Супер, со здравје да си носиш и наздравје хамбургерот. Јас лично... во 7-ца одаааамна престанав да јадам (фала богу) и гледам воопшто да не и се приближам во радиус на миризба - за да не паднам во искушение, а во Шутка еднаш сум била пред 3 - 4 години... и шознам... немам желба пак да идам.
Ај едно прашање за тие кои сега скоро биле во Шутка, има ли црни чизми над колена на штикла и кои се цените? Низ центаров се над 1500-2000 сите што сум ги видела, па ме интересира како одат цените таму и дали има избор? Планирам да одам набрзо секако, да си купам некои џемперчиња за зимово па да знам дали да земам пари и за чизми.
А мене ме интересира дали има чизми на штикла ама до глуждови, дали има убави модели и како се цените ?
Значи денес бев на шутка и се изнакупував ташни за другарки, стрини, сестри.. Кога им кажав дека се по 150 денари, сите си нарачаа. Значи тие сега што се носат како емитации од оригиналите, јас ролат си ги викам пошо така изгледаат Значи 150 денари, еј!! Си купив црна и бела со црно, па за другите кремава со кафеаво... и тако даље. Чизми си купив за 1200 денари, значи цените се тука некаде од 800 до 1500 најмногу. А имаше преубави модели најнови. Марама си купив за 50 денари, кајш од тие слабите за 50 денари... Гаќи, боди , чорапи тоа е неизбежно кога и да отидам И ролка за 100 денари. После едно преубаво џемперче уствари така како туника е, цигла боја. 600 денари.
Одам ретко,ама не за друго туку немам со кој И Шутка е како Солун,треба да начекаш кога има убави работи Ме интересираше и мене дали има избор на долги џемперчиња,туники и сл.
^ Има, на неколу места прашав јас, долгите тенки џемперчиња 500 ден, дебелите плетени по 700. Секако, можеш да се исценкаш малце
Денес бев, премногу гужва имаше. Јас мислев дека недела, па и празник (или ден пред празник како и да е) нема ни да има продажба коа отидооов. Има голем избор на се. Што ти треба мислам дека ќе најдеш. Отидов по патики и си најдов едни убави за 800 денари. Изборот на патики не е голем, ама затоа на штикли какви сакаш ќе најдеш. Најдов едни штикли по мој вкус како што барав, се заљубив во нив. Кога прашав цена ми рекоа 600 денари , а во центар сигурно се повеќе од 1300 истите. За жал не ги земав премногу се каам ама за се е крива мајка ми . Сега бидејќи доаѓа зима е зголемен изборот на јакни, дебели блузи, чизмички, ама има и други работи не само зимски. Како што кажав си купив патики и хеланки(темно сиви) кои само 100 денари ги платив, а квалитетот е предобар, прстен (морав ) и мајка ми си зема кондури. Нареден пат се опремувам за зимава сигурно.
Сакам да ги прашам тие што биле во брзо време дали имаат Сакоа во разни бои ? Пазарувам од Шутка,ама не сум била во последно време,сакам да се подновам со нешто интересно.Кога и да идам во Шутка без ташна не се враќам
Една моја другарка беше пред некој ден во шутка и си купила фармерки за 800 денари и тоа какви фармерки, убавини. Ми вика има се и сешто само да бираш. Обавезно ќе тркнам наредниот месец
Da vi kazam podobro da gi kupam farmerkite negde od grad za 1200 otkolku od sutka za 800 i posle doagam doma i da se cudam kaj mi e novcanikot ili telefonot :/ inace ednas bev i probaa na majka mi vo tasna da i burickaat sreka taa e mnogu vnimatelna na tasnata zaradi kartickite mobilnite i taka od togas nemam otideno nitu jas nitu nikoj od moeto semejstvo
сум била еднаш пред 5 или 6 години.незнам што си купив не паметам одамна беше.ама бев со една наша пеачка,женската се отепа од купување,не можевме до дома да се донесеме