Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали пазарувате во Шутка?

Дискусија во 'Мода и стил' започната од Strumfeta93, 30 октомври 2010.

  1. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.432
    Допаѓања:
    5.393
    бев викендов во шутка аууууууу народ како да делат гратиси, човек да неможе да се размине ниту да разгледа. Јас си купив фармерчиња, тренерчиња, штикли и мали ситници :D
     
  2. RiRii

    RiRii Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2011
    Пораки:
    211
    Допаѓања:
    45
    Пол:
    Женски
    Еднаш бевв во Шутка и си купив едни убави чизмички арно ама за една недела ми се скинаа а и скапо ги купив.И од тогаш немам отидено каква Шутка бе ке си купам нешто убаво отколку неквалитетни роби :worried:
     
  3. si.exs

    si.exs Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2011
    Пораки:
    157
    Допаѓања:
    140
    Ќе се самоцитирам. :D
    Најдов вакви во шутка за 700,само не и црни. :) Мене ми се преубави,само што конкретно бев одредена за црни или црвени. :wasntme:
    Која е заинтересирана нека види,веднаш на почетокот се,од десно. ;)
     

    Прикачени фајлови:

  4. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    581
    Во шутка има се. Нормално има и роба која е неквалитетна. Елит, и околните дуќани, кои навидум се префинети само затоа што е бутик пазаруваат од истото место како и оние во шутка. Тоест од Турција. Јас без за задушница и си купив многу работи. Оние плетени шалчиња низ центар се 350 денари, а ваму 150. Па и 1 година да го носам вреди за тие пари. Работа е што ако купиш во дуќан и ти се искине ќе се нервираш зошто си лупнал пари, а за шутка одма оправдување не е квалитет.
    Мајка ми цел живот работела со конфекција и знае кое колку е квалитетно, па слободно можам да кажам дека у сутка има исти ама различен квалитет значи мора многу да се гледа.
     
  5. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    Море, што не живеам во Скопје инаку растур ке правам. Порано купував само скапа облека од бутици и продавници за чевли. Ама сега сватив дека подобро е да си купиш ефтини работи кои и да се уништат нема да ги жалиш, одколку скапо. На пример зошто да дадам 2000 за едни фармерки кога можам за тие пари да купам 2 пара. :wasntme: Со еден збор немамништо против облекувањето во Шутка. :)
     
    На si.exs му/ѝ се допаѓа ова.
  6. marjan4eee

    marjan4eee Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2009
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Девојки знае ли некоја дали ќе работи шутка во Среда на денот на дрвото?
     
  7. antonina

    antonina Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    368
    Допаѓања:
    809
    Пол:
    Женски
    до сега сум била се на се 5 пати и искрено мислам дека треба да се погоди да имаат нова роба па да идеш. бев во петокот и си купив 2 каиша што ме изненадија колку се ефтини-50ден. ако некоја од вас има намера да оди нека оди периодов-имаат нова роба.:) поздравче :* :*
     
  8. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.926
    Бев во средата и тапа е. Само избор на џемпери има. Си земав само менѓушки за 40 и боди со ролка и долги ракави за 150. Инаку порано беше многу поефтино некако.. пример обувките се по 1700-1800, за тие пари не мора да се мафтам до таму, има во ГТЦ.. Ама ок, може требаше викенд да одам, не знам :)
     
  9. al4e

    al4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2011
    Пораки:
    88
    Допаѓања:
    11
    pa nacrtaj im srcenca so marker :rofl: :rofl: :rofl: :rofl: :rofl: :rofl: :rofl: :rofl:
     
  10. Justice.Girl

    Justice.Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    294
    Допаѓања:
    213
    Пол:
    Женски
    Да, да сум пазарувала :) Еднуш-двапати :) Многу е натуткано, но сепак има се, за секој стил и вкус :) Поретко пазарувам од таму бидејки не сум од Скопје, но кога имам прилика одам :)
     
  11. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.800
    Беше една другарка викендов (саботата) и празна се врати. Истото - кажа дека било препразно, немало избор, а и цените биле повисоки во споредба со ланските цени на зимската гардероба.
    Јас не би дала 1800ден. за чизми од Шутка. Ќе додадам уште 1000ден., ама барем да знам дека ќе ги носам. :)
     
  12. jarec6

    jarec6 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    2.779
    Допаѓања:
    18.349
    Пол:
    Женски
    Јас па бев во саботата,си купив два пара фармерки,едните 600 ,едните 650,капут поставен со дебело внатре за 1500,во град е 2500(знам дека има во град за 1500 ама тие се само со постава доле не се дебели),купив чизми за 1200 истите во град ги гледав 1800 и за тие 600 си земав фармерки,па не се баш исти цените.Инаку сепак викам дека за едно парче не се оди,еве вака повеќе кога ќе купиш се исплати и тоа многу
     
  13. chocolate.chick

    chocolate.chick Популарен член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2011
    Пораки:
    922
    Допаѓања:
    644
    Еднаш бев и си купив рамбовка. Деновиве ќе одам да си купам Белдех (облека за танцување стомачен танц). Истите работи што ги има низ град по бутиците го има во Шутка за ПРЕМНОГУ пониска цена. Само таков народ сме што сите се насочуваат на тоа : „Јас пазарам од Теранова“, или пак „И-ууу од Шутка никогаш не би купила“ и слично. А кога само ќе ми текне дека повеќето што го зборат тоа купуваат од Шутка.. ми се врти |(
     
  14. bibini

    bibini Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2011
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    9
    Работи ли пазарот и тие продавничките на почеток во недела? :)
     
  15. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.518
    Kaко ми се одит Шутка да си купам 2-3 џемперчиња ;( Ама немам со кого, а сама не ми се одит. :tmi:
    Лани си купив едно џемперче, си го изнаносив, ама овде го изгубив .. да најдам пак така презадоволна ќе сум!
     
  16. AnimalLover

    AnimalLover Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2011
    Пораки:
    280
    Допаѓања:
    204
    И јас сакам облека за танцување имам ооооогромен мерак:( кажете ми колку чини и каква е?
     
  17. Pink.E

    Pink.E Активен член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2011
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    0
    Дечки да ве прашам да не сте виделе во шутка елечиња со крзно дали има???? некој што бил сега брзо....во њу јоркер бев денес ама скапички ми се некако....па ја начекав групава и да ве прашам ..... :)
     
  18. LittleDevil

    LittleDevil Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    1.701
    Допаѓања:
    1.919
    Пол:
    Женски
    Сабота сум во план да одам Скопје, па си реков ај да видам што има низ Шутка, многу деца се фалат дека имало ефтини а убави работи. Па сакав да прашам, дали има некои убави чизми таму? И која цена се движат?
     
  19. Smileeee

    Smileeee Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2011
    Пораки:
    342
    Допаѓања:
    75
    Па вака јас бев во Шутка во средината на ноември.
    Да имаше баш добар избор.
    Имаше и чизми ама поради тоа што не бев заинтересирана за нив не ни прашував затоа LittleDevil неможам да ти кажам извини :!: ама имаше доста избор.
    Јас си купив џемперчиња,еден блузон,кожно палто и две марами и задоволна сум си од нив :inlove:
     
    На acvamarin му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Saraa

    Saraa Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2010
    Пораки:
    2.482
    Допаѓања:
    7.540
    Пол:
    Женски
    Не сум од Скопје но кога ме носи патот и кога имам време ја посетувам ШУТКА :D
    Од таму си имам купено доста работи кои сум ги видела по дуќаните но разликата е само во цената...
    Годинава во септември месец си купив фармерки од таму, истите по продавниците беа 1300 а јас за 1200си купив два пара од кои едните беа како тие шо си ги бендисав само шо беа 1300 епа да ви кажам и 100 ден ми останаа :lol: :lol: :lol: инаку блузички си имам купувано од таму ама да ви кажам пак ми се оди..ај кога ке имам време ке тркнам и да не заборавам си имам купено и палто и чизми ;)