Дали образовниот систем е добра средина во развојот на децата

Дискусија во 'Образование' започната од Wideperpetual, 18 април 2023.

  1. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.984
    Допаѓања:
    9.782
    Пол:
    Женски
    Има премногу незаинтересирани професори; лоши педагози; кои самите не се доволно едуцирани и често предаваат дезинформации. Во Македонија дури на ТВ се појавуваат истите и дебатираат за општествени теми.

    Мислам дека традиционалниот начин на образование е подзастарен, не функционира во денешни услови и недостатокот на квалитетен кадар треба да се замени со AI.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Wideperpetual

    Wideperpetual Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2021
    Пораки:
    599
    Допаѓања:
    731
    Пол:
    Машки
    Не е застарен туку од старт е погрешно поставен да продуцира робови и послушници на системот и ментално и духовно осакатени луѓе.

    Homeschoolingot не е некој нов модел на образование до пред 200 години не постоеле јавни школи и децата се едуцирале баш по homeschooling модел имале свои тутори кај кои добивале соодветно образование само со дострелот на технологијата и интернетот денес може да биде лесно достапен секому секако таму кадешто го има како алтернатива и родители што ги виделе недостатоците од јавните школи и се спремни да им посветат поголемо внимание на децата
     
  3. Aнонимус_

    Aнонимус_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 август 2022
    Пораки:
    557
    Допаѓања:
    1.662
    Пол:
    Машки
    :?:

    Не можам да сфатам како некој може да поддржува ваков систем на образование лично не гледам ниту една предност.
    Школото како институција наликува на затвор.

    Децата ништо не знаат џабе завршиле школо, која е онда потребата да се оди во такво школо???
    Па уште 7 часа да блеиш у клупа 5 дена во неделата :headbang: тоа беше цееееела вечност (waiting) аууу колку го мрзев тоа школо од дното на душата (се уште чувствувам гнев) но бев доволно паметен да се запрашам кој ѓавол тражам тука а не бев ни лош како ученик, имав многу интереси, од увек сум бил љубопитен и сум сакал да се информирам и затоа ми е најмногу криво што моите потенцијали беа замолчени ради тоа "школо" времето ми беше одземено да се посветам на нешто каде што фул ќе го искористам капацитетот.
    На факултет повеќе ми се свиѓаше начинот на предавање но залудно кога си потрошил толку време у основно и средно, па што ми се погодија глупи соученици кој од кој поглуп на одмор некои глупи муабети уши да ти закрварат, најлошите ствари у школо се учат, едноставно немаше потреба да присуствувам на таква глупост наречена школо.:swear:
    Ако некогаш станам родител никако не би дозволил детето да ми иде у формално школо ќе се преселам кај што е дозволено онлајн школување само да го спасам од тој логор, па не сум му душман на сопственото дете па најлошо да му мислам, ќе бидам свесен родител за разлика од 99% несвесни. :talk:

    Плус тоа што онлајн програмите се многу поквалитетни и поконцизни тоа е друг муабет.
     
    На Wideperpetual и Аргентина * им се допаѓа ова.
  4. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.984
    Допаѓања:
    9.782
    Пол:
    Женски
    Многу логично, во минатото приватни тутори имале оние кои можеле да си ги дозволат: аристократи и останати во можност да платат. Преку задолжителните јавни училишта, образованието станало достапно и за децата на непривилегираните и тоа не е ништо лошо, токму напротив :hai:

    Е сега, во современово македонско општество што се имам видено низ школите (и на факултет), едвај на прсти се бројат професорите кои би ги пофалила, од работата на мнозинството не сум воопшто задоволна, башка имаше и нестабилни ликови меѓу нив, како и меѓу соучениците и да, и јас сум одамна за напуштање на актуелниов модел.
     
    Последна измена: 22 април 2023
    На Biljarkata и Wideperpetual им се допаѓа ова.
  5. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.283
    Допаѓања:
    2.814
    Пол:
    Женски
    Лично најмногу замерки имам до наставниот кадар, сметам дека немаат доволно емпатија и слух за децата, ретко кој од нив е посветен...во врска со образованието и стручноста, не е толку битно,може да се надокнади, особено кога гледам колку посветени идни родители има на форумов.
    Никој не даде одговор што ќе прават децата на сиромашните и необразовани родители. Или за нив ќе си остане ваквиот никаков систем?
     
    На Angie1432 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.676
    Допаѓања:
    14.140
    Навистина ретко кој од професорите заслужуваше вистинска пофалба. Образованието денес е лабаво, а порано, па професорите втеруваа страв во коски. Имав професорка по математика, наместо да се потруди да ја доближи математиката до оние на кои послабо им оди, таа децата ги доживуваше како смртни непријатели ако не знаат математика, демек го потценувале предметот.