1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали облеката ја зголемува самодовербата?

Дискусија во 'Мода и стил' започната од rossonerka, 11 мај 2011.

  1. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Има едно истражување во кое 50% од жените одговориле дека нивното омилено парче облека им ја зголемува самодовербата повеќе отколку нивниот партнер.
    Да не сте дел од овие жени? :)
    Многу жени кога ќе се облечат убаво, се чуствуваат убаво секси и самодовербата им е 100ка :)

    Колку вас облеката ви ја зголемува самодовербата?
    Дали кога ќе се облечете убаво, кога ќе обрнете внимание на вашиот стајлинг погордо чекорите, главата во вис и светот е мислиш ваш.
    А и обратно на тоа сите девојки имаме денови кога не ни е до дотерување и кога не се чуствуваме убаво во нашата облека. Дали тоа значи намалување на нашата самодоверба? Не сакате никој да ве види, мислите дека не изгледате убаво, одвај чекате дома да си одите и пресоблечете...

    Или кај вас облеката не ви влијае на самодовербата?
     
    На lackygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  2. ehrgeizig123

    ehrgeizig123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2010
    Пораки:
    427
    Допаѓања:
    157
    И те како влијае.
    Кога ќе си се облечам убаво од глава до пети, кога ќе си се средам летам у облаци. Убаво ми е и мислам дека можам да постигнам се што сакам во тој момент.А најчесто и така е :$
    Иако имам и моменти(ко сега пример кога е испитна недела) неам никаква желба за дотерување, па тогаш онака сум, не нешто посебно расположена.
     
  3. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    ја зголемува и тоа премногу
    кога ќе бидам средена од глава до пети тип и топ па се осеќам пријатно самоуверено женствено повод за насмевката да ми е запечатена на моето лице поголема самодоверба имам и кон партнерот во тој момент се разбира тоа е нормално облеката дава самодоверба сакале да прифатиме или не
     
  4. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    3.093
    Допаѓања:
    6.829
    Пол:
    Женски
    Секако дека облеката ми ја зголемува самодовербата,исто толку колку што некогаш може и да ми ја намали. :lol:
    Кога сум средена тип-топ,не само во поглед на облека туку и на добра фризура,фина шминка,добри нокти,тогаш се чувствувам посамоуверена,помоќна,позаводлива...Облеката многу влијае врз жената,факт е тоа.Секоја жена сака да е средена,тоа е неминовно.Мислам дека облеката не го прави човекот,но ја зголемува самодовербата на една жена. :)
     
    На esperanca и 2468 им се допаѓа ова.
  5. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    6.084
    Допаѓања:
    20.852
    Пол:
    Женски
    Ја зголемува и тоа многу. :lol: LIKE за темава :*
     
  6. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    Секако дека ја зголемува. Кога сум средена се чувствувам привлечно, секси и заводливо. За да бидам привлечна за околината прво треба самата да се чувствувам убаво. Сакам да се грижам за својот изглед и да сум убаво облечена, тоа прави да се чувствувам подобро. :)
     
  7. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.819
    Допаѓања:
    1.691
    Многу ја зголемува...бар кај мене....кога сум скоцкана на штикли,а особено во нешто новичко,па и кога некој ќе ме измерка од глава до пети,а и кога ќе добијам комплимент-е чувството е ^_^
    Се случува некогаш и низ патичиња да искочам,и кога ќе видам некоја скоцкана да помине покрај мене,глупо се осеќам :( :D
    Не е самодоворбата само до облеката нели,но дефинитивно барем на момент ја зголемува.
     
    На soncicko му/ѝ се допаѓа ова.
  8. kankus

    kankus Популарен член

    Се зачлени на:
    31 декември 2010
    Пораки:
    1.472
    Допаѓања:
    870
    облеката не го прави човекот дааа ама дека влиаае на неговата самодоверба секако ;)
     
  9. Hiii

    Hiii Популарен член

    Се зачлени на:
    5 април 2011
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.563
    ДА кај мене облеката многуу ја зголемува самодовербата :)
     
  10. Sparks

    Sparks Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.194
    Хм, интересна тема Росоњерче.

    Вака кога прво пред да отворам и да го прочитам воведниот твој текст, веднаш си помислив многу јасно, ама кога подобро ќе размислам и да и не. Факт е дека секоја жена сака да биде дотерана по последна мода, да изгледа убаво и привлечно и да плени со нејзиниот изглед. Макар што по пропорција облеката не оди со самодовербата секогаш. Еве да речеме ќе купам нешто што е во најнова мода (цветови во примеров, винтиџ). Сигурна сум дека ако се облечам винтиџ, убаво скоцкано, ќе го задоволам тој критериум. Но некогаш се случува и таа последна мода да не одговара на личноста што ја носи. Што сакам да кажам? Сакам да кажам дека ако некоја девојка не се чувствува пријатно во тоа што го носи, колку и да е последната мода, колку и да е добра облеката, ако таа не се чувствува пријатно во својата кожа, тоа се осеќа. Во ставот кој го држи, во исправеноста на телото и аурата која (не)зрачи од неа. Јас на пример да се облечам во некое премногу деколтирано кошулче, колку и да е модерно, јас нема да се чувствувам убаво во него а и по пропорција тоа ми влијае врз самодовербата. Затоа кога бирам облека бирам нешто мене што ми е убаво, макар и да не е во последна мода.

    Еве ќе ја земам за пример Кристен Стјуарт од Твајлајт. Убаво ја облекуваат, убаво ја шминкаат, ама таа е како струп, воопшто нема самодоверба. А имам приметено дека кога ја сликаат по пообична облека е секогаш поведра и понасмеана. Некој колку и да го облечеш по последна мода, ако не знае да ја носи облеката не е тоа тоа.

    Друга работа што е многу битна е со каква енергија ти бил исполнет денот. Еве лично јас, си имам едно фустанче што ми е на срце, го гледам небаре е вредно милион долари. Ми се случило ако денот да ми е убав и во него да се чувствувам како божица, и да зрачам со самодоверба. Ми се случило и кога денот не ми е баш погоден да седам така дотерана ама да немам ни с од самодоверба.

    Во секој случај зависи, не смеам да речам не. Па на кој не му се крева самодовербата кога ќе се погледне во огледало, ќе се види како изгледа и е облечен и ќе си рече колку сум преубава денес! Муабетот ми беше дека облеката ја зголемува самодовербата, ама не е клучен фактор за истата.

    Јас лично се имам почувствувно пресамоуверено кога бев во обични фармерчиња и блузичка. Самодовербата можеш да ја имаш ако се опуштиш и не размислуваш за неа како правопропорционална со облеката :)
     
    На si.exs, nesa, Strumfeta93 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Спаркс, интересно размислување, малку ме подзамисли :?: ....
    Значи прашањето е дали кога ќе се облечете убаво се чувствувате полни со самодоверба и обратно?
    Искрено јас сум фармеркохолик (а постои ли воопшто ваков збор? :lol: ), обожавам фармерки и никогаш не ми е доста, сакам во различни нијанси на тексас боја, различна ширина, висок или низок струк...и нај, нај самоуверено се чувствувам ама баш во фармерки. 8)
    Е сега јас си го негувам спортско-елегантниот стил, многумина не го бендисуваат и не им е по ќеиф ама јас ептен се чувствувам секси кога носам тесна фармерка (што ми го оцртува задникот ) зачинета со висока штикла и накит...нормално остатокот од гардеробата одговара, сигурно нема да облечам некоја си памучна спортска маица. :!:
    Како и да е, внимавам гардеробата да соодејствува на пригодата, и ДА се согласувам дека влијае на мојата самодоверба...Ако убаво се чувствувам во тоа што го носам без разлика за какво парче облека се работи, чекорам со исправена глава и со градите кон татковината :lol: , а ако нешто што го носам мене лично не ми е по ќеиф, си се туфкам и си викам- ама се зае*ав и 100 пати ќе му префрлам на кривецот, т.е. на оној кој ме поддржал и ми рекол - супер си, а уствари не ни мислел така...или ми рекол супер си за да ме откачи побргу или за да не ме навреди.
    Затоа во последно време се носам онака како јас што сакам, ако се погледнам во огледало и се насмевнам, знам дека сум си се погодила и ќе шетам со кренат нос, ќе се фрцкам и ќе се прчам баш како Џ.Траволта во Саботна треска :lol:
    Меѓутоа ако не сум нешто посебно скоцкана тоа за мене не значи дека ми се намалила самодовербата, туку се работи за нешто друго, некој домашен проблем, болест и сл., значи немам време да се дотерувам, брзам и не ми е баш во тој момент дојдено до средување.
    Значи јас гласам за ДА. Облеката, ама онаа комбинација во која се чувствувате свои, влијае на самодовербата и тоа многу :)
     
    На marama му/ѝ се допаѓа ова.
  12. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Спаркс баш убав содржаен пост си напиша.
    Се согласувам со многу работи.
    Пример во воведниот пост си напишав за омилени парчиња, за нешто што ние го сакаме. И затоа темата ја насочив така на омилената облека и самодовербата.
    Но добро е што спомна за дали следењето и облекување според трендот и модата не прави самоуверени?Секако убаво е што сето тоа го објасни и се сложувам. И јас пример не носам деколтирано многу и не носам ултра кратко. Е сега ако се облечам некад во кратко фустанче сеедно што добивам комплименти јаааааао види нога, секси си бла бла ... јас не се чуствувам самоуверено, туку баш така здрвено, си викам леле кратко ми е, леле вулгарно да не е, не сум едноставно јас. Не дека немам кратко здолниште или имам ултра кратки панталончиња од џинс во кои јас се чуствувам ептен секси и самоуверено, но таква провокативна облека во која се чуствувам убаво се брои на една рака да не речам.

    Ама си имам омилени фармерки, омилени панталончиња, омилена блуза, секси чевли на потпетица, може и да се купено пеед 5 години ама јас си ги обожавам. Тоа се мои парчиња со кои се гордеам.
    Е тие кога ги носам мислам дека шетам на писта на ревија на Викторија Сикрет, сеедно што не носам долна облека/купари и што не сум секси како моделите :D , може и ролка да е, ама јас се чуствувам секси и самоуверено :)
     
    На marama му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Heartbroken

    Heartbroken Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 април 2011
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    17
    да точно.. јас сум многу шминкерка сакам убаво и не сум спортски тип значи сакам убаво да бидам облечена.. и кога не сум се дешава не викам не некако не се чуствувам убаво ми доаѓа во истиот момент да се вратам и да се пресоблечам. а кога сум убаво облечена многу ми е убаво и се осеќам прекрасно :)
     
  14. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    581
    Секако дека да, ако сум облечена во нешто што не ми се допаѓа како изгледа и како ми стои, како да имам самодоверба..Нели не си се допаѓам. А ако сум тип топ, е тогаш сум сигурна во себе.
     
  15. PePPa

    PePPa Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2011
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    4
    од се што сте напишале досега мои драги феминки сфатив дека се е до личноста и до тоа каква облека и одговара за да се чувствува убаво. џабе ти е последна мода кога мене тоа не ми стои брате, кој сака нека ми каже уау супер си кога јас осекам дека не сум јас тоа. јас сакам да ми е удобно пред се па потоа убаво...добро знам дека штикли ретко се удобни ама нив ги трпам кога сакам да сум топ ама сепак да не с епревисоки. не ги разбирам девојките низ град кои се дотерале со прекратки или претесни фустанчиња или каква и да е облека што не им е удобна и цела вечер се туфкаат дали нешто им се гледа или не, не знаат како да седнат и ДАЛИ да седнат или не дај боже да играат. пуффффф фала ама тоа за мене е ужасно помината вечер. на сите ни се случувале такви вечери чат-пат ама сите научуваме како да изгледаме супер без да се лишиме од удобноста.
     
  16. unlucky

    unlucky Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2010
    Пораки:
    201
    Допаѓања:
    79
    Јас искрено мислам дека облеката многу влијае врз самодовербата... барем кај мене.. кога ќе се средам и облечам онака по кејф, некои алишта што многу си ги сакам секогаш сум и посамоуверена и посреќно изгледам..ама ако се облечам во нешто што не ми е комотно или не ми се допаѓа многу е тогаш мислам дека сите гледаат во мене и ме оговараат како сум облечена :x
     
  17. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.709
    Пол:
    Женски
    Да. кога сум убаво облечена, по кејф, нешто што сметам дека убаво ми стои, тогаш нормално дека имам поголема самодоверба. Тоа нешто може да биде со години старо парче облека, сепак зголемува самодоверба. Но има и такви личности кои може за во диско да се облечени и во тренерки и без шминка и да имаат голема самодоверба. Јас сакам да бидам секогаш убаво облечена, макар со минимална шминка, не бидејки немам доволно самодоверба да излезам без шминка туку бидејки јас поубаво се чувствувам кога сум од глава до пети скоцкана. Типично женско. :)
     
  18. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.449
    Мене лично многу ми влијае...на интензитетот на самодовербата :lol: , што значи јас си ја имам и онака,
    ама ако сум средена и скоцкана, така да јас си се бендисувам, независно од туѓите комплименти, тогаш мислам дека МОЖАМ СВЕТОТ ПОД НОЗЕ ДА ГО СТАВАМ :D ...или во реална рака земено, да ги исполнам поуспешно задачите што ги имам за тој ден, барем делот кој зависи од мене...
    Во деновите кога сум се облекла, набрзака, или некое парче што ми влага во комбинација ми е за перење или не е пеглано, а јас немам време и излагам така ,,нецелосна,, лошо се чувствувам, и едвај чекам да се вратам дома :lol: , ме мачи едно убиствено чувство тој ден, се оставам за утредента, и само чекам да влезам низ врата да се пресоблечам...
    Исто се случува и ако сум излезена за мој вкус ,,обично,, безлично облечена, да речеме фармерки и обична блузичка, ако нема некој мој печат, јас воопшто не се чувствувам пријатно, затоа имам навика, а и повеќе од навика е, еден дел на мене, дали од гардероба или од аксесорис да е понеобичен, уникатен, впечатлив, типично јас да биде...
    Ако се приметам стопена во масата многу се нервирам, незнам зошто, ама од секогаш сум била ваква, од најрана возраст, малку понеобични комбинации, нешто што не го носи секој, биле мој заштитен знак...
    И уште да напоменам, дека ништо не ми менуваат комплиментите, ако јас се чувствувам нелагодно, неубаво, и сум убедена дека не ми прилега баш тоа што го носам, е премногу обично,нема комплимент на светот што ќе го смени таквото чувство кај мене...
     
    На faye, Angelche и marama им се допаѓа ова.
  19. infinity

    infinity Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 март 2011
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    30
    да,дефинитивно се осекам по самоуверено во моите најомилени парчинја облека но не и во последната мода,доколку е по мој вкус да , ако не е нуту ја погледнувам и нема ни девојка ни жена која ке излезе случајно не средена па макар и до продавница нема да се срамии од околината т.е нема да му падне самодоворбата така да женски не рекле за дјабе старите руба краси руба гнаси
     
    На La.Reina.Del.Sur му/ѝ се допаѓа ова.
  20. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.878

    Сосема се согласувам со тебе infinity :) :) :)
     
    На infinity му/ѝ се допаѓа ова.