    Катчето беше кратко време затворено денес и виде што се случи? Сите изгубивме желба за коментирање се додека реин не го отвори пак..
    Се чувствува човек како да го бркаат од таму каде што сака да биде и го праќаат на друго место... епа на друго место најверојатно не сакаме!
     
    На Annath, Petra777, referentka и 9 други им се допаѓа ова.
  5. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    7.083
    Допаѓања:
    136.611
    Пол:
    Женски
    што се забегува Кеч? таа е тема без наслов кој за што си сака за тоа си збори без притоа да биде опоменат дека не се држи до насловот...

    Никој не ве тера да читате, ама очигледно подобро ја знаете тие што не пишувате во неа него ли тие што пишуваат. Теми за дискусија еден куп не мора баш таму да висите и читате штом не е интересно.
     
    На Petra777, referentka, Tajnaotrovna и 7 други им се допаѓа ова.
  6. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    18.442
    Допаѓања:
    120.719
    Пол:
    Женски
    Не зборувам само за македонски форуми.
     
    На Petra777 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    2.004
    Допаѓања:
    10.335
    А @nena2010 имаат ли тие форуми доволно модератори?

    Паматам дека @lunicka ја отвори темата за да си се собираат и релаксираат луѓе со слични секојдневија, животни проблеми и обврски. Точно е дека темата е без наслов и муабетите не мора да течат по некој којзнае каков тек и правило, но темата еволуираше со текот на времето. Од една општа тема, за да се разбие монотонијата да не се зборува само за деца, домаќинлук и секс, почнаа секој ден наменски да се наметнуваат теми што реално може да бидат дискутирани и надвор од таа тема. Бројот на членовите се зголеми значително и чувството дека се е сконцентрирано таму не е дојдено од никаде.
    Доколку би имало модераторска постава како што веќе спомнавме, голем дел од темите би можеле да се сместат во соодветнен подфорум и таму да си продолжи дискусијата без никакви ограничувања.

    Да не оди во недоглед муабетов со едно те исто, еве едно конкретно прашање до сите што активно членуваат во некое катче. Ќе ви пречи ли доколку некоја тема добие интерес и се зборува неколку страници за тоа, да се префрли на друго место каде што и таму би можеле да си го кажете мислењето за истото? Значи не за сите муабети што се вртат, туку за нешто што навистина има потенцијал да стане убава тема за дискутирање.

    И не се чудете што доста членови од страна ја читат темата, таму има членови коишто пишуваат, а луѓето го ценат нивното мислење па сакаат да се во тек. Можеби ме интересира како е луничка, лудориите на клинците на битер, дали анат се породила, дали нечиво детенце оздравело....многу работи што се губат низ тие страници за останатите членови што не се таму редовно.
    Многу членови и немаат што друго да прочитаат, па ѕиркаат да видат и во катчето. Реално форумов е доста затупен, па дури и асална рецензија на козметика тешко да најдеш, нешто што порано го имаше во изобилие. Зборувам општо, не покажувам прст кон виновникот, затоа што реално повеќе фактори се заслужни.

    И не верувам дека некој е против таа тема, туку се нагласува потребата за некаква подобра организација. За тоа и се модератоите, не само да бришат чатови и да банираат тролови, туку да поттикнуваат и насочуват дискусија за цел форум да фукнционира.
     
    На oblace1, referentka, Gosh и 12 други им се допаѓа ова.
  8. Ketchup

    Ketchup

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.427
    Мене не ми е финтата да се карам тука со вас. Во првото мислење на темава убаво спомнав дека за такви теми нормално да функционираат треба повеќе модератори. Јас немам ништо против членките -/+ 40, ниту против темата. Знам и колку се бунев да отворат тема за младите и сè уште ми е мило што ја има.
    Под тоа забегување мислам на мислења кои би требало да се наоѓаат во темите Општи прашања, Каде да купам?, Што последно си купивте? и слично. Ова не го мислам само за темата -/+ 40, туку сите оние во кои се прават бош муабети.
     
    На Gosh, Someonespecial и cosmo им се допаѓа ова.
  9. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.518
    Допаѓања:
    288.650
    Не ми се допаѓа недостатокот на модератори и индиферентниот однос кон ова прашање кое веќе континуирано се провлекува.

    Дрскоста, потценувачкиот или навредлив тон при дискусии се веќе секојдневие. Независно на која тема.
    Но проблемот за истото лежи далеку подлабоко за сега да бараме некаков вид на превентивно решение.
    Мерките за заштита од повторување на истите, кои би биле спроведени со ангажирани на неколку лица кои би биле од помош на Реин, би било и те како прифатлива мерка.

    И не, не можам сериозно или на некаков конструктивен начин да го сфатам искажувањето на еден став при кој се етикетира, навредува и работата доаѓа до бришење цели коментари и постоби. Истовременото залагање за квалитетни дискусии е контрадикторно со самиот начин на кој се искажува својот став и барање за истите.

    Не со сфаќам феноменот на немање квалитетни дискусии и поврзаноста на истите со активноста во катчето плус 40.
    Дали само од тие 50-60 луѓе кои се активни таму се очекува да ја презедат одговорноста и иницијатива за развој на некаков вид на квалитетна и конструктивна дискусија?

    На каков начин се тие мајки, домаќинки или разведени пречка за остварување на истата низ останатите теми од форумов?

    Како јас, како сопруга, мајка и домаќинка да седнам и да разглобувам идеи и теми со кои одамна немам веќе никаква допирна точка или жалба?

    Со голем дел од денот минат во кујна и испробување некои рецепти независно за возрасни или деца, обавување на домашни обврски и секојдневието кое го носи со надмирување на сметки, обезбедување дом за живеење и негово уредување, како трудница чиј приоритет е секоја информација во врска со бременоста, како мајка чие секојдневие а и свет се вртат околу тоа дете и начините за негово одгледување...
    Како или поточно зошто јас да ги привлечам младите?

    Ќе споделам некој совет за сексуална заштита или љубовен проблем, евентуално од областа на образование, не викам не, но интересите за заеднички теми на разговор најчесто завршуваат тука.

    Нормално дека се помалку пишувам во СДК.
    Се активирав во труднички муабети, се активирав во мајчински муабети, се активирав во плус 40, се актвирав во темите за бебиња, се активирав во многу теми кои предходно не сум ги погледнувала и не побудувале никаков интерес кај мене.

    За мене е стварно небулозно дискутирањето за некаков вид на офф топици во истата кога целта и е баш таква.
    Не го негирам поклопувањето на теми кои можеби паднале на дневен ред со идентични во сооветна тема, но на крај краишта и Реин од време на време соодветно реагира на истите.
    Информациите му се на дофат на секого, се што треба е во пребарувачот да пише соодветен збор и ќе испадне листата каде се е пишувано за тоа, а екстремностите сигурно веќе биле и префрлени од страна на Реин.

    За мене е апсурдно и егоистички на еден фрумски лик да му се скрати правото да дискутира и пишува во катчето за кое има најголем интерес, се чуствува најудобно и индиректно се бара да презеде колективна одговорност за недоволната ажурност да се постигне истото со останатите катчиња.

    Зарем не е целта секој да го пронајде своето ќоше?
    Зарем не е преамбициозно да очекуваме да ни се допадне или да побуди интерес секое од таквите катчиња во форумот ?
    И на крај зарем секој од нас не треба да започне со ревулуцијата и промените од сам себе или своите домени на интерес пред да почне да ја бара вината кај другиот?
     
    На Annath, azelea, referentka и 17 други им се допаѓа ова.
  10. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.391
    Пол:
    Женски
    Форумов ќе останел без пола активни членови? Под АКТИВНИ ги рачунаш тие што пишуваат само таму? 3 мислења имаат по другите теми, битно пишуваат секој саат што јаделе и дали накриво се мочкале, и активни се...
    Леле која загуба ќе биде тоа, ќе пропадне цел форум...
    @Ketchup брат мислам не вреди да објаснуваш. Не си губи време. Никој не е малоумен па да не може да сфати. Џабе се трудиш, гледаш едно исто се пишува... Досадно... Кај сила правдина нема :)
     
    На black-angel, Someonespecial и Ketchup им се допаѓа ова.
  11. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.128
    Пол:
    Женски
    Земете ја Џоли за модератор и решен проблем.:)
    Сите што не треба да се членови ќе ги банира, сите што треба ќе останат и ќе ги поттикне и мотивира да пишуваат каде треба. Јас така разбрав. Девојчето знае, ја засега.Со сето срце и душа е во тоа што чини и не чини.... Искористете го тој потенцијал. Ете.:)
     
    На Annath, Petra777, referentka и 16 други им се допаѓа ова.
  12. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.800
    Допаѓања:
    173.176
    Пол:
    Женски
    Искрено да ти кажам, ако 5-6 лица од таму не пишуваат на други теми, тоа се само 10% од членовите. А ти па едни квалитетни постови што имаш, на газ да падне човек и се дрзна да збориш..
    За да кажеш дека некој некаде придонесува помалку него што треба, прво треба да имаш лице ...а за да имаш лице, треба да си во оние што придонесуваат повеќе од оние што ги прозиваш.
    Не можеш да му кажеш на некого дека не работи, ако и ти самата од место не си мрднала ;)
    Само што изгледа уште не си стигнала до таа лекција во животот.
    Ако тебе не ти се чита кој што правел, ЗОШТО СИ ГО ГУБИШ
    ВРЕМЕТО?
    Ние таму сме како големо понекогаш малку дисфункционално виртуелно семејство што си го споделува секојдневието.
     
    На Petra777, Tajnaotrovna, bittersweet и 6 други им се допаѓа ова.
  13. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.265
    Допаѓања:
    57.077
    Пол:
    Женски
    Епа ако не се многу членови и не ги сметаш за вредни, тогаш зошто ти пречи темата? Логички заклучок по ова твое мислење: нивната активност е незначителна па форумот слободно си постои и без нив во темите. Што ти пречи тогаш?

    Се’ ова успеа сама ти да го напишеш во само еден ден. Мислам, дај реши се кое е точно.
     
    На Annath, Tajnaotrovna, bittersweet и 10 други им се допаѓа ова.
  14. Ketchup

    Ketchup

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.427
    @danichap, ептен убаво напишано, ама со последното не се сложувам. Форум е место каде што треба да се води дискусија на многу различни теми. Да се споделува став, мислење, искуство... а не секој да си го најде своето ќоше и само таму да пишува.
     
  15. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.518
    Допаѓања:
    288.650
    Не си ме прочитал доволно внимателно. Беа набројани многу повеќе од едно катче во доменот на моите интереси.
    А ние не сме тие што треба да одлучуваме за интересите и активноста не некој поединец на форумов. Тоа ексклузивно право го има САМО секој за СЕБЕ.
    Никој не треба мене/тебе/или на трет да ни дава отчет или да исполнува некоја моја/твоја замисла за тоа како и каде он го поминува неговото време во ова виртуелно катче.
     
    На Annath, sesilija, bittersweet и 6 други им се допаѓа ова.
  16. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.128
    Пол:
    Женски
    Зошто да не се најде своето ќоше и таму да се пишува. Периодов, ама ништо не може да ме натера да пишувам во теми религија и политика. Порано пишував. Сега, нит сакам да читам, нит вести пратам,нит сакам да се замарам. Мои ќошиња се 40ка, СДК чат-пат, Денес, Како се чувствувате, темите за музика, филм, Феминсо Филмско Фоаје и темите за готвење, Сингл. Толку.
    Повеќе од доволно сум оставила на форумов низ годините, во секоја една од темите и не би да ми ја затворат 40ка, пример.:) Не ми беше проблем со омладината да се “бунтуваме“ за младинско ќоше и да бараме тема како 40ка, не гледам зошто па сега ликови од Младинско ќоше се бунтуваат за истото што веќе почнуваат да го прават и допрва ќе го прават во ќошето. Нека да се префрлаат темите на други места,ама, нон стоп ако се прави опомени за едно,друго, трето во темата... темата ќе изгуби, оти членовите ќе бидат напнати и ќе изгубат желба да споделуваат.
     
    На Annath, Petra777, Tajnaotrovna и 7 други им се допаѓа ова.
  17. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    7.083
    Допаѓања:
    136.611
    Пол:
    Женски
    Секаде има некоја тема која што е поактивна од другите, зависно од членовите кои го посетуваат тој форум. Ете отворите било кој друг форум и видете. Чисто за споредба овде темите за брак и семејство се доста активни. На кајгана на пример во тие теми кој знае од кога не е пишувано, ама таму пак се далеку поактивни темите за спорт, за политика, за мистерии и надприродни појави. Тука од надприродни појави за гатачки се збори;):lol:

    И што сте се напнале модератори нема, та модератори нема. Шо да не ке се зголеми интелегенцијата на некои членови ако почесто се опоменувани.

    Еве ви еден предлог на тие ,,загрижените,, за форумов. Наместо да читате во 40ка активирајте теми што не се активни 2+ години, повеке ке придонесете, така и ќе занемарете дека постои 40ка и нема да ви смета
     
    На Annath, Petra777, Kitten и 10 други им се допаѓа ова.
  18. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    2.004
    Допаѓања:
    10.335
    И еве пак се почна со навреди од двете страни и после ќе се очекува и оваа тема да не отиде у мајчина. Па не знам бе луѓе како сакате да се води конструктивна дискусија кога одма рипате да цртате некому, кога одма рипате во стилот „ауф па ти многу паметната и со многу јаките мислења“...и одма се долева масло на огнот. Еве ќе ги тагнам @JollyGirl и @Dust да не испадне некој дека треба да се пронаоѓа.

    @danichap дека сите сега колективно ќе прифатат своеволно решение е премногу оптимистичко сценарио. Затоа е потребно лидерство од надлежните. Не верувам дека сега сите ќе почнат да се сепнуваат пред да напишат нешто, па да мозгаат дали имало соодветна тема за тоа...што според мене е во ред. Си имате катче, си поминувате време и си го користите правото да си пишувате онаму кае ви е најзгодно.
    И катчето како катче не е проблем. И на тебе како член никој не може и не теба да ти забрани да си го поминуваш времето таму. Но, дали ти како мајка, домаќинка, возасна жена би дискутирала на соодветна тема која што ќе биде јавно и јасно означена во соодветен подфорум? На иста тема, а сепак не како дел од катчето. Мене во случајот тоа ми е прашањето.
    Конкретно пред некој ден се постави прашање во темата за тоа дали би имале против во групата во градинка да оди дете со посебни потреби заедно со вашите деца. Убава дискусија се разврза, верувам ќе имаше многу што да се каже. Сакав и јас да искоментирам но во моментот не можев, а после тоа се изгуби и смислата.
    Конкетно доколку оваа тема се раздвоеше и се ставеше во подфорумот за деца, пред се многу други луѓе ќе дадеа некој конкретен став. Прво не сите мајки од мајчински муабети членуваат во катчето, а сигурно имаат што да придоенесат кон темата. Јас како некој што сеуште не е реализиран на поле мајчинство имам исто така што да кажам затоа што некогаш ме навел животот и работата да работам на студија за инклузија на лица со посебни потреби, па би можела да споделам доста конкретни информации на темата. Што пак ме враќа на таа точка од дискусијава дека многу се лимитира потенцијалот на темите за дискусија. Треба ли сега јас во знак на покревање иницијатива од моја страна да отворам нова тема инспирирана од некој блиц муабет, кога голем дел и го имаат искажано веќе мислењето и нема да сакаат да се повторуваат? Нема ли да биде далеку покорисно доколку тие дваесетина мислења се раздвојат од страна на модеартор, па дискусијата да си продолжи на друго место? Мора ли исклучиво да се делме по одредени категории за да можеме да се најдеме сите во одредена дискусија, по одредено прашање?
    И вакви примери има многу, па оттаму и ми е муабетов.

    Инаку се сложувам дека неактивноста на форумот не е целосно предизвикана од големата активност по двете катчиња, но индиректно и тоа има удел сакаме да признаеме или не.
     
    На oblace1, Kitten, Gosh и 9 други им се допаѓа ова.
  19. Aleksandar1212

    Aleksandar1212 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2016
    Пораки:
    1.106
    Допаѓања:
    7.680
    Пол:
    Машки
    Ова е форум и секогаш ќе има нешто што е ван колосек.Секоја тема си има нешто што е излезено ван колосек.Ако некои членови се осеќаат удобно во некој оддел од форумот зошто да им се ускратува тоа право.Лично сметам дека 40ка врзува одредени членови на едно место и токму заради истата тие идат на форумот.Неможете да кажете никому не пишувај или пишувај ваму или таму, едноставно неможете.
    Заедницата што овде иде секојдневно ќе си најде друго место за да се зближи.
    Џабе се препукувањата и едните и другите.Оставете работите да си течат онака како што си течат.Непишаните правила не би требало да ги засегаат модераторите воопшто.Поготово да имаат пристрасност кон едни или други членови.
     
    На baba Rada, fallenangel и Dust им се допаѓа ова.
  20. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.974
    Леле галаба херој ја направиле во темава оти тагирала некој :rofl: Чекај и јас да ја тагирам може и мене некој пофалница ќе ми даде @galapce
     
    На Petra777, referentka, Tajnaotrovna и 11 други им се допаѓа ова.