Тиктокификација на дебатен клуб: дали онлајн дејтингот го искривува концептот за љубов?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од theowndemon, 2 март 2024.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.897
    Допаѓања:
    158.374
    Пол:
    Женски
    Социјалните мрежи и онлајн дејтингот веќе одат рака под рака. И тоа си има свои предизвици и предности наспроти класичен дејтинг.
    • Кои се предности, а кои предизвици на онлајн дејтингот наспроти класичен дејтинг?
    Но, што е поважно е како онлајн културата се формира, така истата влијае на дејтингот.
    • Како влијаат дејтинг апликациите? Дали ја продлабочуваат hook up културата?
    Но, пред се ајде да зборуваме: дали онлајн дејтинг го искривува концептот за љубов?
    • Користење на зборот "токсично" и искривената перцепција околу него (Што се е токсично? Дали се користи и за ситуации кои не се токсични?)
    • "Ако сакаше - ќе направеше" и продлабочувањето на пасивноста од една (или двете) страни за иницијација на врска.
    • Недостаток на комуникација и користење мимс за комуникација.
    • Промоција на пасивност, имање на врски кои се low maintainance, наспроти личноста да те смета за low maintainance и да не ти го дава минимумот.
    • Црвени знаменца и крирериуми и како влијаат да судиме потенцијално пред време? Дали влијаат на не давање доволно труд зошто се смета дека нешто е осудено на пропаст?
    Мислам дека голем дел од нас дејтале или дејтаат. И ова е доста голема реалност и си имаа свое влијание. Па бујрум. :D
     
    На Minionn и Ketchup им се допаѓа ова.
  2. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.897
    Допаѓања:
    158.374
    Пол:
    Женски
    ! Темава е дел од "Тиктокификација на дебатен клуб".

    Ќе биди активна од прилика 1 недела (оваа конкретно до 9ти ќе биди, и ќе се обидам максимално ден-два пред затворање да пишам потсетник). Предлог теми можи да видите и предложите во темата за договори, тука.
     
  3. Alizée10

    Alizée10 Активен член

    Се зачлени на:
    29 февруари 2024
    Пораки:
    181
    Допаѓања:
    217
    Пол:
    Женски
    Се размислував дали да напишам ама насловот на темата ми стои доста интересен. Онлајн дејтингот е неизбежен прво. Значи ако се среќаваш со некој онлајн дејтингот е неминовен во средбата па, макар и да закажеш само излегување.

    Уште нашите предци се договарале да излезат со закажување преку телефон. И денес таква сум по природа да по телефон закажам излегување со пријатели. Концептот за љубов се состои од разговор преку телефон. Како си што правиш прашањето. Значи концептот за љубов само по себе не е ништо без онлајн дејтинг како второ. Или каде си каде се наоѓаш...

    На врските треба многу да се работи за да опстојат. Потребен е работа и труд како трето ако, не сакате да се распаднат ако се трудите само вие. Обожавам разговори преку телефон но, ако се најде овде некој може поубаво да ми објасни сѐ околу тоа зашто јас можеби и не сум толку компетентна по тоа прашање.

    Онлајн дејтинг како онлајн дејтинг само вклучува и допишување и е маил допишување но ако остане само на тоа речиси и не можно. Има различни теми на муабет што можат да се исцрпат за да биде интересно и евентуално да се запознаат двете страни индивидуи.
    Дејтингот вклучува прошетки и пешачење што често пати знам да го направам сама. Се подготвувам и излегувам се сретнувам со некој помуабетувам и така. Разменувам некои мислења. Концептот за љубов со дејтингот вклучува прошетки, избор на места каде што двете страни сакаат да се состануваат, храната и јадењата што сакаат да ги јадат напитоци секако кафе или сок потоа посета на културни настани и манифестации гледање филмови заедно и така.
     
  4. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.426
    Допаѓања:
    5.331
    Пол:
    Женски
    За ова или нешто слично и поврзано веќе имам пишувано мислам.
    Иако ова поопширно и за влијанието на социјалните мрежи, ама онлајн дејтингот е дел од ова.
    Значи, да.
     
    Последна измена: 2 март 2024
    На Alizée10 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Alizée10

    Alizée10 Активен член

    Се зачлени на:
    29 февруари 2024
    Пораки:
    181
    Допаѓања:
    217
    Пол:
    Женски
    Онлајн дејтингот ги скратува можностите за дејтинг во жо живо. На пример да види како соговорникот е облечен. Ако се сретнувате во парк може носи тренерки ако е повисока температурата.

    Исто така мислам и подароците се важен дел во една комуникација значи треба да продадеш нешто било да е нешто за јадење, сувенир, накит или парче модерна гардероба чоколадо или чадор или пак можеби шешир без разлика.
    Секој сака да си е дома и да си излегува на чат со допишување. Секој не е по дотерувањето.
    Оние што се малку поработливи ќе размислат дека да состанокот во живо или во природа(може и посета на музеј или кино или некоја друга културолошка манифестација театар) е битен дел во развојот на една една врска во позитивна смисла на зборот.
     
    На Еlinas23 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    1.869
    Допаѓања:
    8.281
    Според мене, социјалните мрежи им овозможија на луѓето да се преценуваат + да мислат дека имаат премногу опции.

    Воедно, тоа што се случува, секој Петок со друг/а партнер/ка во врска, тоа не е ни љубов. Туку проста изгубеност на луѓето.

    Не знаат што сакаат, а љубов и квалитет не бараат секако. Многу од нив гледаат само да не се сами, други гледаат лајкови, трети оти од дома им рекле да се мажат/женат.

    А тек па кога некој ќе почне со она, what do you bring to the table, па high value, одма знаеш оти 0 brain cells има.

    Супер е што се има социјални мрежи за полесно договарање и комуникација во секое време. Но, со тоа голем дел од луѓето се веќе како роботи. Едно его онлајн, а друго во реалноста.

    Зошто е се така бесмислено и како да се реши, je ne sais pas.
     
    На Lotus Girl, Minionn, A94 и 9 други им се допаѓа ова.
  7. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    3.878
    Допаѓања:
    54.383
    Пол:
    Женски
    "Еее сине, во мое време немаше телефони, денешниве млади не знаат да се запознаваат во живо. Сите во тоа телефоните запулени". :D
    Искрено, маалце така бумерски звучи насловот на темата. Дејтингот еволуира како ние еволуираме. Во времето на дедо ми се запознавале и земале преку стројници. Во времето на татко ми требало да им пристапиш на девојките (или момците, за похрабрите девојки) во живо за да се запознаете. Дејтање на телефон од домашните се одвивало кога не можиш во живо да се видиш. Потоа мобилните со скапи повици и смс пораки. Па еве ние сега ја имаме привилегијата да се запознаваме и на интернет, што исто така далеку повеќе ни ги отвора хоризонтите. Природен тек на настаните, не треба да нѐ чуди.

    Предизвици има секако, како и секој дејтинг. Прво, точно е тоа дека не испаѓа секогаш како што си замислил. Многу луѓе имале искуство каде мислеле дека комуницираат со една личност, а во живо иди сосема друга.
    Второ, јас сум противник на апликации што се стриктно за барање партнери и мислам дека ја продлабочуваат хук ап културата, што е секако лошо. Луѓето се преценуваат себеси, мислат дека имаат преголем избор и ако не им оди со некој или наидуваат на првиот проблем ја баталуваат личноста оти нели, everyone is replaceable во морето од избори. :x
    Трето, можат да наседнат малолетници од страна на педофили, затоа сум строго против онлајн запознавање и дејтање од страна на малолетни лица. За нив носи поголема опасност бидејќи потешко можат да го проценат човекот од другата страна на екранот.

    Е сега, што е со нас возрасните? Мене ми е сосема нормално секое останато запознавање и дејтање онлајн. Како што кажав погоре, природен тек на настаните со развојот на технологијата. Секако дека треба отворање четири очи, убаво проценување со кого си имаш работа. Но само затоа што некој ти е од градот и го имаш видено, тоа не го прави безризично, а некој што е подалеку демек сигурно ќе ти наштети.
    Знам дека на некои луѓе им е многу тешко да го сфатат тој концепт, :D ама само затоа што нив им е несфатливо и тие не би дејтале така, не значи дека не е вистинско и не успева. Има секакви успешни приказни од луѓе кои се запознале онлајн и голем дел се дејтале онлајн, па потоа одлучуваат да живеат заедно и се земаат. Ете, не секој партнерот го наоѓа в комшии.

    Ако барате најголем виновник за искривување на концептот за љубовта, прво побарајте го во филмската и порно индустријата. Е таму колку што е нереално претставено каква треба да е љубовта и сексот никаде не е. Луѓе со најсовршените љубовни приказни и најсовршените тела го имаат најсовршениот секс, и ако правиш нешто поинаку значи имаш проблем.

    Крај краева, нема лесни врски и дејтови, а оние кои се онлајн се дополнителен предизвик. Но, кога си со личност со која си кликате, ќе знаеш. Буквално, if they wanted to, they would, особено во овој случај.
     
    На CameliaMiller, nextredstyle, Candelabra и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    15.734
    Допаѓања:
    121.923
    Пол:
    Женски
    Предноста е единствено во давањето време повеќе да се развие муабетот. Што е значајно за срамежливи луѓе.
    Предизвиците се исти како и за класичниот. Не можеш веднаш да разбереш каков е другиот.
    И на двата можеш да налеташ на погрешен човек. На некој со нечесни намери или несериозен.
    Не е до апликациите колку што е до нивните корисници.
    Зошто да се вперува прстот во онлајн дејтингот?
    Никој не открива сè за себе на стартот. Ни онлајн, ни во живо.
    И да идеш со некој кој ти е познат од некаде, нема гаранции дека е таков каков што се претставува или го претставуваат. Треба да се остави на времето да покаже дали врската вреди.
    Се сложувам со @Amellie13 .
    Филмската индустрија е таа што го искривува дејтингот општо. Ги наведува луѓето да поставуваат високи, дури нереални стандарди.
    Премногу внимание се дава на физичкиот изглед и на финансиската состојба. На тоа што опаѓа со годините и е минливо. На тоа што може да се изгуби.
    Човек треба да отвора очи и на 2та дејтинга. Но, не треба да суди пред време.
    Делата зборуваат погласно од зборовите.
    Колку партнерот дава од себе (љубов, грижа, внимание и поддршка). Колку се интересира за интересите, потребите и хобијата на другиот.
    Колку го храбри да иде напред на некое поле.
    Каков критицизам и во која мера го дава. Колкава потпора е во црни денови.
    Тоа е најважно.
     
    На senjorita-v, Mrs. right и Amellie13 им се допаѓа ова.
  9. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.002
    Допаѓања:
    11.446
    Пол:
    Женски
    Како што потенцираше @Amellie13, 21 век сме 2024 година, времињата се менуваат сакале или не ние, под влијание на глобализацијата и галопирачкиот технолошки развој. Неизбежно е тоа.

    Сите знаеме колку интернетот ни го олеснува секојдневниот живот, ако паметно и селективно го употребуваме.

    Не гледам ништо лошо во дејтањето на овој начин.
    Си има нормално свои позитивни како и негативни страни исто како што постојат и кај конвенционалниот дејтинг, посебно во денешно време, кога сме толку многу оттуѓени едни од други и некако ко да се плашиме да пристапиме во живо, што е многу поразително.
    Па така преку интернетот и многубројните социјални мрежи кои постојат, ни се олеснува на некој начин и како малку повеќе да се охрабруваме.

    Најголемиот проблем тука можеби го гледате преку можното лажно претставување, неискреност и глуматање, како и можните лоши намери на некој од потенцијалните партнери?
    И со право, со оглед на тоа кој све има пристап до интернет денес.
    И мора да бидеме претпазливи и добро да процениме со кого стапуваме во комуникација, со кого споделуваме приватни работи и на кого се доверуваме. Се подразбира сето тоа.

    Но, да не забораваме дека не треба да генерализираме и не значи дека нашите негативни искуства и разочарувања ќе ги доживеат и другите, истото и нив дека ќе ги снајде.
    Секој со својата среќа. :)

    Луѓето онлајн се поврзуваат и спојуваат со луѓе од целиот свет и сведоци сме дека многу од нив токму онлајн ја пронаоѓаат својата сродна душа и испишуваат преубави приказни. ❤️ ✨
    Да си ми жива и здрава за ова. (y)
     
    На Mumoftwo30, quattro, nextredstyle и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.897
    Допаѓања:
    158.374
    Пол:
    Женски
    Нормално, онлајн дејтинг наспроти класичен дејтинг си има свои предизвици и предности.

    Од мој аспект предности би биле:
    • Подостапност на запознавање,
    • Поголема можност за континуирана комуникација,
    • Секогаш можиш да се предомислиш и повлечиш ако некој има нешто сумливо,
    • Имаш слика и одредени очекувања,
    • Се оди побрзо,
    • Достапност.
    Од таму скроз истите си носат и свои предизвици:
    • Ризик од catfishing,
    • Пребрзо судење базирано на малку, површни информации,
    • Неможност навремено да се видат одредени deal-breakers,
    • Носење на суд базирано на физички изглед и не давање на шанса ако некој не е "идеал".
    • Се оди побрзо.
    Ова конкретно за онлајн дејтинг, нормално, секоја "ера" има свои придобивки. Мене шо ми е најинтересно од негативните страни кои јас ги гледам и оти онлајн дејтинг не бил за мене: Носење на суд базирано на физички изглед и не давање на шанса ако некој не е "идеал". Скроламе и свајпаме базирано на физички карактеристики. Тие физички карактеристики кои ги гледаме на слика не се суд за 1) шарм и 2) карактер. Од таму кругот на избор и се намалува. А ова е нешто шо можи да процвета во запознавање во живо и побрзо да се види над физичкото, иако сметам дека сепак сме визуелни суштества и нормално прво забележавме физичко. А, шо најмногу ми е интересено, како позитивна страна на онлајн дејтингот ми е можноста за повеќе комуникација и пристапност. Пошто водиме брз живот, не секогаш можиме да се видиме и чуеме. Некогаш не сме ни расположени за подлабок муабет па зато и муабетот за најблиските врски се дека се комуницира низ мимс и рилс. А и пристапноста. Сите сме онлајн. Не сите сме во рандом места низ град, шо се проширва кругот на потенцијални луѓе кои би ги запознал.

    Нормално, чим нешто стани дел од културата то има влијание на истата. Било тоа дали некогаш имало стројници, или запознавање преку другари, или сега онлајн дејтинг - се то си носи одредено влијание.
    Дејтинг апликации конкретно и дејтинг преку социјални мрежи како примарно за запознавање, према мене се различни. Мислам дека првите, наспроти вторите, имаат поголем "ризик" за продлабочување на hook up културата ради достапноста и отвореноста да се коментира шо, како, зошто. Наспроти то, рандом запознавање на социјални мрежи е "поблиску" до ирл запознавање. Ама и со поголем ризик едната страна да не е заинтересирана, шо не е случај со апликациите пошто двата сте свајпнале за да комуницирате.

    И то ме носи до главното прашање:
    И неслучајно ги пишав прашањата одма под ова. Со тоа што се е побрзо, и дејтингот е побрз. Се користат термини како "токсично" и "црвени знаменца" за да се преќини нешто. И уствари то е дел од онлајн дејтингот, новиот концепт на како е организиран и какви термини се користат за истиот. Башка како влијае на интимноста, и хук ап културата.
    Факт е дека постојат одредени карактеристики и обрасци кои се токсични кај партнер. И тие мора да се именуваат за да се решат или да се преќини често за добро на едниот партнер, ако не и за двата. Но, како и се во интернет просторот, колку зборот "токсично" се прекористува и вади од контекст? Јас, нормално, сум крива за ова зошто некои мајтапи ми се едноставно пресмешни и ментално хуморот ми е закочен на ниво на 12 годишно машко дете. Ама да скролнам и ќе видам рилс како:
    - токсично/црвено знаменце е ако не сака мачки зошто мачките се слободни суштества и ако неќи мачки значи дека сака да контролира (и тука дирек се отфрла некој без да се запознај подлабоко);
    - има golden retriever енергија ама јас сум мачка енергија и никогаш нема да се совпадниме;
    - не ми лајкнува се во првиот час, сигурно има и други;
    - црвено знаменце е дека тоалетната ја става наопаку ( :D
    ) итн. Сите сме повредени од нешто и некој, имаме одредени карактеристики кои не дефинираат. Никогаш нема да најдиме совршено, особено не ако при најмала ситница отфрлиме генерално ок чоек.

    Тука сакам одма да се надоврзам на критериумите пред да продолжам понатаму оти некако овие точки ми се споени. Апсолутно мислам дека има црвени знаменца и дека преку некои едноставно не можиме да поминиме. Но колку држење до стрикно напишани критериуми ќе ни пропушти личност која е компатибилна за нас, ама према "листата" не е совршена?

    Ова ми е едно од поинтересните прашања и како очекуваме дека тој или таа мора да направат чекор, мора јасно да кажат нешто, ама не ние. Ако сакаше, ќе кажеше. Ако сакаше, ќе дојдеше. Ако сакаше, ќе напраеше. Шо не носи самите до пасивност, како да не сме во иста каша и како првиот чекор да не е тежок безразлика на пол.

    И нешто шо сакам да зборам и е точно за сите интерперсонални врски е, врска која е флексибилна, а не интензивна наспроти личност која е незаинтересирана односно low maintainance/ effort врска наспроти low maintainance/ effort човек. Врска која е low maintainance e врска каде не форсираме интензитет туку сме среќни да сме заедно кога можиме и ова е покарактеристично за пријателства. Има флексибилност ама има љубов и почит. Наспроти тоа човек кој е перцепиран како low maintainance е човек кој е земан здраво за готово кој постојано бара, ама не дава ништо пошто ние едноставно не бараме. Накратко, се работи за почит и перцепција.

    И мислам дека скоро се опфатив шо сакав. Ок не ми се збора за хукап култура и situationships ама веќе се уморив да типкам на телефонов.

     
    На Mumoftwo30, Alizée10, Angie1432 и 2 други им се допаѓа ова.
  11. T.M.

    T.M. Активен член

    Се зачлени на:
    3 март 2024
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    15
    Пол:
    Машки
    Онлајн дејтинг апликациите имаат спасено врски и бракови, исто толку колку што имаат уништено. Прилично голем број на луѓе се имаат запознаено на вакви апликации, и завршиле заедно. Лично сум пробал неколку пати во минатото, меѓутоа тоа беше повеќе за секс, барем така ми било појаснето од девојките со кои сум се гледал :|

    За чудо, познавам повеќе пријателки кои користат вакви апликации, отколку пријатели. Обично мажите се тие кои гледаат да "поминат побрзо" околу делот со наоѓање на "жената на мојот живот" и бараат скратени постапки за тоа.

    Го искривува традиционалниот концепт за љубов, но до некаде и го проширува затоа што дава нови насоки и можности за луѓе со специфичен карактер, нпр. интровертни и сл.

    Додека сме на темава, сакам да поставам едно кратко прашање до понежниот пол:

    Дали е можно, во Македонија, преку дејтинг апликација, да се договараат интимни средби, без притоа ниту една страна да не знае ништо за другата, а да е базирано чисто на моментална физичка потреба за обете страни?

    Не зборувам за проституција и слично, туку за две нормални особи на кои во моментот им се погодило да најдат заеднички јазик да договорат таков тип на средба.

    Сите знаеме дека физички допир целосно базиран на физичка привлечност е секогаш прв чекор, далеку повредно од играчки, порнографија, и гореспоменатото (pay to touch).

    Дали вие би се согласиле на (или сте направиле) вакво нешто базирано чисто на физички изглед или лична сатисфакција (или како што милуваме кај нас да кажеме - сушен период)?
     
  12. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    2.724
    Допаѓања:
    5.639
    Пол:
    Женски
    Поголема глупост за мене од договарање интимна средна нема, и тоа со човек што не го познаваш, и што ако не се вклопам во живо со него? За што бил договоров?

    Ништо не може да го замени физичкиот допир и контакт, не може преку допишување да знаеш колку некој физички би ти одговарал, секако ако си спремен "ради реда" да спиеш со некого, тогаш океј.

    Јас не сум мн. стара, ама додека не бев во брак, никогаш вака не функционирале моите врски (кратки или долги сеедно).

    Сето мое "искуство" се базирало на физичко запознавање и привлечност, и сметам дека така е најправилно, ама секако тоа е дефиниција за мојот живот, не за сечиј. :)
     
  13. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.663
    Допаѓања:
    265.840
    Лично дејтинг сајт не сум користела, не верувам ни дека би, можеби имам предрасуди.
    Од друга страна, сегашниот онлајн го запознав, не со план да го запознаам, во клуб со илјадници луѓе со заеднички интерес се најдовме. И долго комуникацијата се одвиваше за заедничкиот интерес. Физички, како и сите пред него, далеку се од физичката идеална слика за маж моја :)

    Пошто сме лонг дистенс, и денес социјалните мрежи се поголем дел од нашата приказна него физичкото присуство, меѓутоа па и така ни одговара засега.

    Јас лично што очекував и што запознав така и беше во реалноста, ништо поразлично.

    Уствари он ми имаше кажано дека обично е резервиран во социјални ситуации, повлечен, јас таков не можев да го замислам затоа што во комуникација со мене не е таков, опуштен е и смешен, па ми беше чудно да ја спојам мојата слика за него, со него во социјални ситуации - нормално, претходно го знаев само во однос на мене :)
    И тоа ни е уствари најголема разлика, јас сум општо покомуникативна со светот од него, иако и двајцата сме интровертни, тој дефинитивно е повеќе од мене.

    Дали е искривена перцепцијата за љубов - не би рекла, мислам дека помалку се идеализира денес, дека поспремно помладите влегуваат во врски свесни дека може да заврши, полесно се одлучуваат на ставање крај итн. Според мене не е тоа нешто лошо, напротив, пореално е.

    Позитивна страна е тоа што луѓето што се позатворени, помалку социјални, со помала самодоверба, имаат прилика да имаат време да се почувствуваат сигурни пред да одат на реален дејт. А тоа не е мала работа, јас не знам како нормално да дејтам искрено, фатив дечко на 18, следно на 31 :D Не знам како е дејтање и запознавање во реален живот, не сум искусила од средно.

    Сепак, постојат и гнаси од луѓе, луѓе кои лажно се претставуваат, мислам какви будали ми слајднале во дм... некои лесно и се препознаваат пошто користат украдени слики од реални личности, па лесно се откриваат, други потешко. 16 очи отворени во онлајн запознавањата и дејтањето :)
     
    На mal.ecka, Bozica1980, senjorita-v и 4 други им се допаѓа ова.
  14. FreeToGo

    FreeToGo Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2014
    Пораки:
    1.046
    Допаѓања:
    1.414
    Пол:
    Машки
    Дремев на апликации сè додека не ја запознав правата особа, па потоа ги избришав и сега сум раат неколку години еве. И се молам никогаш да не мора да се вратам на dating apps. Толку на темата :D
     
    На Miro91 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Miro91

    Miro91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2015
    Пораки:
    116
    Допаѓања:
    63
    Без разлика колку луѓе среќаваме надвор, сепак, на апликацииве дали биле Фејсбук Инстаграм Тиндер Гриндер итн. може да се запознаеме со МНОГУ повеќе луѓе. Е сега, опасноста секогаш постои бидејќи не знаеш кој каков човек е, ама затоа се излегува па макар само на едно кафе колку да видиш дали ти се допаѓа за другар/другарка или партнер/партнерка или не.
     
  16. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.637
    Допаѓања:
    29.256
    Пол:
    Женски
    Кои се предности, а кои предизвици на онлајн дејтингот наспроти класичен дејтинг?

    Лесно е, не бара многу труд, идеално за интроверти и луѓе кои што не се социјализираат многу, или пак луѓе што се поприлично зафатени и немаат време да ,,бараат''. Предизвиците се јасни, кетфишинг, лажење, претставување сосема поинаква слика за себе, и најважното не знаеш каква ќе е всушност хемијата помеѓу вас. Онлајн може скроз да ви оди муабетот и да си зборите со саати без проблем, и да излезеш и да видиш дека не е тоа тоа. И после разочарење :D Башка што онлајн комуникацијата со саати или денови пред да ја запознаеш личноста во живо создава лажно чувство на блискост.

    Како влијаат дејтинг апликациите? Дали ја продлабочуваат hook up културата?

    Според мене мислам дека малку токсично влијаат. Да супер е што можеш да запознаеш некој онлајн, ама мислам дека проблематичноста е што постојано се мисли на the next better thing. Што ако следниот свајп е подобра личност? Што ако е позгодна? Што ако е поубава? И додека дејтаат една личност знаат дека тиндерот ги чека со милион можности и многу потешко се конектираат. Ова мислам дека е многу повеќе истакнато кај помладите и кај оние што не знаат што сакаат. И да кај нас се користат многу повеќе за ons отколку за реална конекција, што лично не ми се допаѓа, ама секој нека си го бара своето. И од тука би рекла дека онлајн дејтинг апликациите го искривуваат концептот за љубов дефинитивно.

    Башка да не навлегувам во ова многу, ама имам видено еден куп зафатени луѓе што користат дејтинг апликации кои што верувам дека на дел им се чисто за хук апс пошо им е досадно у врската, а на дел за да видат кои се понудите на ,,пазарот'' и дали се нуди нешто подобро од тоа што го имаат, што мислам дека е одвратно.
     
    На senjorita-v, theowndemon, Minionn и 3 други им се допаѓа ова.
  17. Miro91

    Miro91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2015
    Пораки:
    116
    Допаѓања:
    63
    Апсолутно се сложувам со ова од А до Ш.
     
  18. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.663
    Допаѓања:
    265.840
    Во голема мера се согласувам, за себе лично ќе кажам.
    Јас немам проблем да запознавам луѓе, ама не сум човек што сака да излегува од дома нешто многу. Моето излегување се сведува на кафе и на концерт одење, дискотеки, клубови, кафани не посетувам. Немам желба да запознавам некој, зборувам за базични особини и карактеристики кои би ми биле дил брејкер (религија, брак, семејство...) онака одиш на дејтови и не ти е јасно.

    Не верувам во љубов која може да премине преку се, верував во таква и се покажа дека многу лошо сум верувала. Поедноставно е од старт да си на чисто со базични ставови нечии, со кои многу повеќе ќе треба да се занимаваш во животот него со други, помалку важни особини - на пример изглед. На колку ли дејтови треба да одам и колку мажи да запознаам надвор, рандом, за да го најдам тој со најслични на мене погледи за животот?

    Колкав е базенот на мажи и зошто повеќе би му верувала на рандом лик што прво сум го запознала во реален живот, без да го знам онлајн? Може женет е, со деца, може да е било што и во реален живот. Од моево скромно искуство како тинејџерка и мажите што тогаш реално сум ги запознавала и дејтала, голем дел испаднале сосема различни него што се претставуваат. Имало хемија, имало муабет, ама малце кога ќе загребеш сфаќаш дека не е тоа-тоа. А да се гледам рандом и да дејтам рандом не сакам, никогаш не сум сакала, се чувствувам како да си губам време.

    Знам луѓе што одат на еден, втор, трет, петти дејт... и пак не разбирам, викам до мене е. Не знам да дејтам, не сфаќам, директна сум и секогаш сум била, тоа полека запознавање не ми оди, ни со пријатели, со партнери уште помалку. Ниту сум имала кратки врски, зборам како девојче сум се гледала можеби еднаш - два пати, пак комуникацијата после била онлајн оти имаше и тогаш нет, и доста млада влегов во сериозна врска од таа причина, немам некоја желба да запознавам потенцијални партнери.

    Исто така, веќе во овие години, познавам толку многу мажи и жени кои не користат апликации за наоѓање на хук ап партнери, ги наоѓаат на работа и слично. Доволно од тоа гледам за да сфатам дека не е важно, едноставно нема правила.

    Во мојот конкретен случај иако намерата не беше дечко да си барам, најдов личност со многу слични интереси, вредности и сфаќања општо за животот, некако сето тоа се развиваше постепено, немаше некакви искри и не знам што. Комплицирана е екстремно целата ситуација, т.е. беше, меѓутоа нашето прво гледање беше после повеќе од година од запознавањето онлајн.

    Муабетот ми е, еве скоро 2 години подоцна, ок функционираме, на начин на кој и на двајцата ни одговара, не знам што ќе биде во иднина ниту се замарам со тоа, живееме во различни држави и често знае да биде тешко и тоа кога не можеме да се погодиме, ама ок е пак.

    Муабетот ми е, јас сериозно не знам како би нашла маж без ништо виртуелно да користам, значи да најдам некој табула раса за мене, да го запознавам од 0 во реален живот... можеби оти не сум толку социјална, не знам, сериозно не знам каде би го нашла. Освен ако додека пијам кафе сама со себе и книгата, не се појави и рече - еве јас сум тој по сите мерки :D

    Не се зезам, сериозно ми е прашањево.

    Првиот дечко не ми беше најден онлајн, го знам цел живот, семејството му го знам подолго од него што го знам, немаше дејтања некакви посебни, се смувавме де. Деца по 16 години бевме, не одевме на дејтови, јадења, пиења, во градски парк се смувавме :)

    Сега на овие години не иде така, а како иде еве не знам.
     
    На mal.ecka, senjorita-v и sweet-cherry им се допаѓа ова.
  19. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.426
    Допаѓања:
    5.331
    Пол:
    Женски
    Не сум пишала, онлајн дејтингот баш поради ова(акцент на болд) метафорички го гледам, како да му оставиш на веќе зависник на маса дрога и јаболко, и му посакаш се најдобро.

    Мислам може ќе навали на јаболкото никогаш не се знае, ама многу (по) веројатно е и дека ќе навали на дрогата и ќе си наштети, односно постои можност да го искриви концептот за љубовта, што е и темата.

    Сега, дека има позитивни страни запознавањето преку социјални мрежи, има, секако дека денес голем број парови се заедно баш поради ова, тоа никој не спори.
     
    Последна измена: 5 март 2024
  20. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    8.695
    Пол:
    Машки
    Освен ако под класичен дејтинг не се мисли статични телефони и праќање писма, не сфаќам баш како овие две работи може да ги споредиме.
    Комуникацијата е дел од класичниот дејтин.
    Не гледам како онлајн комуникацијата штети на класичните средби во живо.
    Едноставно поповрзан си.
    Некогаш па може и тоа не е толку добро, ама од тој аспект - константа комуникација (шо е обратно од темата).

    Дејтинг апликациите, да. Можда кај нас не толку ама ваљда во светски рамки го прави сексот подостапен.
    Според мене хукап културата му штети на општеството...

    Од зборот токсично искрено ми е смачено.
    Се користи буквално за све.
    И го доживувам како еден збор кој е толку општ и широк што опфаќа цела палета на однесувања.
    Моето чувство е дека американците ни го набутаа во глава затоа што фондот на научени зборови им е толку мал, што кога слушам просто интервју на просечен 30 годишен Американец имам чувство ко да збори 16 годишно дете.

    Пак не сфаќам како онлајн комуникацијата го предизвикува ова.
    Во најмала рака, таа врска е неодржлива.
    По некоја логика, би требало уште повеќе да сакаш да го видиш човекот во живо...

    Ова мислам дека е индивидуално. Можеби и начин на комуникација на помладите генерации.
    Но ако за двајцата функционира, не ми смета ни хиероглифи да си праќаат.

    Па ова е слично две прашања погоре.
    Пак мислам дека е индивидуална работа.
    Ако некој си бара начини за да не вложува труд и да си лабави во поглед на врската - ќе си ги најде без разлика дали се тоа социјални мрежи или нешто друго.

    Малку се претерува со црвени знамиња исто како со зборот токсично хахах.
    Постојат очигледни објективни и субјективни црвени знамиња.
    Ама некогаш субјективните замерки кон другата личност се едноставно нешто што нам лично не ни одговара или не ни се допаѓа - и тоа е океј.
    Но, тоа не ја прави другата личност објективно непожелна.
     
    На boo3, CameliaMiller, senjorita-v и 2 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.