Носам и леќи и наочари, зависи за што кога сум расположена. Имам кружно лице и баш таков тип очила имам одбрано. Порано носев нешто слично како на аватарот и кога си ги гледам сликите наназад морам да си признаам дека лош избор сум направила. Први очила ми беа тие. Црно бели плус а јас шатирана. Кај ми бил паметот. Дефинитивно има врска какви очила ќе одбереш на каква фризура и лик. Сега ми се далеку понежни овие што ги имам, бледо розеви, метал, горе имаат рамка, долу само на конец се стаклата, обично носам бургунди боја на моливче на очи или сенки, така да изгледа одлично. Воопшто не се ни приметува розевото.
Јас носам уште од 7 одделение, малце и сама сум си крива зашто како помала ми беше ќеф да носам наочари, незнам интересно ми беше и наумив, нон стоп дремев 5cm пред телевизор, или компјутер за да можам да носам и така до сеа сменив неколку рамки, па носев некое време леќи, сеа пак сум на наочари ама дефинитивно се одлучив леќи да си зеам..само до кога ќе трае и тоа незнам
Да. Ги носам само за на факултет, по дома и надвор престанав. Диоптерот ми е -1, што значи катастрофа ми е видот за надалеку, но се одвикнав од нив и мижуркам сега кога се обидувам да видам нешто подслеку од мене. Па кога ќе ми текне колку луѓе имам одминато....
Да. Време ми е да одам да си го проверам диоптерот наместо да зумирам кога сакам да видам нешто, ама инаетот е посилен сега за сега .
Имам и требада ги носам ама никако да почнам, ги носев малку на почетокот.. Ги ставам малку на факултет дури да ме заморат оти не сум навикната и остатокот од предавањето само слушам.Инаку ми се - 0,75 , и тоа ако седам понапред гледам.. можи ми се зголемил диоптерот
Како помала ги носев почесто, сега само во училиште и тоа кога ептен ништо неможам да прочитам. Леќи имам али неможам да ги ставам
Не не носам, и не дај боже да носам, дечкоми носи и сака да се прави операција ласерска, има ли некој што се има направено и дали било успешно? ви посакувам на сите шти носите да не носите и даа гледате совршено чисто!
Јас носам веќе 5 години, прво ич не ги сакав ваљда оти не ми беше погоден оквирот а ептен мал диоптер имав -0.5 и од што не ги носев редовно ми се покачи на -1. Сега си земав нови наочари и леќи, ама толку сум се бендисала со новите (винско накај виолетово се), леќите само за излегување ги ставам.
Носам леќи, а и наочари, но поретко (сега си купив едни нови и кога ме видоа дури и добив надимак Миа Калифа ), но многу поретко. Видот ми е -3 пустата .
Да, носам.Почнав од седмо одделение и коа дознав дека треба да носам наочари буквално се акав од земја од плачење.Почнав со многу грд оквир, правоаголни беа и ги мразев.И не ги носев, само на школо часови кога ќе имавме и кога требаше да гледам од табла. После прва година си зедов нови оквири, црни, мачкини и ептен се бендисвам во нив.Па коа ќе ставам туш под нив,за мерак ми се.Само што и овие не ги носам баш најредовно затоа што имаат малку,да не речам необичен и елегантен изглед, и не ми се баш да ги носам во секоја пригода.Иначе диоптерот ми е -1,5.А и доста доктори имам слушнато кои не препорачуваат наочари да се носат 24/7, така да си наоѓам оправдание.
Јас треба да носам очила за вид ама никакви неможам да си најдам што ми одговараат, а незнам за леќи да носам некако ми е страв
Не е ништо страшно верувај, многу се лесни и меки и неможеш да се повредиш, а за инфекција треба да ги вадиш и ставаш со чисти раце и да внимаваш на шминка, језда јас никогаш не сум се инфицирала до сега а веќе 2 години ги носам , ако ти е помал од -1,5 диоптерот нема потреба од леќи, доволно ти се очила сега за сега
Носам за читање... носев цел живот до седмо одделние, ајде сега пак реприза, можеби не гледам добро ама каков изострен слух имам абе чудо нешто