не сум од ск, па немам никогаш идено у шутка. во понеделник ке идам за ск, и ке идам до шутка да си купам нешто за есенва.. може цени на: -фармерки -маички -дуксерки -блузи -наметки -патики и дали во шутка има угг-чизми и колку се пари? фала
Јас бев пред некој ден, искрено немаше ништо. Се` ланско имаа иставено, веројатно допрва ќе носат гардероба. (фармерките беа од 600-1200, тие што ги видов), и имаше џемперчиња по разна цена.
Бев вчера и тотално се разочарав. Планирав барем фармерки да си купам, ама не знам дали беше до мене, или стварно не ги биваше. Тренерки се наоѓаат и дуксери, онакви со детски апликации скоро на секоја тезга, исто и градници и чорапи 5 за 100 Џемперчињата беа никакви...Не му препорачувам на никој да да тепа толкав пат џабе, ама секој со свој вкус.
Да како и мнозинството од вас но многу ретко.А, кога одам таму се враќам секогаш полна со негативна енергија затоа што многу ме нервира гужвата и најмногу тоа што нема гардероби па ми се случило и да купам нешто а после да испадне мало, големо! Кога располагам со повеќе кеш не одам таму но кога не тоа е што да се прави
Немам отидено скоро 2 години И мислам дека немам ништо купено од таму Порано правев друштво на колешки, ама веќе ни тие не одат :geek:
Ако имате слободна карта со 19 па и се исплати да се оди.. прилично чести се дури и во недела!!!!! Робата во Шутка ми е истата од Еко, Елит..... само што е поефтина, што е и нормално , не исто да држиш тезга на пазар во шутка и тезга во гтц..... Знам да купам некој пар фамерки (се наоѓаат од 700 до 1000 поубави). Маички, блузони, трењерки, дуксери за по дома за ефтини пари.....
Немој ни под разно да одиш во Шутка на пазарење! Којзнае што болести ќе фатиш од она Цигаништана. Ако сакате да се покажете дека никогаш живи не би се понижиле да купите нешто од таму, направете го тоа на др. пософстициран начин, ако постои за Вас се разбира. Самобендисаност на кило.
хахахахахахахха порано мајками ме носеше мене и таткоми.. мене ми купи едни патики сина боја DIZEL пишуваше хахахахахахаа а таткоми си зема фармерки некои за 500 денари хаха
не е нешто страмно да се пазари од шутка, бидејќи сето она што го има во бутиците е од таму како прво а како второ зошто да платам за една маичка 1000 ден. кога истата од шутка можеш да ја купиш за 300 ден.
Ako, пишуваат така, тие први се по Шутка, и други тезги, и најмногу се ценкаат. В центар ти се прават фаци, а се` пазарат од по тезги. Зошто да е срамно да пазариш од Шутка, ако најдиш нешто поефтино? Ок, можеби е малку несредено, ама тоа е, пазар....
Денес бев и ептен пријатно се изненадив. Летни блузички колку сакаш до 300 денари, фармерки 600, фустанчиња како за излегување 600-800, сакоа 900-1000 ама преубави, фустанчиња у стилот на Herve Ledger, само нели не тој материјал, 700 денари, многу убави, џемперчиња секакви бои и модели 400-500 денари...абе убавини, се изнакупив, за 2000 и нешто милион работи си земав. Другата недела одам пак по џемперче и чимзички
Фармерките се движат од 600-1000, џемперчиња со копчиња од 300-500, наметки 200-250, блузи по кратки 100-250, рамбовки стандрард 100. Пижами од 200-300. Шутка е преплавена од џемперчиња. Истите се во Еко и во Елит по 600-700 ден. Самите продавачи си кажуваат дека имаат тезги таму и ги даваат поскапо. Пантолоните се од 400-1000 оние со машнички, горе малку како набрани. Градници 100-150, чорапи и гаќи 5 за 100.
Во Шутка имам отидено еднаш пред неколку години,па ме интересира дали таму можам да најдам капутчиња (и цена ако може)...
До сега не сум била во Шутка, иако би сакала да отидам.Ми имаат кажано дека ја има истата роба што ја има по продавнициве, само што е по многу пониски цени...
Да знам секаде да пазарам,не ги рангирам луѓето и робата-гледам како ми стои на мене инаку и таму се наоѓа добра гардероба,денес е ретко да најдеш марака зашто сме преплавени со кина така да нема гаранција за ништо
Да се вмешам Колку што имав приметено, немаше капутчиња. Изгледа допрва ќе носат. (лани зеде една другарка за 1300).
Како бе нема капутчиња? Доле кај скалите претежно има и од страна, пред да влезеш во редовите од пазарот. Црни, крем, прљаво бели, а цените од 800-1300.