Па, за оние кои немаат самодоверба, може да послужи за да си ја маскираат таа внатрешна несигурност со проверена, стилски искомбинирана и впечатлива гардероба. Но, сепак тоа е само површно маскирање, зошто самодовербата е внатрешно чувство, а несигурноста си тлее внатре во личноста. Ако не и е удобно во таа, повеќе наметната облека, која не е нејзин личен стил, тогаш пак ќе се чувствува несигурно и покрај напорите да изгледа самоуверено во неа.
Ми ја зголемува и мислам дека е нормално.Кој не се почувствувал барем еднаш посебно заради некое парче облека според мене лаже.Јас си ги правам комбинациите според тоа како се чувствувам тој ден и понекогаш и иста комбинација која направила да се чувствувам супер некогаш дента може да не ми одговара на расположението.Исто имам парчиња облека кои со години не ги носам зошто не ми дошло такво расположение и понекогаш го менувам мислењето и ги заносувам.Има и такви кои кога и да ги облечам се чувствувам прекрасно и посебно.Особено кога ќе си се средам од глава до пети Па и жалче сум бе, едвај си наоѓам работи да се скорз точни за мене и во висина посебно, зошто сум целата ситна,а некако и најмалите бројчиња сега ги прават поголеми од порано и се разочарувам, толку имам мерак на нешто да си купам и на крај се нема бројче.Па затоа кога ќе најдам нешто таман да ми е, особено за вечерни излегувања,ептен се возбудувам *едит: Спојлер Mислам дека нема врска гардеробата ако некој воопшто нема самодоверба, не може магично да му ја додаде, си се познава по човекот кој е искомплексиран.За нијанса две може да се почувствуваш убаво, ама не е едно моментално чувство дефиниција за самодоверба. Ниту пак дека некој пробува да се маскира со впечатлива гардероба, тоа си е сопствен печат и начин на искажување, зошто да се гледа како маскирање.Па верувам дека ако одиме во крајности и најсамоуверен човек нема во партали да се чувствува самоуверено и добро.
Ми ја зголемува секако и треба тоа да е така млади сме убави кога ќе се дотераме треба се на нас да крца и уште поубаво да се чувствуваме и секако кога ќе се дотерам самодовербата ми расте затоа што се чувствувам убаво да имам нешто ново како и сите др. и благодарна што тоа ми било овозможено
Се разбира дека ја зголемува. Не е исто да се излезе во некоја прекрасна комбинација и во нешто без врска. Баба ми употребува една поговорка: руба краси, руба гнаси.
Мене ми влијае. Обожавам кога ќе се пицнам у нешто што ми е омилено за носење или во кое се допаѓам ептен како ми стои на моето тело.
Облеката знае да ми ја зголеми самодовербата до максимум.. Некогаш знае и целосно да ми ја уништи. Се зависи од тоа како ми стои парчето што сакам да го носам.
Кога носам нешто во кое се чувствувам удобно, самодовербата автоматски ми се зголемува. Исто така, забележувам дека некои парчиња облека ми даваат чувство на моќ и авторитет, на пример, сако, костим итн. Ист ефект за мене има и црната боја, ме прави да се чувствувам моќно, особено кога целата сум облечена во црно.
Дефинитивно да! Сум приметила по мене, кога носам нешто убаво се осеќам како дама, со став, со гордост. А кога носам нешто што не ми е убаво се осеќам како саката.
Апсолутно да. Јас генерално од дома испаѓам секогаш дотерана од глава до пети, скоро никогаш во тренерки, хеланки и слични работи кои не се елегантни. Елеганцијата дава чувство на моќ и самодоверба.
Во принцип немам некоја мала самодоверба, ама и не ми е висока до плафон, онака нормално се чувствувам, е сега нормално дека самодоверба имам повисока ако се дотерам а не да излезам во алиштата во кои би готвела по дома, што не ми се случило до сега. Е најмалку самодоверба имам во ПМС, абе и најмногу да сум пицната јас сум тогаш раскенкавена, со размислување како е многу тешко жена да си и стомак да те боли, па мачнини да имаш, ми трае 24 часа и од нареден ден пак е најубаво жена да бидеш
Доколку некој нема самодоверба и најубавите парчиња облека да ги облече, залудно е, пак ќе ја нема, може само да му послужи како маска и да ја прикрие таа несигурност во себе. Лично мене не ми влијае на самодовербата, најчесто сум во тренерка и патика и се чувствувам супер, немам проблем да излезам било како облечена.