Дали нешто не ви се допаѓа на форумот?

Дискусија во 'За форумот' започната од solnakiselina, 11 октомври 2013.

  1. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.979
    Дискусиите на форумот најмногу се губат заради тоа што не можеш цело време тоа пак тоа да пишувам. На пример, еве, јас како една од постарите членови, веќе немам што да кажам на голем дел од темите. :D Порано (во времето кога бев конструктивна со мислења :rofl:) со огромно задоволство споделував рецензии за производи, за филмови, книги, серии... меѓутоа со оглед на моменталното немање време... можам само повремено да ѕирнам, да се пошегувам со некого тука и тоа е се'.

    Штета, баш сега купувам многу повеќе и употребувам многу поинтересни продукти, :D ама ако треба да бирам меѓу кафе/вечера/дружба и да пишувам рецензија за нешто... Па, после цел ден пред компјутер, знаете кое ќе надвладее. :D

    Лично сметам дека и за да има квалитетни дискусии треба да откриеш доста приватни работи. На пример, знам дека би развила доста квалитетна тема на разговор со еден настан што ми се случи пред некој месец, доколку побарав мислење за тоа што се случува, итн итн, но... Приватни работи се трудам да споделувам што е можно помалку... иако откривам доста, се обидувам барем да си задржам дел од приватноста за себе, (локација, работа, состојба, расположение) колку што е можно на форум каде што многу ме познаваат. И пак сметам дека многу кажувам, ама сама сум си крива.

    Значи поголемиот дел од товарот паѓа на „подмладокот“ (не во смисла на возраст, туку во смисла на нови членови). Е сега, дали заради тоа што се' почесто се пишува од мобилни телефони, дали заради тоа што сега и деца имаат пристап до Интернет... Ситуацијата е таква каква што е. Не ме сфаќајте погрешно, но денес секој седнува на Фемина и на групите по Фејсбук, порано тие малку „поитрите“ успеваа да го најдат форумот. :) Искрено, би рекла и поради економските, социјалните и политичките прилики во државава, луѓето доаѓаат овде и немаат желба да ја „тупат“ да речеме. :D Доаѓаат, пишуваат, се опуштаат и си одат.

    Колку е добро, толку е лошо и обратно.

    Порано немаше мислење што не беше напишано на кирилица, што не беше правописно точно, организирано, прегледно... Би рекла, немаше мислење што не беше издржано. Сега кога ќе видам такво мислење дури и се возбудувам, одвај чекам да видам кој е тој и што паметно има да каже. :D Мислам и моите мислења се со опаднат квалитет, не дека јас зборувам за напредокот на човештвото и населување на Марс...

    А и морам да кажам - во последно, луѓево толку лесно се навредуваат од сечие мислење, се' е тоа „осечајно и нежно“, се' е „увреџено и повреџено“... Мислам, форум е, олабавете. :D Сакаш да дадеш совет, критика, па дури и мислење за некоја ситуација... а не знаеш како ќе те сфатат, па се лутат, па драми, па не важи советот, па сите други се криви, ј-а-о. Нежни души, ептен. |( Немам време за глупости и претпоставувам дека тоа е така и со другите, па веќе кога одвојувам време, ќе одвојам да се изрелаксирам, а не да давам критика/совет на некој што и онака нема да го прими конструктивно ниту пак ќе го примени.

    Заклучок - луѓето ќе бидат луѓе, затоа мора да има некој што ќе го води форумот и ќе ја насочува дискусијата. Кога ќе видам дека четуваат во некоја тема си скролам, ама јас сум член и имам право да одберам дали ќе скролам или ќе учествувам. Затоа, треба модератор што ќе одлучи дали воопшто и треба да се случува тој чет и во таа тема. Некогаш и не е на одмет, де, ама не да премине во сите теми и цело време. :)

    Јас капа и' симнувам и на Реин, како постасува сама со толку, хм... членови? Секоја чест, но и' треба помош.
    Мислам, Хилари Клинтон и Доналд Трамп имаат модератор во дебатата, знаете што ќе се случи ако ги остават сами да дискутираат? :D
     
    На Oxymoron, Annath, azelea и 18 други им се допаѓа ова.
  2. Ketchup

    Ketchup

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.427
    Доколку не забележувате во -/+ 40 пишуваат и членови кои не се приближно на оваа возраст. Ај ќе разберам некои се мажени, имаат деца се океј се пронаоѓаат. Ама некои членови баш никаква врска си немаат со темава, а пишуваат и ги има сè повеќе, еден ден и тинејџери ко мене ќе почнат да ви пишуваат во темата. Ќе видите самата ќе се расипе. Јас немам никаква лоша намера, не знам како ме сфативте, само ви кажувам како изгледа таа тема од аспект на некој што не пишува во неа.
     
    На Sky-butterfly и Someonespecial им се допаѓа ова.
  3. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.518
    Допаѓања:
    288.650
    Секако и секогаш кога ме држи концентрација тоа го правам со задоволство.

    Форумот не е совршен па не може да се очекува истото за оддделно катче од истиот, во случајов +40. Ниту го тврдам тоа ниту се стремам кон истото.
    Таа мешавина од несовршености и најразлични карактери најчесто придонесува за еден умерен баланс кој рака на срце и често знае да биде целосно разнишан.
    Се сложувам за конккретно споменатата тема, а верувам имало случаеви на на други слични ситуации кога можеби било посоодветно да се дискутита во соодветната за истите.

    Верувам и се надевам при присуство на поголем број модератори со постирање на еден линк од соодветната тема дискусиите ќе бидат пренасочени и секој би се чуствувал удобно да го сподели ставот за истите.
     
    На Annath, bittersweet, Dust и 2 други им се допаѓа ова.
  4. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.999
    И јас вчера пишувава за истото што го пиша сега @Ketchup ама сега гледам дека мислењата се избришани. Мене најголема иронија во темата ми е што попловина од членките таму не се ни близу до 40 а уште помалку преку. На почетокот темата беше интересна навистина и во тие оф топик муабети имаше да се прочита нешто затоа што навистина пишуваа жени повозрасни а сега искрени да бидеме глупост до глупост во темата. Тоа што вие не можете реално и од страна да ја гледате целата ситуација е друга работа, затоа што очигледно сте се зближиле и фино ви е да си комуницирате со по 2 реда муабет. Гледам членки 93 генерација активни секојдневно во темата, мислам смешно е а и со тоа се изгуби смислата и квалитетот на истата.
     
    На oblace1, Kitten, Sky-butterfly и 3 други им се допаѓа ова.
  5. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.479
    Допаѓања:
    37.721
    Пол:
    Женски
    Повеќето од машките членови замараат преку лп се со цел да најдат женска за секс.
     
    На Petra777, Sesil, baba Rada и 4 други им се допаѓа ова.
  6. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.975
    Често оние inside jokes за останатите изгледаат како глупости. Или мислиш на кратките постови со доброутро и кој е за кафе? Сеедно, темата не е за тебе или некој друг да забавува, те разбирам што сакаш да кажеш, ама кога од вас последно нешто паметно имаме прочитано? Која тема сте ја разработиле вака како млади, енергични, желни за дискусија? Некој треба да ве стимулира? И јас чекам на истото, ајде...
     
    На Annath, Petra777, referentka и 12 други им се допаѓа ова.
  7. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.226
    Допаѓања:
    67.733
    Пол:
    Женски
    @Dust и @JollyGirl не ја носете темава каде што не треба со непотребни навреди. Добри мислења има во темава, се сложувам со @Giovanna, особено за темата што беше начната за децата со посебни потреби, има многу такви теми кои се провлекле. Едноставно додека видам се измешале веќе баби и жаби, во еден пост се опфаќаат неколку муабети, па се додека се отплетка, раздели и не е така едноставно. Јас известив кај што треба, па ќе видиме што понатаму. Место да се полни темава со навреди отворете некоја нова за дискусија или напишете некоја конструктивна критика, а со навредување знаеме дека никаде не се стигнува.
    Нема избришани мислења од вчера.
    Пријавете го таквите пораки веднаш, ќе бидат банирани членовите.
     
    На Kitten, galapce, Giovanna и 6 други им се допаѓа ова.
  8. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.999
    Да, конкретно на такви муабети мислам, секој ден: жени станав сега си сварив кафе и ќе се расонувам, или една ќе каже сакам да одам во Њу јорк и надолу уште цела страна постови и јас и јас, а ме примате и мене ? Е за муабети од таков тип мислам. Еве отворете ја темата и сами знаете дека почнаа само бош муабети кои што немаат никаква смисла. За останатиот дел се сложувам дека сите треба да допринесеме за поквалитетни и издржани мислења на форумот, еве од сама себе тргнувам дека немам волја да пишувам и воопшто не сум активна како порано. Не велам дека темата е крива за тоа ама конкретно периодов ми се пишува ама се чувствувам како да нема со кого да дискутирам затоа што се е сконцентрирано таму, па и да беше муабетот како од почетокот на темата можеби и ќе се приклучев таму иако сметам дека не ми е местото затоа што според мене темата ја упропастија тие што не треба да пишуваат таму. Мислам девојка 94 генерација па макар имала маж и дете според мене не треба да се пронаоѓа таму. Убав си е насловот и се потенцира за кого е, за искусни веќе жени и за нивното секојдневие. Вака каша попара, помладите ја уништија а демек има тема и за нив.
     
  9. Ketchup

    Ketchup

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.427
    @Bridget, ама ич не си во право со тоа дека квалитетни мислења од младите нема. И како очекуваш да разработиме тема кога пола од членовите што пишуваат во -/+ 40, се за во ФМЌ?
    И јас до збор се сложувам со Giovanna, а Реин може ти не си ги избришала, ама мислењата од вчера ни се избришани, освен ако не се префрлени во некоја друга тема.
     
    На oblace1, JollyGirl, galapce и 4 други им се допаѓа ова.
  10. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.518
    Допаѓања:
    288.650
    Додека зедов да цитирам, дел од мислењата ги снема.

    Ги снемало па ги снемало членовите...
    Секој од нас има живот и надвор од форумот. Околностите ни наметнуваат определен ритам на активност и тука. Останува многу помалку време кои секако секој сам ќе реши како да го искористи, односно во кое катче.

    Нормално некој како Луничка која се вработи и оди 6 дена на работа ја има помалку низ темите, нормално Битерка која во меѓувреме има 3 дечиња и веќе кажала дека е разочарана од дрскиот однос на многу членови на кои давала совети веќе се повлекува од истите теми...и да не редам.

    Нивно право да располагаат со своето време во кое катче сакаат.
     
    На Annath, Ane-Goki1, Dust и 12 други им се допаѓа ова.
  11. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.098
    Допаѓања:
    174.209
    Пол:
    Женски
    Ааа кога се наметнува тема во ќошето и +-40, зошто иницијаторот не напрај соодветна тема и да постави линкче да се продолжи таму соодветна дискусија? :D
    И место за муабет и место за дискусија :lol:
     
    На Bender Rodriguez, Lady Phoenix и Nausicaa им се допаѓа ова.
  12. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.398
    Допаѓања:
    60.838
    Јас ја сакав темата на почеток и потоа, ама во последно време и мојот впечаток е дека не е тоа што ми беше. Се согласувам со младите погоре. И ги разбирам што сакаат да кажат.

    Еднаш имам кажано дека скролам страните, тоа стана се почесто и почесто во последно време, само неколкумина остана што ги читав.
    Ми се стужи да ги скролам и страните и постовите. Ионака немам време за форумот, па и темата таква каква што е не ме ни привлекува.
    Порано читав во козметика, ептен беше активен форум и мене ме привлекоја мимс и мишела и други, така и почнав активно да го читам форумов, забременив и останав во труднички и во +- 40. Потоа таму ми беше катчето.
    Сега не се пронаоѓам никаде :(
    Ама, не очајувам. Така е тоа во животот, едни дојдат, едни пројдат. На сите не може да ни е погодено.

    Закључокот: Изгледа треба ептен една сериозна тема, за сериозни како мене :nod: :D
     
    На azelea, iloveyou29, Dust и 13 други им се допаѓа ова.
  13. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.334
    Допаѓања:
    29.192
    Пол:
    Женски
    Еве јас отстрана ќе го кажам моето мислење за ситуацијава како припадник на ниедно катче.
    Мене искрено не ми е толку гајле за форумов за да откопувам стари теми, да започнувам дискусии и слично. Но овде читам муабети од типот: ти па ако ти пречиме не нè не читај дрн дрн дрн..
    Прво, верувајте, никој друг не ве чита активно освен вие самите, што пишувате во темата. Зборувам за двете ќошиња.
    Второ, не е работата дали ќе читаме или не. Вие упорно викате дека форумот е сè виножита и еднорози и покрај хаосот што се счучува. Под хаос го сметам она што веќе стопати се кажа, дека откако се отворија тие теми, членовите што пишуваа и надвор од нив веќе никаде ги нема. И пак да не се пронаоѓа некој ќе тагнам неколку: @lunicka @bittersweet @Lady Phoenix @Umbrella22 ...
    Сфаќам, таму се пронаоѓате најмногу, таму ви е интересно итн. ама постоењето на тие теми не му прави ништо добро на форумот. Постарите членови можеби се сеќаваат на Два-три реда муабет. Токму од истата причина ја затворија. Од истата причина и не сакаше Реин да ја остави ФМЌ и во право е. Уште од почеток се гледаше ова.

    Само ве молам, размислувајте објективно малку, оставете си го одбранбениот механизам настрана и прочитајте што сакаат да ви кажат.
    Повторувам, за двете теми се однесува, бидејќи исти се, само што опфаќаат различна старосна група. Истата судбина ќе и' биде и на ФМЌ, ако се сеќавате, и четириесетката на почеток не беше отидена во неповрат.
     
    На JollyGirl, galapce, YoungandBeautiful и 10 други им се допаѓа ова.
  14. rose60

    rose60 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2015
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    2.753
    Пол:
    Женски
    Темата е одлична за членовите да си искажат се што им лежи на срце и во моментот што правеле итн.
    Некогаш не ни ги читам воопшто само вртам по други теми ,а некогаш кога не ми се спие ноќе отворам и ги читам ,и се смеам многу се интересни посебно за гледањето на лилит и кога се маскираа маски коментарите ,нема смисла поради одредени членови таа тема да им се тргни, и не ми се допаѓа тоа за разведените погоре , мислењата се избришани и од кечап и од сомеонеспецијал баш ги читав сношти и наеднаш се снема ,се се тргна, да се преместени каде би биле во која тема?

    На крај ,мое мислење темата да си стое и да не ја чепкате,тој што ја направил ја направил со убавина во душа и добра мисла за таа тема да живни ,и богами успеа во тоа , мене баш ми се допаѓа одвреме на време да прочитам кој каде бил,што правел , некогаш и вицовите ми се допаѓаат што ги пишуваат, каде некои членки на зафрканција глумат скарани па си коментираат под, многу ми се допаѓа се, и нема смисла поради членка исфрустрирана ,извини вака но така испаѓа , да им се тргни темата.

    Ако им се тргни каде ќе ги читаме тие духовити личности ? Во темата секс ? Неверство ? ИТН ..
    Додуша во право е дека отиде поќе отколку што беше ,бидејќи нови членови штотуку зачленети коментираат таму и хаос е ,пред некој ден заприметив член зачленет во моментот само да врати на членка на коментарот за да предизвика караница но членката фино лепо со три збора го заќути и му ја кажа намерата.
    Може темата да се стави исто како што е тајното катче за тие што имаат сино цветче да е ,така ќе нема нови членови што се уфрлуваат и старите ќе си ги читаме со мерак.
     
    На Val-Dim, Dust, Tajnaotrovna и 11 други им се допаѓа ова.
  15. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.128
    Пол:
    Женски
    Затоа што,прашањето беше подигнато во СДК, се развија дискусија и караници во 40ка, па Рејн ја префрли дискусијата тука.
    И многу нормално е кога се чепка едната тема, да се чепне и другата. :)

    Се слагам со последното од коментарот на Rose60, најмногу.:)
     
    На Dust, rose60, Ane-Goki1 и 3 други им се допаѓа ова.
  16. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    58.310
    Пол:
    Женски
    @Lella во право си. Веќе неколку месеци не сум толку активна на други теми, како во +/-40 каде споделувам секојдневие. Едноставно, не ми се случуваат толку турбулентни настани за да имам што ново да кажам. Ме фати мрза да прикачувам фотографии во ВЛПФ затоа што сум главно од телефон, а немам програм за намалување на слики. Во Фото-натпревар ми се изгуби смислата некако, па и тоа почнав да го забушавам. Во Фемина-готвач се обидувам да бидам редовна. Во ФИ не ставам ништо веќе зашто јадам едно те исто, па глупаво ми е да се повторувам. И така натаму...

    Да не се претвори темава во тема за оправдување, зошто не пишувам лично јас по други теми, ќе кажам неколку работи.

    На форумов му треба една добра генералка. Прво, треба да се исчисти од дупли теми, а има такви на претек. Поентата не е само да се отвараат нови и нови теми. Треба некој да се потруди да куцне клучно зборче во табот Барај и да види дали има таква. Ако не го направи тоа - некој компетентен да му ја префрли во соодветна тема и новата да се затвори.

    Форум не се води само со еден модератор кој има мало бебе кое, фала Богу, поважно му е од местово. Треба да има повеќе, во различни категории. Имав начелен договор и волја да го правам тоа јас, ама на некои од горе не им е гајле. А на Виножитка и' треба помош, навистина.

    И за крај, за да постои некаков ред, треба сите да се свесни и совесни. Џабе е јас само ако се трудам да играм по правила, кога сите останати, дали од мрза, немање време или живци не го прават тоа. Треба добро да се размисли и обмисли како да изгледа ова.

    А, да, уште нешто. Најмногу од се' ми пречи дрскоста која знае да постои од страна на разни членови. Ми пречи и она "ти кажи што сакаш, ама јас пак ќе верувам во моето". Така ми немаат смисла дискусиите баш. Се чувствувам како во ветар да ми оди енергијата. Затоа никогаш нема да ме видите во политика, религија, па дури и абортус.

    И да, никој не поттикнува по другите теми некаква дискусија за да посакам да се вклучам. И порано пишував во +/-40, ама кога ќе видев нешто интересно во друга тема - се придружував. Сега веќе не е така. Или јас сум станала мрзлива, не знам.

    И сосема се согласувам со постчето на @theowndemon.

    Не знам, не е толку едноставно и ништо не е црно-бело.

    А да, ТРОЛОВИТЕ да не ги заборавиме. И тие се заслужни за падот на квалитетот на форумов.
     
    На Annath, Val-Dim, Lella и 11 други им се допаѓа ова.
  17. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.006
    Пол:
    Женски
    Жапче мислам дека прашањето на theowndemon се однесуваше на некои дискусии кои ги започнувате во +/-40, не конкретно за ова што го почна Џоли. Јас еве појма немам за што разговарате таму, тука прочитав дека сте развиле убава дискусија за одење во градинка со деца со посебни потреби - како пример на посебна тема која можела да се издвои. И ред други. Зашто еве, јас свои деца сè уште немам, ама па имам што да кажам на таа тема, како некој што со години работел со лица со специфични потреби. А бидејќи не ја читам +/-40, не сум се ни вклучила во таа тема на разговор.
    Мислам дека ете тоа е добра идеја - кога ќе се разврзе некоја дискусија во таа тема, да се отвори нова, или ако веќе постои таква тема, да се префрли дискусијата таму. За да можат да ја видат и да се вклучат и тие што не ја читаат +/-40.
     
    На BoaVista, Ane-Goki1, manja666 и 5 други им се допаѓа ова.
  18. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.119
    Допаѓања:
    163.765
    Пол:
    Женски
    Многу сте пристрасни луѓе, премногу. Јас сфаќам да се лутите на ситуација од типот кога една членка рече дека ѝ е најглупа вашата тема - тоа е навистина навреда и не го оправдувам, но овде немаше никаква навреда и никој не рече да се затвори никоја тема, туку да се стави под некаква контрола.
    Мене што ми пречи а што не спомнав - досега неколкупати сум приметила дека тие муабети и зафрканции од околу 40 се пренесуваат и по други теми. За изразување пријателство во Специјален поздрав не сум мрчела ни кога го правеа тоа тинејџерки, а нема ни сега бидејќи таа тема е наменета за тоа. Ама во СДК некој муабетите и закачкањата на Петар и баба Рада на пример не сака да ги чита, туку нешто квалитетно и издржано.
    Јас се надевам дека тие што најмногу ги почитувам од тоа друштво нема да се навредат, еве веќе две од нив и пишале ставови на место.

    @Lella Лелче, во право си потполно, и на истите членки мислев и јас дека ми недостигаат. Битерсвит со дечињата, па и Џули77 со мудростите што претходно редовно ја читав. За Лејди и Вики веќе да не зборувам колку ми е криво што исто ко да не сме тука.
    Некои членки што се зачленети заради 40 темата не ги ни знам, или пак евентуално во темите како Фемина Инстаграм само никот сум им го приметила...
    За младинското ќоше реков и јас дека се надевам дека ќе остане под контрола како што е сега - со доста пријатни постови, дружба од квалитетни членки и повеќето да продолжат како и сега да дискутираат и низ други теми.

    @rose60 Избришани ни беа мислењата после навредите на Петра, исто како и нејзиното. Испровоцирана бев од неа и јас како и Кеч, разбирливо и очекувано беше да бидат избришани.
     
    На Lella, Bridget, JollyGirl и 4 други им се допаѓа ова.
  19. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.098
    Допаѓања:
    174.209
    Пол:
    Женски
    Не не, мислев, во нормални услови не вака ... Вонредни. Еден краток период бев активна во ќошето, сега не. И се сеќавам имаше теми на зборање е сега, место таму да се збора, он кој ја наметнал темата да напрај соодветна тема и да јс стави во ќошето пример и тиенкои читаат таму да дојдат бо соодветната тема. Исто да биди и за +-40, не читам таму многу за да знам дали и таму вака се наметнуваат теми за разговор, ако да би било подобро на двете места да се практикува ова, па покрај дискусиите да се има место и за мајтап и за рандом муабет и да биди како дневник темата, а битмите мислења кои имаат дискусија да бидат на соодветно место :) шознам ова ми изгледа како компромис некако.
    И извинете за печатни грешки ама таблето смрт ми е за кирилицава. :@
     
    На Giovanna, danichap, Ketchup и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.782
    Пол:
    Машки
    Од кукање дека на одредени теми се иде оф-топик, и на темава се разви дисуксија, иако не е наменета за тоа, па и она отиде оф-топик. :D

    Шала на страна, очигледно е дека на темите по форумов фалат модератори, кои ќе се справуваат со разно-разни ликови и кои ќе ги префрлуваат дискусиите во соодветните теми. Но, што е-тука е. Не ми изгледа дека тоа во скоро време ќе се смени, па не гледам ни потреба да се разглаба на таа тема.

    Не припаѓам ни во „младото“ ни во „старото“ катче и ретко пишувам во тие теми. Но, тоа сум јас - ниту можам, ниту сакам сите на форумов да бидат како мене. Она што мене ми смета (ако може така да се нарече) во катчињата е тоа што, ако човек се уклучува 1-2 пати на ден на форумов, како мене, на сите други теми кои ги следам се напишале 1 до 2 страни максимум, кои лесно можам да ги прелистам и да бидам во тек со дискусијата. Во катчињата, од друга страна, се пишуваат и по 20 страни за еден ден. За да се прочитаат сите, треба време и посветеност, кои не секој ги има, па затоа многу од луѓето кои не се по цел ден активни не ни можат да бидат во тек со дискусијата која се води. Нејсе.

    Она што многу повеќе ми смета се, на пример, темите за гатачки и за бајачи, на која луѓе упорно споделуваат броеви и адреси од врачови и надрилекари и се лажат себе, а и другите. Луѓе кои навистина имаат проблеми, од психичка или физичка природа, наместо да бараат вистинско решение за нив, се лажат и фрлаат пари за ништо. Но, тоа е моето мислење и мој личен проблем. Тие теми постојат уште пред да се зачленам на форумов, и најверојатно ќе постојат и кога ќе прекинам да пишувам, па зарем треба да барам да се укинат, само затоа што мене не ми се по кеиф? Не иде тоа така, знам. И ова важи и за мене, а и за сите други кои имаат некаков „проблем“ со некоја од темите на форумов.

    Но, у принцип, не можам да речам дека има нешто што „не ми се допаѓа“ на форумов. Има теми кои ми се интересни и во кои се пронаоѓам - и во нив пишувам и ги следам, а во тие што не се пронаоѓам - не пишувам. Просто и едноставно е, навистина. :)

    Друг ми беше муабетот - не очекувајте некој да го смени форумов за да биде по ваш кеиф наместо вас. Ако мислите дека фалат квалитетни дискусии - иницирајте сами некоја. Ако сметате дека има потреба од нова тема - отворете ја. Ако мислите дека одредени теми се запоставени - пишувајте во нив. Ако мислите дека некоја дикусија во некое од катчињата е посоодветно да се води на веќе постоечка тема за таа работа - вие предложете да се продолжи со неа таму. И така натаму.

    Не бидете пасивни и не очекувајте некој друг да направи промена наместо вас. Недостатокот од модератори е можеби дел од проблемот, но другиот, многу поголем, дел сме сите ние. Нормално, никој ниту може, ниту треба, да биде активен во секоја можна тема. Но, има сосема доволно теми за да сечии интереси бидат опфатени. А ако се ограничите да пишувате само во 1-2 теми, тогаш вината е и во вас, а не само во другите кои го прават истото, само во некои други теми.

    Поентата ми беше - вие самите бидете иницијатори за промена на форумов на подобро, наместо само да бидете пасивни критичари и мрчатори.

    А ако на некој толку многу му смета форумов и дискусиите на него - на крајот на краиштата, не ни мора да членува на него и да го посетува. Тоа е сечие право и добра воља, а не обврска.

    Само ве молам, без срцедрапателни мислења у СДК од типот, „Збогум, суров форуму, јас засекогаш те напуштам.“ :D
     
    На BoaVista, eloves, Annath и 20 други им се допаѓа ова.