Докажано е дека кога изгледаме убаво и нашата самодоверба е поголема. Поинаку се однесуваме, поинаку одиме и поинаку се чувствуваме. Зошто тогаш секој ден да не се чувствувате така? Не мора да имате полн плакар скапа облека за да се чувствувате подобро. Само прескокнете ги џемперите и изберете нешто друго. Најдете парчиња облека кои веднаш ќе ви го подобрат расположението. Еве зошто: ● Кога изгледате добро, подобро и се чувствувате ● Оставате добар впечаток кај другите ● Никогаш не знаете кого можете да сретнете. Зарем не сакате да изгледате најдобро што можете? ● Животот е премногу кратокот за да носите досадна облека ● Имате повеќе самодоверба ● Модата е начин на самоизразување. Изразете се! ● Моментално ве мотивира ● Ако сте во можност, треба да се разгалите ● Подготвени сте за заведување ● Заслужувате да изгледате најдобро што можете Спојлер Преземено од http://karmin.tocka.com.mk/56/110954/de ... -sekoj-den
Да ја зголемува самодовербата. Не мора да е нешто скапо, марка, ама ако убаво ми стои се осеќам пријатно во своја кожа. Е тогаш со задоволство и работам и се. Ама ако утнам со облека, тој ден волја нема за ништо. Чекам дома да си одам и да се ослободам од облеката.
Секако дека жената колку поубаво облечена ја чувствува големината на самодовербата. Но,пред тоа треба да и биде удобно во тоа што го носи за да биде сигурна во себе,дека изгледа убаво.
мислам дека да....кога ке го облечете вашето омилено парче облека во кое се осеќате убаво со тоа сте и на повисока вибриација онаа позитивната
Секој човек си е приказна за себе со свој вкус и гледишта кон ваквиот избор. Сепак сметам дека доколку се дотераш и се трудиш секогаш да изгледаш пријатно и вкусно е добро за нас, нашата психа и гледано одоколу. Не се доволни само финансиските сретства за да некој изгледа дотерано и пријатно за око, може секогаш да се помине и со поефтина варијанта околу гардероберот доколку се има мотив за кративност и мотивација, желба за експериментирање и играње со боите и вкусовите. Облеката не ни ги лечи фрустрациите но потпомага во улогата на самодоверба.
Дефинитивно влијае, всушност немора да значи дека сум најубаво облечена, тука така се осеќам. Ми се случува поубаво и попривлечно да се осеќам во патики отколку на штикли. Самодовербата тогаш е на задоволително ниво.
Дефинитивнo дa, влијaе. Не мoрa тoa дa е нештo скaпo или некoи пaрчињa oблекa oд некoјa мaркa, вaжнo е дaли oблекaтa му прилегa нa телoтo спoред прoпoрциите. Искренo зa мене дa си кaжaм, сaкaм кoгa сум убaвo oблечен, oнaкa пицнaт oд глaвa дo пети шo би се реклo. Пa и гелче кoгa ќе си стaвaм нa кoсaвa (инaче 24/7 мoрa дa ми е кoсaтa среденa, aкo не стaвaм ѓел се oсеќaм грдo некaкo) и кoгa ќе претерaм сo пaрфемoт. Секoгaш велaм декa се дoтерувaм пред сè зa себе зa јaс дa се oсеќaм пoубaвo, a дури пoтoa зa другите. И тaкa требa дa биде.