jas mislam deka odnosno tvrdam deka kompletno i dobro skockana zena e dalekuuu posamouverena i se custvuva mn seksi i kaj mene e taka i kaj sekoja druga toa e fakt......ne za dzabe rekle deka sopingot e najdobar prijatel i lek za mn kompleksi i bolesti heheh kako i da e jas sum za sekogas sreden i ubav izgled...i mora da se neguva toa sepak sme zeni navistina vredi da se custvuvas ubavo vo svojata koza...
Мое мислење е дека дефинитивно да ! Највеќе го сакам тоа чувство кога ќе се средиш од глава до петици (и коса и шминка и се) кога ќе се погледнеш во огледало ии едноставно тоа е тоа
Секако, би се согласила со фактот дека облеката ја зголемува самодовербата. Мислам дека секој би се почуствувал привлечно и убаво кога е среден по свој вкус, во нешто во кое и самиот се чувствува удобно, моќно, забележително, и секако, самоуверено!
Мислам дека да.Кога си несреден или облечен во било што се чувствуваш некако депресивно и незадоволно,барем јас така се чувствувам.А кога си дотеран и скоцкан едноставно имаш повеќе самодоверба и се чувстуваш подобро во сопствена кожа.Не,не зборуваме за среќа,не значи дека ако си добро облечен ќе бидеш среќен но ќе бидеш задоволен од самиот себеси.Всушност тоа е и смислата на средувањето и на физичкиот изглед.
Едно од т.н. правила за зголемување на самодовербата - да, се разбира дека облеката зголемува, те прави да се чувствуваш убаво, пријатно. Не зборувам само кога носиш убав фустан (а особено кога тој навистина ти прилега), туку и кога носиш убави тренерки, фармерки во комбинација со некоја штосна блузичка... долна облека исто така..
според мене да итоа многу .кога би се чуствувала по самоуверено ?кога носиш влечки некоја широка маица и тренерки или кога си дотеран во некое стегнато фустанче и високи штикли?
Уфф и тоа како....Многу се чуствувам секси и самоуверено кога целата скоцкана ке прошетам низ градот,и забележува некој скирени погледи дали одм машки или женски.... Спојлер Не сум самобендисана како постов
Да, ја зголемува. Барем мене да, а сепак не можам да кажам за сите... Секоја дотерана девојка/жена се чувствува поубаво, попосакувано, посекси отколку кога не е дотерана и средена. И нормално дека со тоа расте самодовербата. Дури понекогаш знам и за дома да се дотерам, кога не сум во ред и кога денот е тргнат наопаку, а мене ми треба сигурност во себе и самодоверба.
Дефинитивно да. Барем кај мене е така. И те како прави да се чувствувам подобро. Кога ќе бидам средена она целосно, се осеќам многу подобро и поголема самодоверба имам за разлика кога не сум средена... Така се чувствувам како глуфче на кое му е страв да излезе од дупката.. Меѓутоа има денови колку и да изгледам добро, ако не ми е денот тој ден, и во омиленото фустанче ќе бидам '' скисната ''..
Ептеннн ми се зголемува кога ќе си си дотерам онака по мерак и се да ми биде на место како што сум си замислувала од облека па до шминка е тогаш може и да летнам во облаци се шалам. Али чуството ми е преубаво кога сум си скоцкана. Чудна работа сме ние жените ејјјјј