Сум пазарела во Шутка ама сега одмана немам отидено.Кај и да е ќе мора цизми да купам па може да проверам што имаат
Да, баш пред неколку дена беа дојдени во мојот град и си купив многу фини парчиња по ефтина цена . Бидејќи не сум од Скопје многу ретко имам прилика да пазарам.
Nikogash ne sum bila, no planiram da odam Skopje.. pa sakam da odam i tamu.. Dali znae nekoj kakva e sostojbata so ceni i obleka.. Imali fustancinja i neshto taka posvecheno?
денес бев во шутка и си купив чизми 900 ден, џемперче 300 хулахопки дебели 100 чорапчиња, марама 150 и сум задоволна имаше избор на секакви туники од 400 до 700, не сум била за викенд мислејќи дека е поскапо ама супер поминав уште во 9 и пол на шутка после неможев да се разминам ептен народ имаше! чизмите му ги зедов за 900 а беа 1300 ми вика ајде за 1100 му викам 1000 ако сакаш ги зимам и ми вика дека си прва шо купуваш од сабајле еве ти ги за 900 ама и другарака ми купи и затоа јас го окркав попустот
Мајка ми и татко ми денес беа и ми кажа дека тие црвените штикли што ги купив јас од драчево 1600 таму биле 1300. Да знаев од таму ќе си ги купев
Да,одам ама не често,без пари не се оди таму инаку се исплати да одиш ако купуваш повеќе работи.Јас имам купени фармерки 700 ден. кои во центар се над 1000,1500 веројатно,ташна за 100 ден капутче црно со копчинја напред 1500 ден,дуксер 500 ден,чизми рамни со крзно горе 1000 ден.Има мозе да се најдат убави парчиња за поефтини пари од град,ама и за таму требаат пари
Не. Сум била само еднаш и никада више. Нема да набројувам причини.. долга е листата :wink: Ќе кажам само ужас!
Оддамна не сум била,ама чекам плата и би тркнала овој викенд,колешка од работа с накупила преубави фустанчиња за 550ден,петка за на работа.Џемперчиџата се по 350 ден,истите во центар се 550-600,таман да си изнакупуваш секој ден на работа да си ги менуваш со кошулка. Иако некои цени не им се баш ниско,конкретно за машките се исти да речеме фармерките како во Центар
Јас му се токмам, за цемпери и фармерки да одам, и + дечко ми ќе ми купи од тие бундичките за роденден,баш кога ќе купам ќе ги сликам и ќе ви ги покажам, истите од гтц
Не, но некој што пазарува од вас би можел да ми помогне Слушнав од другарките и братучетките дека продавале убави хеланки со различни принтови. Евтини биле, ама тоа и не ми е толку важно бидејќи доста трошам на такви работи, ме интересира дали е вистина? И ако има, накратко да ми кажете како изгледаат од прилика? Да знам дали вреди да одам. Фала.
Вистина е.. Многу другарки мои имаат купено од таму.. Еве вака изгледаат.. http://s4.thisnext.com/media/largest_di ... EEBE06.jpg http://images.asos.com/inv/y/23/151/110 ... age2xl.jpg http://mtjstyle.files.wordpress.com/201 ... ggings.jpg
Девојки оваа недела планирам да доаѓам за Ск, сакам да ве прашам дали има нова роба на Шутка ( не дека од старата имам ). Заинтересирана сум за кошули, џемперчиња, фармерки и машки кошули.. е бил некој после нова година?
За после Нова Година не сум била. Последен пат бев 17ти декември, а планирам да одам овој викенд, бидејќи имам дојава дека викендов имало многу убави нови и евтини работи
Редовно. Сите чорапи, гаќички, бодија, хеланки, лакови, ситнурии си ги набавувам од таму. Си имам ритуал на одење во Шутка Многу ме забавува тој мал дел од пазарот, кај што имаат изнаредено секакви парчиња гардероба и со некои смешни натписи од типот: "ПанталоМи поефтини за инат на комшијата"