Не вреди да се оди за џабе не си губете време. Цените се превисоки, а облеката е катастрофа. Исто така, поголемиот дел од облеката беше побелена од сонце. Од таму поминавме во East Gate цените беа поевтини од Шутка.
Да не се лажеме,мислам дека не постои некој што не бил во Шутка.Еве јас сум била ама порано,купував работи од таму истите ги имало и низ центаров ама цените дупло поскапи. Не сум била одамна ама слушам цените плафон.
Планирам да одам на пролет. Ако може пиши ми предлог каде да одам, приштина, феризај..? Ми треба детско нешто, секојдневна гардероба за мене и свечени фустани.
Бил ли некој во последно време, многу одамна пред 5 години може сум била, исто ли е сега или не се исплати?
Поминувавме од таму,и викам ај малку да застанеме до ,,трговскиот,, ама ништо не ми се допадна. Облеката иста како од 2010те а цените 500-600 денари.Фармерките убави им беа ама со цени од 1000-2000 ден. Подобро оди во некои од градскиве центри,поубави за иста цена ќе најдеш отколку тука.
Некоја членка да не била во Шутка скоро? Дали има избор на летна облека (фустанчиња и маици)...? Како се движат цените?
Многу одамна одев како студент, имаше многу поефтини работи, сега кажуваат дека не е веќе така. Сега ефтини работи па и онлајн секаде може да се начека. Подобро оди до Синсеј, Вајкики, ќе си најдеш прифатливи цени. Пред една недела бев има ефтини маици и фустани.