Па зато то ми е муабетот, пазарувавме таму дека беше поевтино од другиве продавници, а сега кренати цени мислиш city mall пазариш.
А какви купи од гтц.Јас од оние внатре цели со крзно барам .И оние како топлинки ама повиски да бидат не три прста над глужд.
Јас стрикно барав високи до колена, дај да видам слика поточно, ако мислиме на истите во лептокарија имат по 1200
Искрено не барав вакви и не ми паднаја в очи. Ама ако си во можност помини лептокарија имат две продавници евтино е, а сигурно ќе најдиш вакви.
Дефинитивно би пазарувала во Шутка, не гледам зошто не би. Веќе одамна и по тезги и по бутици се продаваат истите работи, со единствена разлика - цената. Кога живеев во Скопје редовно одев и купував, сега немам кога за жал. Глупаво ми е да се ограничувам и да не купам нешто што ми се допаѓа, само затоа што било од Шутка. Многу често дупло ги плаќаме истите работи само затоа што бутиците имаат поголеми трошоци.
Појдете во Куманово во Персин. Рај за очи. Од патика до штикла чизма висока ниска.. денес бев, два пара патики земав ме фатија и двата пара околу 1380денари. Нема да згрешите. А немам ништо против Шутка да не се разбереме погрешно, често пазарам таму, имам капут купен пред 6години за 1700денари и се погоди квалитетен стварно. Убава вечер