Имам купено хеланки и фармерки еднаш. Не знам како изгубена сум кога одам таму, некако многу тезги се има, а ништо не можам да си најдам. Е сега ме интересира прашав и во друга тема, ама не добив одговор , дали има корсет ама за одозгора, значи не за пред дечко , туку за во диско. И немора баш корсет да е може и прерамки да има и да нема жици, сеедно, ваљда ме разбравте на што мислам
Порано како мала ме однесе сестра ми во Еко и се чудев колку многу облека и тезги има Сега кога одам на шопинг обавезно поминувам во Елит бидејќи е помало и облеките се вртат истите од Еко. Има убави работи, се разбира, зависи што бараш
Секогаш кога одам во ГТЦ во сите брендирани бутици ќе поминам и ништо не наоѓам, а таму има. Но не купувам често, освен ако морам.
Ја имам купено од таму само јакната.. Секогаш влегувам да видам што како има ново донесено.. Ама ретко кога наоѓам нешто за мене. Премногу бирам... Во секој случај убави работички има
Од таму имам купено хеланки, неколку џемперчиња, болеро и една црна ташничка со машна. Цените не се превисоки, можат да се најдат убави работи и има избор. Само што јас сум малку дезориентирана кога и да отидам таму. Премногу тезги, алишта, облечени кукли на сите страни, губам можност за перцепција. Ако ми се бендиса нешто, пробувам и купувам. Последното џемперче што си го купив го изнаносев.
Имам купувано од Елит последно купив фармерки, ги купив 1 000 ден., а една братучетка истите ги купила 700 во Шутка
секогаш кога сум во ск, проаѓам низ нив да видам што има, имам неколку каиши, 1 пар обетки и 2-3 мајци од таму
Јас сега си купив купачи(мислам дека беа од Елит) и тоа за 650 денари.А видов и дека има ефтини и убави работи,па ќе одам деновиве да си докупам уште нешто
Како мала ме носеа таму ,потоа нескав да одам демек не ми се свиѓа ова она а маицине од манго што ги имама купено пола ми се распаднале од перење во рок помал од година ... и сега прв пат отидов после многу години во тоа елит и се зачудив колку мн интересни маички и фустанчиња имаше ...летни со релативно добри материјали и супер цени
И јас редовно шошингувам во еко и елит,ама почесто во Елит.Претежно истата роба е и на двете места,мада јас е се замарам,доколку ми се бендиса некое парче облека,а притоа и убаво ми седи веднаш го земам,без разлика од каде е .
Pa da cesto kupuvam od Elit i ima dosta ubavi i evtini raboti od elit si kupiv fustance , farmerki , bluzi i mn drugi raboti
мислам дека е скоро истата роба во еко и во елит само што во елит има повеќе избор ,има убави работи и сепак ефтини се си имам многу работи купено од таму
Во скоро време си имам купено само прслук од елит.Има убави работи ,ама ваков принцип на шопинг за мене не е.сакам алиштата да ги разгледам сама ,бидејќи најчесто се здиплени неможам убаво да видам.треба да ги мачам продавачкиве да ми вадат , а тоа веќе ми е незгодно.пре можам да се снајдам во певекс