1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали ни е потребно враќање на старото работно време?

Дискусија во 'На работното место' започната од Silver.E, 7 мај 2014.

  1. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Одлуката што ја донесе Владата на соседна Србија за промена на работното време во државната администрација, предизвика голем интерес во нашата земја. Предложеното работно време од 7:30 до 15:30 часот, кај многумина од нашите граѓани се доживеа како „враќање на филмот“ од пред десетина и повеќе години. Се вратија спомените на „старите добри времиња“ кога државната администрација рано наутро заминуваше на работа, а во раните попладневни часови нејзините припадници беа дома и уживаа во семејниот ручек.

    А, за ова не знам како е можно (нели е на државно ниво):

    Штипскиот градоначалник Илчо Захариев донел одлука според која вработените во штипската општинска администрација ќе работат од 7 часот наутро до 15 часот попладне.
     
  2. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    Па мислам дека со промената на работното време кај администрацијата, ќе се промени и работниот време кај останатиот јавен и рпиватен сектор.И да, јас сум за, многу подобро е да идеш у банка у 7.30, а не у 8.30 или у продавница у 8.00
     
  3. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.346
    И те како е потребно, станувањето рано е можеби тешко, ама се навикнуваш, со ова работно време до 4ипол, 5, додека се прибереш дома и одмориш, денот поминал, приватен живот 0 :|
     
  4. Bubbi

    Bubbi Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    359
    Допаѓања:
    563
    Да да.... и те како е добро тоа.
    Кај што јас моментално работам има 5 смени за избор и ротирање:
    7 - 14
    8 - 15
    мегусмена 10 - 17
    14 - 21
    15 - 22

    Вистина е дека испаѓаат 7работни саати, но се работи и во викенд па така месечно сума-сумарум достигнуваат тие законски наведените. Да и колегијално, секоја со секоја колешка ќе се видиме и сите информации ќе си ги пренесеме. Нон стоп некоја со некоја се поклопува на саат време и секогаш знаеме што се случува.
    Ама мноооогу е добро кога после прва смена, во 14 си слободен човек. Се има време и за дремка поручек од накај 15 до околу 17 часот, и пак приквечерината и вечерта се слободни. И да си легне човек во 23х до утредента до 6 и 30 ќе се наспие. 8)
    Вторите смени се .... немам коментар...или јас не знам да се организирам кога сум попладне и безцелно со нула вон-работни активности го трошам денот, или не знам што е финтата ... ама тапа се. |(