Зошто да не кога се истите работи од Центар,ама буквално истите. Шалварите цветни што се носеа летово,истите сега се по 300ден.,палтенца есенски што по продавниците се по 1000 и над 1000 таму се по 600,700ден. Гледам дури и џемперчиња тенки сега што ги има во т.ц. Бисер,ги има истите и таму
Мене ме интересира дали има сакоа со долги ракави,оние сто се како со цветен дезен на ракавите,и кои бои цена?
Донесоа чизмички? Џемперчиња и кошулки има исто така тоа сигурно, ал повеќе ми е за чизмичкиве. Треба да ги посетам, многу ми е гајле дал роми продавале, дал на тезги купувам, дал било хигиенски и по европски стандарди, додека да чекам попусти во фебруари до тогаш ќе одам си купам неколку убави парчиња за џабе пари Не ми се дава на едно Фиори, Џордан, Бодилајн и остали слични продавници пари кога слично ил исто има во шутка. Ама на некој кој му е одбивно тоа место џабе да оди ќе помине само блиц и ништо нема да купи, таму треба да бараш и да разгледуваш во секое ќоше, да не да гледаш 10 метри одалечен од тезгите.
Па имам отидено 2-3 пати и се наоѓаат работи, ефтино е а и ги имам видено истите алишта од шутка и во нашите продавници.
планирам да одам во петок, да не е поскапо тогаш??? или само во сабота и недела качуваат цени, сакам тренерки да видам,која цена се движат?? и палтенце некое или џемперче подолго. иначе сум била 3, 4 пати и секогаш си купувам по нешто
Јас сакам сабота да одам само ве молам ако некој има одено во скоро време нека ми пише дели имаат убава есенска гардероба за да знам дали да одам да немој за џабе да ми испадне одењето.
Мислам дека дојде време пак да се посети Шутка. Планирам недела да одам, ама ве читам дека сабота и недела ги кревале цените Вистина е ова или..? Минатиот пат кога бев, бев во недела..Па затоа си реков и овој пат да одам во недела. Ама ако е вистина ова со цениве може да се помести за понеделник Пишете доколку некој е 100% сигурен за информацијава
Имам пазарувано едно 5-6 пати. Истата гардерова што ја има низ бутиците во центар ја има и таму но за по поволна цена секако. Знам некогаш да забегам натаму и за илјадарче да си купам неколку маички и некои фармерки
Исто и јас 2-3 пати, облеката е иста, но половна, едниствено условите за пазарување не се добри. Но од две страни не може да е убаво.
Сигурно половна мислеше? Или поволна мислеше или си се збунила нешто Ахам има логика во ова зашто и онака ко од пушка ги кажуваат и трескаат цените кога ќе ги прашаш, во Шутка речиси на ништо нема напишано цена, па како му дојде така си кажува. А и нели може да се ценкаш Ако имаш можност преку недела обавезно тогаш оди ем нема ич гужва ем може за 100 денари поефтино ќе ти кажат
^ да да ми се има случено и мене во викенд ми имаат кажано повисока цена и му викам: па нели се овие блузички по 200 денари (а тој ми вика 300) предтоа бев со братучедка ми работен ден па од таму знаев, и овој ми враќа.. ееее паа џентска сега е викенд има многу тОристи идат кОпуваат од нас мора поскапо ова за нас е празник и ми ја даде за 200 на крај! така да од во понеделник на сгурно!
Од Шутка еднаш купив фармерчиња, ми се расцепија при второ облакање - толку добро биле сошиени Дола облека сум купувала од таму, немам забелешки, пак би купила.Па и алишта би купила пак, ама ќе си проверам убаво по рабовите како се поминати
Им стигна есенската роба? Сакам да си купам 2 џемперчиња Лани си купив за 350 и го изнаносив се до пред 1 недела кога го изгубив низ Охридов
Сакам во понеделник да одам. Ми требаат џемперчиња и некои блузи по долги. Можеби и чизми ако има нешто убаво. Ќе ги добиете сите информации после понеделник, само се надевам нема и тие да спојат со вторник Иако мислам дека понеделник им е неработен секогаш. Кога сум одела во понеделници обично не биле отворени сите тезги.
марама јас бев во средата во шутка има голем избор на долги блузи,фустанчиња и џемперчиња ако имаат донесено чевли пиши ми лп
Тамам работа ако ги спојат и тие. Јас овде од Прилеп се закренувам да одам и за џабе да ми биди ? А нее, со така си го немаме Само времево нека биди како што треба да не се капиме по дождојне
Да да,кој ке види дали има чизми нека пиши и некои блузички онака за секој ден да си ги носиш обични,па да се прошетаме до таму