Кај се наоѓа Пренди? Има и позади Рафаело , во Карпош само не знам како се вика. Него, штом си била во Шутка, може ли да ми кажеш (затоа што никој не ми одговори погоре) дали има соблекувални, за да пробуваш алишта и огледало барем некое мало за колку да се видиш??
Па да де во Карпош4, позади Рафаело А иначе има и на Јаја Паша, поточно на главната улица кога се оди од Бит Пазар накај Чаир. Има соблекувални, ама не очекуј, картонски се или па онака со темни чаршафи, и огледала зависи каде влагаш - во продавниците има, а на тезгите чат-пат.
Оди на вториот пазар,односно не првите тезги кај автобуската туку има како посебен цел пазар подолу,заграден.А продавниците цените им се скоро како во бутик,на првиот пазар нема ништо,така да знаеш кај да одиш.
Да бидејќи не сум од Ск секогаш кога имам прилика одам во Шутка не гледамништо лошо во тоа ако се облечам убаво за ефтини пари немора да значи дека секогаш морам да носам брендирана облека,облеката не го прави човекот крајно па пола и повеќе од бутиците се снабдуваат со роба од Шутка и само им ставаат повисока цена на производите па сега кој како се снајде
Била некоја феминка сега во брзо време во шутка??? Има нешто убаво, штосно така поефтинко за летниов период???
Идам у Шутка ама поретко кога сум канп со пари .. за штикли најчесто и фармерки али за маички такви работи не идам .. пошо истите ама баш истите маички ги има и во град а разликата е 50-100 денари а да се мадналам до шутка за 50-100 денари за една маичка не планирам.. така да кога како ! А за боди такви работи мајка ми најчесто ми купува тоа .. од продавница неменета за такви работи !
Со 50 евра во Шутка можеш да си го смениш имиџот. Хахаха купувам зошто да не, кога можам да искористам поевтино. Но, се разбира не се исплатува ако се оди само по 1 блузиче...
и тоа како, мислам дека нема девојка што нема купено парче облека од таму, мн е поевтино а и истите работи низ гтц се наоѓаат и во шутка и тоа по мн пониски цени, почнувајќи од штикли, накит (мање више повевтин е на бит пазар ) облека, марами и слично
девојки утре одам во шутка па да ве прашам дали имате видено таму кратки панталончиња со висок струк или некои такви бели? и има ли голем избор на купаки?
Да. Додека ги плакам работите 200-300 денари поскапи во ГТЦ, ваму ке ми останат тие пари и ке си купам плус уште нешто
јас пазарам од Шутка не многу често али 1 во година знам да отидам за обувки бидејки имам доста голема нога 41 и број низ град Амин да најдам.. еве што се има десено на една моја братучетка.. се правеше важна не иде во шутка не била квалитетна робата само од бутици купуваше ова она и си купи едни чизми и ги плати 2800 се правеше мнгу важна од кај ги купила... по неколку недели ти доаѓа едно девојче со исти такви чизми го прашуват од кај ги купи и она вика од Шутка 950 денари.. што значии нема врска дека во бутиците робата е поквалитетна... коа во тера нова што поголемиот дел од работите со огин скапи одма се прават дупчиња.. !!
денеска бев во шутка и се изнакупоив за цел зивот... фустанче панталомнчиња блузиччка ташничка алка и рамбовка и се тоа мњ фати 750 денсари сосе автобус Шутка !!
Искрено...одамна не, ама единствено од немукает Се некако ми е позгодно, да прошетам низ град, да ѕирнам, да бендисам, да купам...не ми паднала одамна идеја да палам патиките, фаќам 20-ка и правец Шутка Од муабет имам разбрано дека веќе цените им се горе доле исти со локалните бутици...така да, не гледам причина плус да се малтретирам у автобус само заради помислата дека може да е поефтина за 50 денари.
не. никогаш ништо немам купено (кој верува ок, кој нејќе не мора) знам дека има мн евтини работи и се тоа. ама мене некако ми е гадно да ги пипам, такви прашњави цели . некој ќе рече ќе си го донесеш дома ќе си го испереш ама да не се лажеме , не може да е ист материјал и квалитет нешто што ќе купиш во шутка и New Yorker на пример.
имам слушнато дека може да се најдат и добри парчиња за поефтини пари , ама сепак не би се осмелила ...некако ми е шубе гардероба да носам која е изложена таму , за обувки и ташни може ок , ама друго сигурно не би .
Па фала богу дека не е ист квалиетот од шутка и New Yorker ,ама не се исти и цените. Инаку незнам зошто ти е гадно се се пере се познава ако е носено ма да не сум налетала јас на таква тезга незнам ни дали има воопшто такви. Ама добро секој со своето мислење. Инаку јас највеќе купувам фармерки од шутка стварно се евтини и има некои добри моделчиња.