Да сеа пред некој месец почнав да ги носам иако требаше уште пред две години ама една докторка ми викаше дека сето тоа ми е од замор се додека ств почнав да не гледам и да ми се матат сите бројки и букви И убаво ми стојат
Нешто ептен чудно забележувам во последно време, па некој што носи очила да ми каже дали е тоа дека видот ми е намален.. Од ептен скоро ме боли чудно главата, а и некако очите (инаку не сум носела очила никогаш), и буквите од далеку (па и помали предмети) ми се дуплирани На пр превод на тв.. еден нормален и еден посветол доле дуплиран гледам Како што се доближувам така се израмнува и од блиску гледам еден чист превод..
Еден преглед на очно да си направиш може да ти се појавил диоптер, може да се работи и за умор. Јас носам очила и се случува при умор посебно навечер да ми се дуплираат преводите иако ги носам.
Може и да е умор... Но како поминува денот, како гледам.. се повеќе ме боли главата. Ке одам на еден преглед... Баш ке приметам и сабајле одма после спиење дали ми е дуплирано.
@mariz не мора да значи дека е диоптер, можеби очниот мускул ти е уморен и треба да правиш вежби за да го "зацврстиш".
Кога веќе имаш чести главоболки најдобро преглед што побрзо, мене после породувањето ми се зголеми диоптерот тогаш имав и главоболки па и вртоглавица, се испроверив тогаш за на крај да испадне дека е диоптерот зголемен
Ако сакаш оргинал по Оптиките ако сакаш обични, Дуки Дасо, некоја продавница за накити, Бит Пазар итн..
Колку се движат цените на брендирани очила за вид? Инаку имам лош диоптер. Сакам квалитетни затоа барам бренд но до кај 10000-12000 денари би можела да издвојам. Што би можела да купам и каде за овие пари?
Носев, не носев, сеа пак носам имам 4-5 пара дома, оквири во последно време си нарачувам од алиекспрес зошто 3000ден за оквир не ми се даваат, ги носам во оптика и им ставаат стакла.
Носев ама потоа златното откритие леќи ми ги замени ги носам само по дома, обично пред спиење и толку
И да знаеш дека се златни, само што јас не можам да ги носам, од америка ми нарачаа бадијала очите чешма и црвени ко три дена да сум плачела Братми ене го гајле нема со нив.
Дали првите неколку сааати/ден два е можно да имам замаглен вид при прво носење на наочари? и главоболки исто?
Бидејки јас бев на очен и со стаклата што ми ги стаде таа да пробам ми беше многу поматно, отколку нормално како што ги гледав тие буквите. не знам дали е во ред така ?