Новата тема: Влијанието на ментал хелт ток Е отворена. Влечење за наредна тема: Apple vision pro @MissChievous веќе горе ми објасна кога прашав, ама ако имаш поќе насоки за темата слободно слајдни ми во ЛП.
Предлагам првиот дел од насловот да го смениш на сите теми што си ги направила со истиот, и да остане само главниот дел, за што всушност е дискусијата. Тоа дека е од тикток може да го кажеш во текстот. На прв поглед изгледа репететивно и досадно.
Еве ме и мене да предложам/си ја пробам среќата. Bare with me Демоне I'm in every sense of the word/s Tiktoc amateur. Поврзан/о и со темата што ја пишав во wsw/жзж(женска тема) за стварање "племе" од поддршка поготово по раѓање на бебето. За (мајки) инфлуенсери и искрено споделување, (често и преку хумор) за животот после раѓање на бебето, како и во последно време борбата со постпородилна депресија. Колку тоа помага за родителството, како и бракот (зборување отворено и "покревање свест" за "табу теми" околу ова, како и стварањето онлајн заедница)? И во помагањето на сопругот, најблиските и пријателите во тој процес(процесот го минат заедно, но на мајката и е потешко, од очигледни причини)?
Ова и не е така лоша идеја, односно да иде првен насловот на темата, па она титктофикација... Лично јас поради тоа и ми се случило да не приметам дека е сменета темата, не знам која е на "дневен ред" и имам така пропуштено теми во кои можеби би учествувала.
Мислам дека ја доловив поентата. Иначе мислам дека имам идеја за уште една, само не знам дали е за тренд, ама е поврзана со тикток/социјални мрежи. Односно влијанието на социјалните мрежи и стимулирањето информации на фокусот(АDHD кој е во прираст). Потоа и сугестиите и скролот на тикток и останатите социјални платформи кој е бескраен(не со страни како порано). Дури и на гугл е зголемен, иако сеуште го има. Поготово кај децата кои и сами немаат само-дисциплина и не знаат за доста, а денес се од најмала возраст изложени.
Максимум шо сум спремна да го дропнам пренасловот е само додека е актуелна темата (во неговата една недела) и ко ќе ја заклучам да го додам напред. Категорија на теми се во склоп на исто нешто и целосно да го снема преднасловот не е опција.
Новата тема: Дали онлајн дејтинг го искривува концептот за љубов? Е отворена. Наредна тема: @Angie1432 да ми слајдни за да исдискутираме. И сакам да предложам потенцијално спојвање со темата за Брајан пошто делумно е иста тематика или сакате да се одделени? Тука ќе ја означам и @MissChievous пошто втората тема е нејзина.
Новата тема е отворена: Семејни блогери и онлајн безбедност на деца (дебатен клуб) Влечење за наредна тема:
Новата тема е рециклирана: AI уметност - вистинска уметност или не? (Дебатен клуб) Пишав таму нешто за рециклирање. Некое време ми е веќе на ум: Влечење за наредна тема: @MissChievous ако сакаш нешто конкретно во темата за Брајан комотно слајдни ми со инфо. И генерално предлагајте нови теми ако имате. Јас гледам секогаш бар 5 да има во изборот за влечењето.
Нови теми: Jojo Siwa - од дете ѕвезда до возрасен, дали и лош PR е добар PR? Заеднички профили на парови Влечење за наредна тема:
Дизни возрасни Влечење за наредна тема: @Ajronmen можиш да ми слајдниш со насоки како сакаш да биди темата.