Сакам само да кажам дека во Шутка и баш не е ефтино. За фармерки ај некако. Една моја другарка си купила 3 пара од по 500 денари. Мајка ми вчера со пријателка тркнале да видат што има да купат нешто и мајка ми купила 3 кошулчиња од по 700 денари. Истите ги има кај мене во маалските продавнички. А исто така и другарка ми си купила штикли за 1200. Очигледно не е тоа што беше
Па секако дека и шутка нема да биде ефтина како негогаш кога се е поскапено, сигурно и тие нема да се држат на старите цени
не, не не иде 19 на железничка, иде од карпош до шутка со такси немој ни да си помислила, ќе те одере жива подобро отиди од железничка пешки до бит-пазар (мак.10 мин одење) и на автобуската тука фати 19 или 20 (од двата автобуси имаш и приватен и државен)
Проблемот е во големината на парчињата облека. Фармерки немаат ХХЅ, маички, блузи немаат ХЅ се е од Ѕ па нагоре дури и Ѕ ретко се наоѓа.
како бе нема Ѕ?? јас кога ќе отидам се им е со таа големина плавушке следен пат јас и ти заедно, јас ќе ти најдам Ѕ, ти мене L
Не одам често таму јас ептеееен 10тина пати сум била ради мајка ми она си наоѓа све Л а јас за мене неееееее аххх ај ќе идеме и мора да најдеме!
Викаш L има? Ај да појдам тогаш. Ако најдам XS или случајно XXS обавезно ќе ти пишам, да си видиш таму, пробаш, абе мерено да ти биде се
Jaс би рекла напротив, ако има поскапени работи, ама има поголем избор во градов. Моментално во Евроазија има фармерки за 499 денари, во Њујоркер има за 399. Зашто да одам во Шутка за 700 да земам? Чевли низ кинескиве, низ одредени продавници како Трафик, Џордан има под 1000ка чевли. Блузи во овие продавници во Њујоркер, Теранова, Бершка, Страдивариус, Еко, Елит тука некаде се цените исто ко шутка. Гледам во Елит една наметка јас цела среќна си ја купив од Шутка за 700 и викам во Еко колку е? Ми вика 700, ама ај за 600 ќе ти ја дадам Епа зашто тогаш да цепам пат и да одам до шутка и да се мрцварам на тезги? Сум одела и ќе одам пак во шутка кога ќе посакам, ама не е тоа што беше. Се занесуваат и тие. И тоа ме нервира ептен. Одете на Бит Пазар на уличката позади полицијата ќе видите 10тина продавници со ефтина гардероба и тоа претпоставувам шферцувана зашто пола од гардеробата им е Бершка, Зара, Мекс, Страдивариус, Манго... одете и ќе видите.
Од сега во шутка само за фармерки Другите работи се иста цена со ие во град ама фармерки за 500 ден има преубави
Понекогаш, зошто не сум од Скопје. Инаку неколку парчиња што ги имам купено од таму ги имам видено и кај нас за дупло повисока цена
да сум пазарувала од шутка и баш бев пред некое време и можам да кажам дека не е тоа што беше да има избор ама ако се потрудите и низ град ке ги најдете истите работи за поефтино..сум начекала доста ефтини работи ама последниов пат се изненадив ги дигнале цените мислиш од бутик купуваш така да веке шутка не што ке се мрцварам по патот натаму можам и од тука да си купам има доста ефтини продавнички
Кај што е главната уличка внатре во пазарот, ќе одиш до крај на уличката (ќе го поминеш женски пазар) пред тебе е полицијата, вртиш лево и тука од лева страна се тие продавнички. Се надевам ме разбра
А од кај знаете дека облеката им е од овие продавници? Ги познавте парчињата од интернет или на етикетите пишува?? Никогаш не сум била натака, ама еве ми прилика, макар да се види ако не за друго
Зашто освен на нив на етикетата од маичката кај што си го пишува брендот, си имаа и книжна етикета со цена во евра, иста ко во странство што има. Плус зашто продавниците ги видов пред некој месец, а бев претходно во Солун така да видов работи стварно што ги имаше во тие продавници, препознав еден фустан, блуза, од страдивариус панталони. Не е преефтино, ама не е воопшто скапо. Фустани 1000ка, толку и панталони, блузи 500 тука некаде. Иако има разлика од фустан до фустан од блуза до блуза, така да грубо ги кажувам цениве.
Не е за се да купиш, ама има сварно некои парчиња што сум ги видела по Бисер, ГТЦ и зашто да ги платам дупло кога ќе си купам 3 пара Да ви кажам ич не се срамам да кажам дека купувам понекогаш од Шутка, бидејќи не е ни многу ефтино, во други бутици ќе најдете и поевтино и поблиску (го рачунам и патот до Шутка), но ми се свиѓа тоа што работите се многу квалитетни. Фармерки секогаш си купувам од таа првата голема продавница само за фармерки што е и сум презадоволна. Спојлер Фармерки од Бисер што купив(1 800) - скинати за 3 месеци, Фармерки од Шутка(700)- после 1 год. не искинати.. така да
Еднаш кога бев мала го натерав татко ми да одиме ама толку се преплашив што веќе не стапнав таму. Многу галама, бучава, од сегде ме буткаа... А околу 6 годинки имав! Во глобала не сакам пазари, затоа и зеленчук и овошје кога е потребно од Веро купувам.