^ Њу Јоркер и немаат баш некоја квалитетна роба. Дигната цена не значи и квалитет. Онтопик, не, не сум отишла досега. Не ме однел патот едноставно. Планирав да одам, ама ете. Можеби би си нашла ташни и каиши, но блузичките, фустанчињата и другата облека не ми се допаѓа, барем од тоа што го имам видено. Многу апликации и шаренило, ту мач за мене.
Во право е Дузи, високата цена не значи и висок квалитет. Јас лично имам фармерки од 600 денари од пред 2 години од Шутка и сеуште се како нови, ни избелени, ни растегнати апсолутно ништо. А што купив едни од Теранова мислам, ги платив скоро 2000 за по трето прење да морам да ги теснам, се растегнаа целите како вреќи се направија, изгубија од боја потполно се уништија, па сега ги носам ретко понекогаш за на кафе и на факултет. Инаку бев минатата недела во Шутка и морам да кажам дека и тие почнале многу да се занеуваат, тука низ маалскиве продавнички има поефтини ствари отколку таму, една симпатична маичка 700 денари, па и низ центар се толку. Фустан еден долг 1500, па каде на Зелен пазар се по 600-700 тој 1500 луд да не е? Си купив нешто што ми фати око, друго не, жешко ми беше да пробувам по нивните импровизирани гардероби и купував само нешто што знам дека ќе ми стои добро. Имам заприметено дека во Еко и Елит ги има скоро истите парчиња како во Шутка, а и цените се скоро исти. Така да Шутка веќе не е багатела како што беше порано.
Па секогш кога одам во Скопје на шопинг,прво идеме до Шутка па после низ центар.Ама во последно време цените и не им се баш евтини како порано,си ги дигнаа акциите и тие
Искрено имам отиднато два пати таму и се она кежуал ствари си купував...зошто да платам двојно кога можам да го имам за помала сума на пари...сега во скоро време немам отиднато но ако ме однесе патот натаму што да не...
Кој ти кажал дека се валкани работите таму?Се си е спакувано како во бутик,изложен е само по еден примерок,може не е како во Њу Јоркер ама е исто како во Елит и Еко така да не се лажеме дека бутик си е бутик,кога е истата роба
можи не е чувството исто како кога пазариш во продавница, ама гледам по многу продавници ја носат истата роба, по многу повисока цена и, да, и во шутка веќе е поскапо, не е тоа што беше, некогаш и на живи партали закачуваат цени
исто и јас мислам. истите парчиња облека ги наоѓам во гтц кои што поради нивната дебела кирија се три пати поскапи. да, сум купила од шутка облека и ми фатило око. и често си купувам од тамо поради тоа што имам огромен број на облека, добро ми доаѓа некад да отидам тамо за ефтини пари да си задоволам потреби
Женски, планирам утре да одам за Шутка, па сакав да ве прашам дали има кратки тексас суќнички (зашто навјвеќе за тоа одам) и фармерки. Фармерки верувам дека има но за суќничките ми беше.. Фала однапред
женски коа идете во шутка идете преку недела бидејќи тогаш цените не се многу високи а преку викенд ги креваат. и да има се што ти душа сака има и суќнички и фармерки јас за 600 денари 2 пара земав..ги дупнав од носење. иди, види, купи си.
За тие што велат дека не пазаруваат оти им е гнас сигурна сум дека немат влезено во некоја конфекција да видат како се фрлаат матријалите по земја. Девојки Шутка не можеш да ја споредиш со Версаче или Дизел, чии што оригинални модели овде и дали ги имаме, мегутоа Шутка и ЕУроазија е едно исто за мене, само што Еуроазија е модерна продавница а Шутка пазар. Убаво се вика ЕУРО-АЗИЈА значи Европа(да купува) и Азија(КИна, Турција да произведува) . И јас имав антипатии од Шутка ама кога видов оти јас за 3000 во ГТЦ купувам парче облека а во Шутка за тие пари еден куп облека го сменив мислењето. ПОхигиенски е да имам 10 блузи што ке ги менувам и да се со помал квалитет отколку да скапам во двеквалитетни блузи. ЕДинствено обувки и долна облека не купувам од Шутка. Обувки само еднаш иам купено, а долна облека секогаш од Лиска за чии модели вреди да се плати.
Тука малку грешиш, Шутка и Екоцентар, и тоа Елит како се вика не ми текнува на 3 спрат гтц, е потполно исто,...истата роба од таму ја земаат, од Шутка само цените се различни,...ама со Еуроазија не, зашто таму носат роба од Страдивариус и Бершка,...аутлет се- да,....но сепак врска немаат работите со тие на Шутка..............
јас еднаш пазарев во шутка пред година може ама сега дека мајка ми се вработи во бутик од кај нејзе ми зема облека иначе од шутка си земав маичка за 200 денари леле срцка уште си ја носам и не обелува во перење и многу убава боја е нешто како потемно сина морска боја како што викаат и многу е убава ииии си земав другооо кратки сиви платнени шорцеви ии тие квалитетни ииии незнам друго не ми текнува само знам дека убаво си изнакупив
таму сум била само еднаш,два-пати,ама незнам,некако не ни сакам да одам.Знам дека е поефтино и се,ама...
Да, има интересни парчиња облека, ефтиноча е. Работи што се наоѓаат по малоградските бутичиња за тројно повисоки цени.
Незнам што им е гад да купат од шутка јас ибам 3 год и си купувам 2-3 пара фармерки на секое идење што ке ме кошта 1600 ден а маици ретко купувам одам во тинекс горе и има убави маици имам една другаркакоја се фали јас купувам од таму јас купувам од ваму не купувам од шутка и така еднаш таму ја сретнав и и викам нелине идеш ваму и ја наведна главата така да сите одат во шутка и купуваат има роба засекој џеп јас за една недела ке одам во шутка
еднаш сум била во шутка и можам да кажам дека не бев нешто изненадена од работите кој ги имаше и беше посапо од зелен пазар а иронијата што зелен пазар ми е на 5 минути од дома, а шутка малтретирање со бус. можеби беше сабота на цените им биле малку дигнати, но искрено на бит пазар се наоѓаат поубави работи, а за цена да не зборуваме.