Носам од пред две недели, мал диоптер - 0.5 на двете и топ ми е хахах баш ми е интересно и ми се прави филмот, некако веќе почнав да си ги чувствувам како дел од мене и нонстоп ги носам.
Носам веке 3 години , до пред 3-4 години дремев на тел и компјутер па отиде видот на далеку . Потоа се заљубив во книгите почнав да читам и сватив дека и од близу нема што да ми е видот ако се трудам да читам без очила главата ке ми пукне па затоа многу ретко ги тргам очилата. Ги имам и во повеке рамки да ми се согласуваат со повеке , различни аутфити!.
Носам уште од втора година средно. Ама заедно со нив си зедов и леќи и сега очилата си ги носам по дома, а леќите за некаде надвор.
Здраво, јас сум скептик, утре одам на очно и најверојатно ќе ми дадат очила. Е сега какви очила че ми стојат и каква боја на рамка тоа е сетиот проблем.
Ќе си пробаш различни рамки и ќе си одбереш што ти се допаѓа. Носам со години веќе очила. Прво третирав еден проблем, потоа видот ми ослабна и сега ми се верни другарки. Без нив од кревет не се станува
ако толку не сакаш да носиш, ќе си земеш леќи. И јас како кравче, носам очила 18 години скоро, лечев еден проблем,сега друг. Барем сега има избор на рамки
Со што ги чистите стаклата ? Со тоа како марамче (крпче?) што е, повеќе ми ги размачкува. Дали има некои посебни влажни марамици? Или можеби ги миете со некое средство?
Јaс мoите ги бришaм стрoгo сo крпчетo нивнo штo дoјде сo футрoлкaтa. Прoбaв сo крпче зa oчилa oд кaм ми рaзмaчкa зa сите пaри едвaј ги средив.
Со онакви специјални влажни марамчиња за очила од Кам. Мислам дека во пакување има 50 такви марамчиња и чини 60тина(или 70тина) денари. Ја претходно ги чистев со што стигнам, ама колегата на работа кога го видов си носи такви у новчаник(толку се мали) и секое сабајле по еднаш го поминува двете стакла со едно и цел ден му се чисти и јас почнав со таа иста практика. За таа цена не се мислам искрено за ништо друго. На каса ги има знам, плава кутија.
И мене тоа крпчето повеќе ми ги замачкува, отколку што ги чисти. Јас ги чистам со тоа што ги мијам со сапун и вода (дури и по неколку пати во денот) и после ги бришам со салфетка.
Јас многу години ги користам влажните марамчиња што се специјални за чистење на наочари од Кам маркет. Во плава кутија се, има наочари на кутијата, не можеш да ги утнеш. Пробај ги, ќе бидеш презадоволна.
Дремам по цел нок на компјутер и имам потреба од очила, но незнам од каде да почнам се плашам од очилата ?? а имам голема потреба исто како и одбивност кон нив