Да. Не мора бренд, не мислам дека расте 10 цм ако си во бренд, но по мерак и убаво облечен и скоцкан, и те како. За жена па муабет ич не прам, нов фустан, и -тргајте ми се од патот-.
Да, облеката ја зголемува самодовербата! Најблиско искуство со тоа ми беше баш викендов кога во последен момент одлучив да излезам и облеков тоа што прво ми падна на памет, тоа што прво се најде пред мене... Иако целокупните фармерки кои ги носев (фармрки+топ заедно) се модерни сега јас не се чувствувам удобно и цела вечер се ми беше глупаво и лошо си поминав... Цело време мислев како ќе ми паднат од мене...едноставно се чувствував како на стап да сум ги ставила (незнам кај ми беше паметото кога ги купував ) Значи немора нештото што ќе го носиш да биде по најнова мода, доволно е тоа ти да не се чувствуваш убаво во него па лошо се чувствуваш .
Јас сметам дека облеката многу ја зголемува самодовербата мислам дека сите особено кога ќе облечеме нешто ново се чувствуваме поубаво и попривлечно.
уфф премногу ја зголемува довербата! секогаш се чувствувам полна со самодоверба ако си се бендисам како сум облечена!
Мислам дека носењето на вистинска облека автоматски ја зголемува самодовербата. Кога сум целосно средена се чувствувам посамоуверена и помоќна. И да.. тоа е "само мода", но влијае на моќен начин.
Кај мене да, и тоа многу. Поубаво се чувствувам кога сум си средена, носам нешто што знам дека ми прилега. Повесела сум, и тоа ја крева самодовербата. Ми се чини дека така сите повеќе ме забележуваат. А, пак кога ќе падне и по некој комплимент.
Тоа e 100% докажано. Кога носам нешто ептен тренди, убаво и знам дека секоја сака да го има се чуствувам ите како самоуверено, да!
секакко дека облеката ја зголемува самодовербата. не е исто да се облечам во широки фармерки и стара маица како и да се облечам во некоја слатка сукњичка и тесна маичка. но сепак најбитно според мене е да ни прилега тоа што го носиме
Многу има мислења па не ги читав, ќе одговорам директно на прашањево . Епа вака, сметам дека облеката ја зголемува и тоа како ја зголемува самодовербата. Посебно на нас тинејџерите. Од искуство можам да зборам дека ако не сум дотерана се осеќам како да не се вклопувам со средината и имам чувство дека сум отфрлена.
Големо ДА! Убава облека, облека во која убаво се чувствувам = самодоверба до небо. Но, сепак да разграничиме нешто, ако не се сакаш себеси или ако не си го сакаш сопствениот изглед и тело, ни најскапата облека не може да ти помогне. Мене можеби некои ме нарекуваат нарцис, но се чувствувам прекрасно во своја кожа и тоа и го покажувам. I always walk like I have an invisible tiara on my head! И тоа е совет што им го давам на сите. И секако, шопингот е ДЕФИНИТИВНО НАЈДОБРА терапија за депресивни или лоши денови. Едно парче облека = инстант добро распoложение. Кај мене така работи системот.
Секако дека ја зголемува, барем кај мене...кога ми се допаѓа тоа што го носам сум многу посамоуверена отколку кога нешто не ми се допаѓа...тогаш се чувствувам како нешто да ми фали и едвај чекам да одам дома и да го соблечам тоа што го носам!!!
Да и те како. Ако носиш нешо многу убаво и те како посамоуверено ќе се осеќаш и ќе го носиш со самодоверба. Уште па некој кога ќе ти даде комплимент уште толку. Барем кај мене е така.
Сум забележала дека кога носам некое парче на облека што ми се допаѓа значи во глобала и како ми стои и се тоа дека с ечуствувам по самоуверено што знам можеби омилените парчиња на облека ми ја зголемуваат самодовербата
Да, многу и тоа. Секој се чувствува поубаво кога е среден од глава до пети и кога некој ќе се сврти по него.. Далеку од тоа дека облеката мора да е брендирана, скапа што и да е, туку едноставно да ги истакнува вашите сопствени квалитети
Искрено кај мене многу,многу ми ја зголемува самодовербата.Кога сум дотерана одма се чувствувам посамоуверено,помоќно,поубаво...а и самата околина поинаку реагира Понекогаш ми влијае и на расположението
Се средувам, се дотерувам, шминкам и секако поубаво и поудобно се чувствувам отколку кога сум најобично средена. Многу ми ја зголемува самодовербата, т.е. една од работите кои ми ја зголемуваат
Да, дефинитивно да. Едно е кога си средена тип-топ, друго е кога не си. Се разбира, кога си средена, нашминкана и самодовербата автоматски ти расте. По мое мислење облеката влијае на самодовербата, за некои девојки повеќе, за некои помалку, но сепак влијае.
Имам примери од две-три школски. Они не искачаа, беа мирни ученички, она ова. Кога почнаа летото да се дотеруваат, па миничи, па штикли . . . Сега се сосем други. Мило ми е за нив, ама не мораа да станат снобови. Така да јас мислам дека ја зголемува самодовербата. Не само кај девојки, туку и кај машки. Кај мене и така и така. Порано да, се грижев многу кој што мисли, сега сум друга, така да. . .
Да и те како. целата појава на средена особа делува убаво прво за себе како личност ... па потоа за тие околу нас
Охоо секако. Според мене е нормално да ја зголеми довербата. Сакаш да се истакнеш, да оставиш впечаток, да се покажеш за тоа голем удел има облеката, особено ако е ново купена тогаш се шеташ на сред чаршија сите да те приметат.