Уф и тоа како. Кога ги носам омилените парчиња сум посреќна и посамоуверена, одколку коа ќе облечам нешто ради реда, а не ми е по ќеф. Ми влијае и на расположение, ептен сакам коа лето се облекувам во весели бои, ми дава живост и на мојот карактер. Сакам кога ми е средена косата, немора фризури, него онака само да е чиста, мазна, сјајна, а не да се кријам да не ме забележни некој. Или ноктите сакам да ми се средени. На времето кога ги грицкав ја криев раката цело време, и умот таму ми беше. Вака кога сум средена се осеќам супер. А самодовербата доаѓа од тоа ти како се осеќаш внатре. Колку посамоуверена си, толку подобро и облеката ќе изгледа на тебе, без разлика што носиш Ако јас носам ниски сандалчиња и се осеќам прекрасно тогаш ќе зрачам со повеќе смоувереност отколку некоја девојка што облекла штикли, а е смуртена зашто не и се по ќеф или мисли дека не и стојат добро Посебно ми се зголемува самодовербата кога носам секси долен веш иако никој всушност не го гледа, јас се осеќам секси во него и тоа доаѓа до израз преку самодовербата
Искрено многу посамоуверено се чувствувам кога носам секси долни веш,многу по привлечно,и многу по вешто шармирам макар и во присуство на дечко ми(како резултат на поголемата самодоверба)!!! Самодовербата и те како ни носи големи бенифити на секое поле,јас најсамуверено си се чувствувам кога носам (претежно) црн стреч припиен фустан кој суптилно ја изрзува фигурата на телото,и ги дава до израз сите женски адути.Нешто вака на пр: Убаво е девојката да се чувствува прекрасно во својата кожа,облеката сето тоа го допринесува,но секоја девојка може да се чувствува самуверено ако знае да ја носи својата гардероба и да ја искористи својата сексуална енергија. Девојки облечето го своето омилено парче облека,подигнете ја својата самодоверба,употребете шарм трик,и хипнотезирајте ја околината.
Да, облеката влијае на самодовербата а џабе е се ако таа сама не верува во себе дека е убава. Ако таа верува во себе тогаш облеката е само шлагот а таа едноставно зрачи на сите страни.
Мене ми ја зголемува самодовербата облека во која се чувствувам удобно. Колку сака нека е фенси шменси, ако не сум опуштена кога ја носам - самодовербата ми е под нула. Тоа особено важи за кратки фустанчиња или длабоки деколтеа, тука се пронаоѓам во коментарот на Росоњерка Во принцип јас и за по дома сум средена, или за спиење. Се нервирам ако не ми одговараат чорапите со маицата, пижамата или стегачот
Hell yeah! И тоа многу! Обожавам кога ке се дотерам како што доликува, од глава до пети. Но не мислам на мини суќни и длабоко деколте. Обожавам кога ке се облечам елегантано и во мој стил и ке зачекорам на улица со заводлива насмевка. Дури и ако сум ја облекла најубавата и омилената долна облека (Која нормално не се гледа ) Се чувствувам самоуверено. И како што чекорам чувствувам дека машките се вртат а јас така гордо гледам само пред себе, довикнуваат, свират, озборуваат, зборат а јас сум ладна Е тогаш од среќа и самодоверба можам фиууу до небо да полетам.
Како и кај секоја девојка Ма кое чувство е кога во лето имаш лепршаво фустаче, што ти е по мерак, или кога си на "Модна писта" по крпените наши улици, ама ху карес, ти си тип топ во новите ципели кои можат да се отпростат од подлогата или во посериозен случај од самата потпетица. Навистина, задоволство е кога сме средени, убаво миризливи, и крадиме туѓи погледи....
Да премногу. Доколку не се чувствуваш убаво во тоа што носиш ќе мислиш сите во тебе гледаат и дека нешто ти фали. Ако сама си мислиш дека си скоцкана како што треба одма зрачиш со подруга енергија
Дефинитивно многу ми влијае. Кога ќе се дотерам или си купам некое ново парче облека по ќеф зрачам со позитивна енергија и самодоверба, многу сум порасположена. Не ми е битно што другите мислат за тоа што сум го облекла, битно мене ми е убаво
Да и тоа како ја зголемува. Јас многу пати имам видено просечно убава девојка и сум рекла WOW, заради целосниот стајлинг. Ако ја тргнеме облеката од неа верувам дека нема да искоментирам ништо посебно Јас тргнувам од самата себе. Не сум иста во тренерки и широка маица и во некои тренди фармерки со потпетици на нозете. Па и да не сме нашминкани, едни наочари и веднаш изгледаме повпечатливо
Да и те како Секоја девојка која подолго време се чувствува лошо, депресивно, осамено, слободно нека си го облече најубавиот комплет гардероба, со најубавите штикли и нека прошета низ градот. Прво во самата гардероба ќе се чувствува прекрасно, независно дали девојката има вишок килограми, бидејќи со добри парчиња, скроени за нејзина конструкција, а не парчиња кои некој моден тренд ги диктира a ќе ми простите но не секому прилегаат... и те како има да и се зголеми самодовербата. Пак и кога ќе примети еден, двајца, па тројца како ја погледнуват малеее нормално дека има уште повеќе да крши колкови кога ќе оди и тоа носот да го вивне да пресече некој облак I see you baby shakin' that ass
Да ја зголемува. Иако облеката не го прави човекот, сепак начинот на облекување влијае врз тоа како се чувствуваме. Нашата претстава за себеси има огромно влијание врз тоа како другите луѓе не доживуваат.
ДА!Барем за мене има огромно влијание тоа,дури не сакам до толку...ако не сум средена и убаво облечена неможам да се осеќам убаво-никако!Едноставно сакам да бидам стално средена... сакам лицето и косата да ми бидат средени секогаш,дури и да сум во тренерки,и да одам по цигари,и стално мирисам убаво,не мора да носам штикли за да се осеќам посамоуверено.
Да, секако дека ја зголемува. Секогаш сакам да бидам пицната од глава до пети....освен кога идам во школо ме мрзи ненормално да се средувам во 7 сабајле но и не е потребно за таму . Инаку сакам кога со убавиот изглед мамам и женски и машки погледи, кога знам дека тоа што го носам навистина добро изгледа на мене.
Да, ја зголемува. Верувам секоја девојка има омилено парче облека или чевли и кога ги носи се чувствува прекрасно. Речиси секогаш кога ме очекува напорен ден знам да ги облечам омилените обувки или пак фармерки и се чувствувам супер. Само што ќе се погледнам во огледало насмевка ми се појавува и одам посамоуверено, тогаш ни шминка не ми е потребна.
Да,да,да! Ако се облечам по мој вкус и претходно кога дома сум се студирала пред огледало ептен си сум се допаднала,ќе си шеткам со мерак и секако ми се зголемува самодовербата. Често кога немам време,пример за на факс,да се средам и набрзинка сум се облекла,тоа што сум нашла,се осеќам некако чудно,стуткано . Ако облеката си е во мој стил,нешто што пред се мене ми се допаѓа,посебно пак ако добро ми стои и одговара на мојата конструкција,самото тоа ме прави посамоуверена. Тука не играат улога нови алишта,марка и слично,туку тоа како јас се чувствувам во нив.
Да, затоа што кога изгледаш убаво и се чувствуваш убаво. А, особено кога се носи облека од познат бренд, тогаш се чуствуваш .. Незнам дали моќно е најсооедветниот збор, но така како да можеш се. И да не заборавиме колку сите го сакаме „одиш по улица, се вртат по тебе“ моментoт кога си dressed to kill.