Бев пред една недела и има убави пролетни работи си изнакупив маички ама цените се повисоки за разлика од порано, порано одев почесто и тогаш беа поевтини а има убави работи не дека нема.
Планирам да одам во Шутка, па дали може некој да ми каже приватната 20 од каде тргнува?Од железничка или?
јас во шутка сум била еднаш и никогаш повеќе не поради тоа што е пазар,или ми е понижување(јас обожавам да одам на пазар ама строго зелен пазар)туку поради тоа што начисто ме ОГРАБИЈААА !!! Прво застанав на една тезга ми фати око за една маичка и сакав да си ја купам.Брцкам во џебот и ОП паричникот добил нозе Ја оставив маичката така изнервирана и идам назад до автомобилот,кога што ќе видам ми го ОГРАБИЛЕ и него !!!УФФФ колку само бев нервозна !!! Ми го украле радиото(не дека беше некоја посебна марка или па скапо)но само ми направиле поголема штета,ми ја обиле бравата!!!Така да шопингот во шутка ме чинеше ѓавол и пол !!! Пари за нова брава,клуч,радио,вадење нови документи веќе не стапнувам таму па и без пари да даваат !!!
Порано почесто одев, ама сега немам одено може негде 2 години, ама некако неможам да си најдам друштво за таму никој нејќе да ме дружи. Оние што оделе скоро кажете ми има ли некои интересни работи?? Ако си најдам друштво може и да тркнам еден ден до таму и така го имам целото слободно време на светото
Јас бев пред една недела има евтини маицкиод 150д. нагоре,супер фармерчиња за ич пари(400-600д.)можеш да си најдеш и добри салонки за едно 500д. Јас лично купив фустанче од жоржет за на свадба за 600д. а јатрва ми салонки за 500д, а искрено се мислев дали да одам.
Немам никогаш појдено зашо сум од друг град... Сабота планирам да идам со воз... На последната железничка застанувам... Дали можете да ми кажете кој број е автобусот за до шутка и колку време се патува ???? а и дали има нешо таму или да не се мафтам у возот за џабе ...
Од железничка автобусот бр. 20 оди до Шутка и се патува некаде 20-25 минути. Јас бев денеска и немаше апсолутно ништо. Маичките беа никакви и многу скапи за Шутка, некои по 800-900 па и 1000 ден. Колку да не се вратам без ич, земав еден пар фармерки, цените им се движат некаде од 700-1000 ден. и едни летни сандали, ни сама не знам како ги откопав, зашто поголем број од моделите се стари и кич, а цената на поновите не мрднува од 900 ден. (за тие пари можеш комотно низ град да си купиш). Заклучокот е дека - Шутка не е тоа што беше. Разочарана сум. Еве ги сандалите. Ништо посебно значи, низ населбите како Кисела Вода на пример, во две продавници близу Борис средното, има толку убави чевли, во несвест да паднеш.
Во Шутка најевтино е во вторник и серда....во петок, сабота и недела луѓето се најслободни, има гужва и ги дигаат цените!
здраво сакав да ве прашам како се движат цените на балетанките во шутка, ај ве молам нека пише некој кој скоро бил таму или кој знае.... однапред благодарам
има балтанки од 350 ден до 800 зависи какви, бев јас скоро прде 2 недели тие што беа по 350 или беа мали бројчиња или големи или едно бројче, оди сигурно ќе најдеш нешто, имаше модели по 650 700 ден преубави што во трговски и во други продавнички се по 1200,така да вреди да одиш и да разгледаш
Имам и јас одено..си купив тренерки Адидас за 1300денн.(ваљда се оргинал, има веб-страната и сите остали глупости шо ги има на оргиналот), инаку после некој ден ги видов скрос истите во дуќан за 2900..па луда да не сум да купувам од дуќан..си купив фармерки за 600 денари..шо по бутиците из под 1000 нема да ги најдеш.. Си купив патички за 650 денари а скроз истите ги има по бутиците за 950 (не е голема разлика меѓу цената сепак е поефтино), кожена јакна си земав за 1900 денари, шо по дуќаните се 2700... И ред други работи си земав не памтам шо..инаку пазарував есента, сеа се е здраво...
јас претходната среда бев во шутка и си купив едни обични балетанки црнки се со машничка 650 денари цените се движат од 500 па нагоре секако тие поубавите
Има само една разлика ... во материјалот. Ако не ми веруваш отиди до Адидас во ГТЦ и најди ги тренерите ќе видиш дека шиење, фалти, знакчиња се е потполно исто, но не и материјалот. Проверено. Јас моите адидаски за 1000ка ги земав од пазарче Кинезиве и турциве прават потполно исти дизајнерски чевли, ташни, блузи, така да тренерките не се оригинал и не се шверцувани. Туку се само една добра копија во случајов 5 пати поефтини од оригиналот
Девојки утре планирам да одам шутка па ако може да ми кажете кој автобус оди до таму и од каде тргнува? А со такси од железничка да не знаате одприлика колку е? фала однапред
The-Queen, од железничка можеш да одиш со 19, од таму тргнува и оди до Шутка..со такси незнам колку е ама сигурно е над 150..