Насловот си кажува само за себе. Дали купувате од овие два центри? Како им се движат цените? Дали имаат попуст? Што последно си купивте од таму? Споделете
Да зошто да не. Мене ми е криво само што во Еко работат 50% од тезгите, а во Елит не може да се разминеш. Од дете си го памтам Еко кога бев меѓувозраст ни дете ни тинејџерка а доста висока па детската облека во продавници мала ми беше па во Еко секогаш наоѓав нешто интересно што притоа не е за повозрасни девојки . Елит е поново и понова историја со него кроиме. Е последното купување не е за фалење, земав фустанче што се офарба и беше ужасно, но за среќа продавачката беше премногу фина и ми го замени. Најчесто блузи, џемперчиња, каиши, капчиња, тунини, се што ќе ми се допадне. Попусти ретко имаат ако помине сезоната апла. Ете крај август купачи за 300 имаше. Си набавуваат облека од солунските кинески пазари или од турска што е поквалитетна. Е сега некад знаат да забегаат со цените и да се исти ко од продавници, но има тезги кои секогаш се пристапни за луѓето. Бев минатата недела ете и утре планирав да ги посетам
Да. Имам купено фустанче за полуматура, фармерки и тенок каиш од Елит И деновиве планирам да идам пак
Си купувам Последен пат бев сега во средата донесле нови фини работи, имаше неколку што ми се допаднаа, ама не бев отидена да купувам туку да правам друштво и модни совети и критики да давам Секое одење на шопинг во ГТЦ поминувам од еко и елит, некогаш се нервирам колку шарени и кич работи има, ама некогаш (како оваа сезона) има ептен фини парчиња. Треба убаво и детално да пребараш по тезгите и ќе си најдеш нешто интересно Единствено ме нервира тоа што цело Скопје ќе ги носи истите работи, ама нема гајле, ќе ги искомбинираш малце поразлично и терај Цените се засега добри, еве кошула купи другарката за 600 денари. а во другите продавници низ центар испод 1000 нема да ја најде. Еднаш сестра ми купи фустан од Боди Лајн за 1600 и се качуваме горе во Елит го гледаме истото фустанче (ама буквално истото) за 600 денари Како и да е вреди да се помине и ѕирне, а за попусти па и нема баш освен на крај на сезона по 200-300 денари намалени парчиња
Да, посебно во Елит.Кога и да отидам наоѓам убави маички, џемперчиња и тоа по убава цена. Кога ми треба облека таму обавезно одам
Купувам секогаш кога одам во шопинг. Во една од двете секогаш наоѓам тоа што ми е потребно. Не е скапо, има избор, ми се допаѓа
Дали денес работи ЕКО или ЕЛИТ во ГТЦ??? Сакам да купам нешто итно ми е, па да знам дали воопшто да идам...
Од таму најчесто си купувам фармерчиња,но и блузи доста често.Уствари кога ќе подразмислам 50% од гардеробата ми е од таму...
Секогаш кога нешто барам, секогаш наоѓам таму Пред 2-3 недели си купив од таму фармерки и дуксер, и другарка ми била во шутка и истите ги нашла на пола цена... -.-
Си купувам и од Еко и од Елит. Мене не ми е битно од каде нешто ќе купам, туку како тоа ќе ми стои и како јас ќе се чувствувам во него (битно е да се чувствувам комотно).
Во Еко оддамна ништо не сум ни влегла, во Елит наоѓам убави работи и со пристојни цени, пред некое време си купив едно убаво црно фустанче со чипка, но од една тезга незнам како баш таа ја погодив си купив фармерки кои ми ги фарбаат нозете, кога ке ги соблечам фармерките нозете ми се цели плави, пуштаат боја фармерките
Во еко многу ретко влагам, а во елит се наоѓаат убави парчиња облека со реална цена, така да често го посетувам и пазарам од таму
Купувам,да доколу најдам нешто асално.Но,во последно време убави работи носат,дури ме изненадија.Се наоѓаат фармерки,џемперчиња што на други места се поскапи а исти.
Кога бев мала шопинг строго во Еко. Знам секогаш си играв продавачка додека мајка ми бираше наоколу. Disney world ми беше ова. Ококорени очи и демек од тезга на тезга трчкав и си зборев со имагинарни муштерии. Купував таму затоа што бев исклучително слаба, гадно слаба и само таму можев да најдам нешто што е евтино, а слично како во другите продавници. Е после тоа отворија детска продавница со облека која ми беше точна па се збогував со Еко. Во Елит не сум купувала. Сум била 2-3 пати да правам друштво на другар. Последниот пат кога бев, барав подарок со истиот и видоооооов многу убави работи. Сега добро, имаше кичести лоши материјали, смешни фустани и останато. Ама фармерки убави модели, колани, панталони и така натаму. Цените на некои работи ги имаа дигнато повеќе него што треба. Машка кошула 1800. Не благодарам, за таа цена можам и на друго место да купам. Во срце ми останаа едни бордо фармерки. Ау.
Да,купувам. Има многу убави парчиња што може да се најдат и во другите продавници меѓутоа за повисока цена .
со нашиов буџет, што друго ни преостанува освен Еко, Елит, Фамилишоп шопингувам од двете ,и задоволна сум од квалитетот(колку пари толку музика )иако елит е малку поскап од Еко
Како може да купувате во Елит, а во Еко не кога 80% се истите тезги. Сите што имаат тезга во Еко, имаат и во Елит И јас повеќе го сакам Елит, некако ми е подобро организиран И јас купувам од таму и ми се случило за едни фармерки да нема број, и прдавачката да рече: Почекај да тркнам до Еко, таму имам бројчиња А истата роба што ја има тука ја има во Шутка. Едно фустанче во стилот на Херв Леџер во Елит го гледав 1300, а истото во Шутка 750 денари Така да ќе размислам 2 пати од кај ќе го купам
Да! Има преубави работи, а и евтини. Откако е отворен Елит го посетувам речиси при секоја посета на Гтц. Имаат убави фустанчиња, дуксери, јакни.. се што сум купила досега не било промашена инвестиција. Еко го баталив откако се појави Елит, искрено.. веќе немаат толку роба, пола е празен. Порано мислам дека пола и повеќе Скопје таму се облекуваше.