Да се разбира многу поубаво се чуствувам кога сум скоцнана од глава до пети по самоуверена сум а и плус штикла е тогаш се осеќам прекрасно
Сигурно спаѓам во тие 50% кои се чувствуваат посамоуверено кога ја носат омиленаа облека. Всушност,скоро секое парче ми е омилено на некој начин,но од моменти на моменти некои од нив преовладуваат. Ама најомилени ми се тренерките,смејте ми се ако сакате
Според мене влијае и тоа многу, јас кога ќе облечам некои од моите омилени парчиња се осеќам поубаво, имам повеќе самодоверба
И тоа како ја зголемува самодовербата.Секој се чуствува убаво кога знае дека е среден од глава до пети кога ќе добие комплименти за неговиот изглед.На кој не би му годело тоа?
Секако дека влијае! знаеме дека облеката не го прави човекот ама начинот на кој се облекуваме влијае врз тоа као се чувствуваме! Секогаш е интересно да си изградиш некој сопствен стил и да бидеш на некој начин претпознатлив и необичен кај другите.Не мора да е тоа некоја си брендирана облека,онака креативни парчиња кој ќе прават да се чувствувате убаво а од друга страна ќе предизвикуваат и позитивни коментари кај другите што секако позитивно влијае кај секого! кој не сака да чуе убав збор за себе
и кај мене ја зголемува ! доволно е да си бидам средена и да си се почувствувам лично за мене убаво а потоа да очекувам дека и останатите ќе ја приметат ведрината кај мене
не е битно што носиш ,туку како го носиш:Може некој да е од глава до пети во марка едно др а да нз како да ја носи ,да завземе став ,да има веќе изградено самодоверба тогаш ништо не помага
Дефинитивно ДА! Не дека човекот треба да се цени по облеката, ама начинот на кој се облекува и ги комбинира работите се гледа неговиот карактер, вкус, ...итн. И баш ми се допаѓа брендирана облека сега знам има некои што ѓи мразат таквите од глава до пети во бренд ама јас бик во хороскоп и јас не би била јас ако не сум си голем материјалист таква сум си бик4е
Според мене облеката е клучот за самодовербата. Кога ке си купам нови фармерки кои се потесни од претходните раширени од носење мислам дека добивам и нови нозе, ново тело и автоматски тоа ме прави да се чувствувам секси =)
За да облеката ја зголеми самодовербата не треба тоа да биде некоја облека по најнова мода. Јас, на пример, полна сум со самодоверба кога облеката ми е удобна, без разлика дали се работи за трејнерки или фустанче.
Секако дека ја зголемува кога ќе се напуцаш штикли, минич а у... боли глава Сите се вртат погледи по некој флерт како да не ја зголеми? Мада по мое мислење се си доаѓа од мозокот.Џабе ти штикли ако мислиш за себе дека си му сестра на Квазимодо