Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали пазарувате во Шутка?

Дискусија во 'Мода и стил' започната од Strumfeta93, 30 октомври 2010.

  1. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.284
    Допаѓања:
    1.894
    Hе сум била никогаш во шутка,дури и еднаш решени бевме да одиме,ама не појдовме :?: се фалеа другаките од таму многу,една другарка си се имаше изнакупено накит за матурата од шутка :) баш кога ке идам кон така,ке ја посетам и јас ;)
     
  2. slobodka

    slobodka Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.121
    Допаѓања:
    2.710
    Пол:
    Женски
    Сум купувала во Шутка додуше од дамна не сум била нешто да си купам немам време за предку недела да одам а за викенд не ни помислувам, ужасна гужва е!Инаку за робата како ќе ти се погоди.Сум купила некој работи што издржуваат ама се погаѓа некој ствари да се со 0 квалитет, као на пример едни чизми што ги купив од таму со првиот дожд ми се направија лом цела вода ми влезе внатре, хаос ги фрлив веднаш.
     
  3. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.853
    Пол:
    Женски
    E jaс не сум од СК ама сум била, два-три пати во Шутка ваша, и да, сум си изнакупила од таму се и сешто :D . Имам една роднина која држи бутик во ПП, од таму набавува добар дел од робата, па значи исто е, само цената е различна. Ако ми запне нешто за око, купувам, не ми е битно од каде е. :)
     
  4. zvezdakoska

    zvezdakoska Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    777
    Допаѓања:
    60
    сум си купила само една блуза со кратки од Шутка-диреткно од централа :P
    ама во бутиците носат од Шутка така да исто ти се фаќа :)
     
  5. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.147
    Допаѓања:
    156.315
    Не ми е понижување,ниту имам комплекс за марки,ама Шутка слабо ја посетувам,од причина што далеку му е,а последно кога бев,цените и не им беа така ниски.Маиче 700,џемперче 800-900...дали јас не знам кај да барам или што е работата не знам,па направив рачун и сфатив дека со се патот до таму,поскапо ми се фаќа него ли од центар да си запазарам,особено па сега кога во Елит на тезгите може да се најде шверцувани Бершка,Страдивариус,Пул енд Беар...и тоа за од 250 до 600...
    За чевли се дефинитивно каде,каде поевтини,имам земено два пара сандали за цена на едни од центар и тоа фантастични,истите ги најдов и во гтц за 2000,а јас еден пар 900 платив,па сега планирам за чизми да одам,ама чекам некоја информација како се цените да не одам џабе.И така,немам ништо против,Шутка е супер,се додека нуди евтино,за квалитет не гарантирам,ама имам блузиче некое,поише е тренерче горно,ама ко туника или шо ли е од пред точно 6 години,кафено,памучно,перено е кој знае колку пати,воопшто бојата не му е сменета,ниту е стуткано или развлечено,ама баш како ново е!Татко ми ептен ми го бендисува! :D
    Чекам инфо за чизми ако некој оди во скоро време.Некои кои нема да ги жалам да ги цапнам во најголем и најдлабок вир!
     
  6. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.374
    Допаѓања:
    249.856
    Mислам дека иам одено едно 2-3 пати,пред 5-6 години,значи многу одамна и ништо не си купив.Tогаш цените беа слични и како во бутиците,немаше некоја разлика а и плус ете сега кога ми кажуваат што цени имаат и кога ќе направам споредба исто е да идеш и да пазаруваш во елит.Eм нема толку пат да утепаш,ем за 500 ден ќе си купиш џемперче...значи исто е.
     
  7. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Пред недела дена си купив високи црни до колена 1500.
    Имаш избор мноооогу.
    Сега е таман за чизми, имаш ниски околу 800-1000, и високи од 1500 до 1800.
    Моите ги имаше во 2 продавници во едната 1500 во другата 1800. Свашта.
    Иначе имаше и УГГ имаше и гумени чизми. Имаш и каубојки.
    СЕ ИМАШЕ :rofl:
     
  8. OrdinaryGirl

    OrdinaryGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    499
    Во Шутка имам отидено само два пати досега, бидејќи е на сосема друг дел од градот од местото каде живеам јас и за да стигнам до таму треба да сменам 3 автобуси во еден правец. Последен пат бев пред две години, се пазам да не ми украдат нешто, ташната секогаш ја држам цврсто за мене. Си имам купено од таму еден пар балетанки, чорапи, гаќи и мислам дека еднаш и тренерки си купив. Мачно ми е да одам натаму, а и многу поблиску ми се Елит и ГТЦ шопинг од каде си купувам не толку скапи, а интересни ствари :)
     
  9. annii

    annii Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    3.335
    Допаѓања:
    5.867
    И јас си купувам облека од Шутка. :) Не ми е многу далеку, но сепак и не одам често. Кога некој ќе ми каже дека имало нешто ефтинко е тогаш одам. Имам купувано фармерки, маички, боди, чорапчиња, дуксери .. Баш за утре се договаравме со мајка ми да одиме и ако успеам да отидам ќе ве известам што како има. :) Една другарка ми се пофали си купила кошна кратка јакна ( до половината од Шутка, но за цената точно незнам колку беше 1000 и неколку стотчиња ). Од оние џемперчињата со шпицови што беа во Шутка ги имаше по 200/250 денари. Истите на Зелено пазарче 400. :)
     
  10. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.545
    Не патам од комплекси да е марка и скапо.Имам одено неколку пати,не сум од Ск и немам прилика да одам почесто.Не се напотресувам со брендови.Само на патиките внимавам, а на останатото не е битно дали е марка или не.Не е толку битна марката ! Битно е да знаеш да си го носиш парчето гардероба што си го купил ! Да знаеш да си избереш и искомбинираш тоа што ти се допаѓа и тоа што ти стои !
    Поголемиот број бутици од таму земаат роба,па зошто да платам дупло за иста работа. Имам една другарка и било срам да оди во Шутка, да не ја видел некој..и се чудам на паметот што го има |(
    За 20 дена ќе одам накај Ск, па ќе поминам во Шутка ако најдам време.И мене ме интересираше како се движат цените на чизмите и зимската гардероба.Сакам и некоја убава јакна да си најдам :)

    А спомнавте Елит, како се движат цените таму :?:
     
  11. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.857
    Јас скоро бев во шутка (моја грешка :lol: ) и имаше голем избор на евтини џемпери, фармерки од 300 до 700 денари, за обувки не сум гледала а имаше и јакни од 1200 до 2000 денари.

    Тогаш нека си ги троши парите за истите парчиња :lol:


    Скоро исто како и во шутка нема некоја голема разлика.
     
  12. jarec6

    jarec6 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    2.776
    Допаѓања:
    18.329
    Пол:
    Женски
    Да купувам редовно во штука,зошто да не.Понекогаш за блузи,џемпери одам до град зошто некогаш не ми се допаѓаат во шутка секогаш,ама фармерки што се истите и во град а во шутка се 600 додека во град 1200 епа не плаќам дупло нема потреба кога се потполно истите
     
  13. Bokicka

    Bokicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2010
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    690
    Може преку 15 пати сум била во Шутка, ама пусто никако да си најдам нешто да си купам :( Што не среќа ќе бев, не ми е јасно...

    Кога и да отидам со другаркиве, они ќе си ископаат милион работи, јас како слепец некој ништо не можам да видам! Кога и да отидам се враќам само со по едно маиче колку да не биде за џабе одењето и тоа не ми се ни свиѓа, туку ај ќе си го купам за по дома...

    Не знам, најверојатно е до мене, ама не се откажувам :lol: Еве девојкиве ги гледам пак се организираат за накај Шутка, па решив да им се приклучам и да си најдам чизми ПА ШТО САКА НЕКА Е :D
     
  14. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.934
    Допаѓања:
    26.188
    Баш утре се спремам да одам.. Имало 2 пара боди за 150 денари :D И плус лакчиња да си изнакупувам ми се исплати патот. АКо најдам нешто плус, уште поубаво :)
     
  15. Go-Girl

    Go-Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    3.712
    Допаѓања:
    3.988
    Немам никогаш отидено во Шутка. Не дека несакам или ги потценувам тие што купуваат од таму, ама не ме нанестол патот натака. Па и да сакам да појдам незнам како, незнам каде се наоѓа....треба да одам со некој што веќе бил иначе ќе се изгубам :!:
    Ако имам шанса некогаш може и ќе појдам, ама имам и во мојата населба продавници со ефтини работи па не ми е многу битно дали ќе одам до другиот крај на Скопје или од кај мене ќе си купам нешто поефтино :D
     
  16. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    Јас да бев во Скопје само од Шутка ќе си пазарев :wasntme:
     
    На wolf4e му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Rubitas

    Rubitas Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Да, баш се спремам да одам деновиве!!! Инаку робата во ЕКО, Елит е иста со онаа во Шутка, разликата е во цената, бидејки тие во ГТЦ плаќаат повисока кирија и нормално е цената да е поголема. :D :D :$
     
  18. Tenna

    Tenna Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2010
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    332
    Дури студирав бев неколку пати,ама искрено јас кога отидам таму,повеќе ситнурии грабам,отколку нешто поголемо да купам,а не знам зошто така.А и некако ми е многу хаотично,па искрено повеќе се буткам,или внимавам да не плеснам у некоја кал,отколку што гледам по тезгите :D Имав еден таков шопинг деј во Шутка,кога врнеше истураше,а јас пробував во импровизирани гардероби,покриени со мушама,така да излегов ептен добро истуширана и одвај чекав дома да си отидам.Оттогаш не сум била.
     
  19. UbavkaBube

    UbavkaBube Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    297
    Допаѓања:
    95
    Се извинувам за оф топик ама тоа Елит пазар или продавница е? И каде се наоѓа? ( прв пат слушам дека...)

    Инаку, сум била во Шутка многу пати, сум си купила милион работи (од фармерки, ташна, здолништа милион, марами, една јакна, 3 пара сандали, 5-6-7 пара апостолки, лани еден пар чизми и.т.н.). Од мај ова година не сум била, ама се спремам кај да е да одам. Единствено ме нервира ако е одењето после или за време на дожд бидејќи се живо ќе биде со кал....
     
  20. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.857
    Елит се наоѓа во ГТЦ на трети спрат, голема продавница со тезги и поволни цени. Слична е и Еко што се наоѓа отспротива на Елит.
     
    На UbavkaBube му/ѝ се допаѓа ова.