Да, но сето тоа е краткотрајно. Самодовербата не треба да доаѓа од тоа што носиш, каква кола имаш или каде живееш, треба да доаѓа од главата
Se soglasuvam so tebe Perina.Za zal mnogu luge ne si ja cenat sopstvenata vrednost i seto toa go krijat zad prizmata na parite.
Дали облеката ја зголемува самодовербата? Конкретно кај мене да,а претпоставувам и кај поширок дел од женската популација,па и машката. Динамичниот начин на живот,искривувањето на општествените вредности придонесе изгледот да биде пресуден за општествениот пиедестал на кој чекориме. Јас на жалост сум искомплексирана личност.Тако што облеката кој ја носам во одреден момент,посебно ако во неа се чувствувам убодно и е по последната мода,и те како ми влијае на самодовербата.Се чувствувам убаво,престижно,моќно.. Во пообична секојдневна облека,сум повлечена,се надевам ќе поминам незабележително. Но на крајот од денот,кога таа облека ќе ја тргнеме од нашето тело..ние сме тие истите,незадоволни од самите,криејќи се зад парче облека.
Да! Мене искрено попријатно ми е кога сум облечена убаво и онака како што сакам. Но мислам дека тоа не е најважното,бидејќи за само неколку мигови може сето тоа да се уништи.(најбитно:памет во главата )
Дефинитивно ја зголемува! Колку ми е мене само поубаво и колку сум посамоуверена кога ќе облечам нешто ново што мене ми се допаѓа.Но сепак не е се до облеката,зошто кога некој ќе отвори уста што и да има облечено не е важно
Секако! Кога ќе си се пицнам по вкус, мислиш ќе полетам а ако сум несоодветно облечена или сум се утнала цело време со тоа ќе се опседнувам и нема да можам да се опуштам. Поради тоа ако треба поминувам по 3 саати пред плакарот и огледалото
Секако дека да. Облеката може не го прави човекот, ама многу е важна. И јас како феминката над мене, се чувствувам преубаво и самоуверено кога ќе се дотерам како што сакам, мислам дека ќе полетам. Всушност, никаде не одам несредена. Преку облеката се формира сликата за карактерот на една личност, не само преку однесувањето. Ако човек сам себе не се среди, зарем е способен за нешто друго да направи? И не зборам за марки и такви работи, тоа секако дека не може секој да си дозволи, а и за мене воопшто не игра улога во бирањето облека.
Апсолутно. И не станува збор за цената на таа облека, туку како ти се чувствуваш во неа... Секако дека имам повеќе самодоверба ако сум средена од глава- до пети! Почнувајќи од долната облека, кошулата, фармерките, чевлите, палтото, ташната... Ако целата облека е на место, ако ми стои перфектно, не се чувствувам непријатно (да ги дигам фармерките цело време, да ме стегаат чевлите, ако кошулата не ми е претесна), ако сите тие работи се чисти и испеглани, и тоа како ќе влијаат на мојата самодоверба.
Секако дека ја зголемува, но само ако убаво се чувствуваш во неа, ако знаеш како да се искомбинира и секако спрема телото да стои убаво.
Сметам дека е точно. На пример, сега сум полничка, па кога ќе облечам нешто кое што убаво ми стои, и не ми ја истакнува дебелината се чуствувам поубава- значи поголема самодоверба. Е сега среќа што јас сум полничка само во мешето и бутките па и да облечам нешто пократко и поширочко не се познава толку.
Ако е добро комбинирана и лагодна, зошто да не? Иако тоа кревање на самодоверба не е трајно, туку привремено ако во случај имаш недостаток.
Не! Се додека не ми се веѓиве како што сакам да ми бидат, ништо не може да ми ја зголеми самодовербата