Најискрено имам купувано од Шутка, мислам дека истите работи што се продаваат по бутиците ги има и таму и поефтини.. На пример капутот што го земав од Бутик кој чинеше 1550 денари, го видов и во Шутка за 700 денари Ист квалитет само различна цена..
Да! И некои работи што ги има низ град ги има во шутка за пониска цена.Ама има и неквалитетни работи отворете очи .Инаку најмногу ми се свиѓаат фармерките од таму има стварно убави дизајни и фармерки што убаво стојат по екстра цени 700,800 има и поскапи модели *Иии ако не знаевте има една продавница во шутка со греење. (мислам,внатре е топличко) Се наоѓа на почетокот пред пазарот,малку е збутана надвор има кукли облечени со јакни,капути (да не смрзнат изгледа )
Јас никогаш не купувам од Шутка, само поради тоа што сакам да носам марки. И да е нешто убаво, од бутик што не е бренд не го зимам. Секогаш купувам бренд безразлика дали парчето е убаво. Иначе дека сите работи по бутициве ги носат од Шутка ги носат. Еднаш купив фустанче од град и ме прашаа дали ми е од Шутка. Потонав од срам!
Навистина бубу1 не знам како си го проживеала тој срам. И трауми може да остави некому. Да купувам од Шутка, се што ми се допаѓа и што мислам дека е со малку подобар квалитет го земам. Разни тракатанци, чорапи, чевли. Мислам кога сум во Македонија знам да си отидам со сестра ми, да изнашетеме да си земеме некои работи. Мене не ми менува дал е во некој од бутиците во ГТЦ или таму, кога знам дека е истиот производ со помала цена.
Исто и јас леле!! Да носам небрендирано парче облека?? No way! Уствари јас и не купувам алишта од Македонија. Најчесто во Милано пазарувам. И тоа не носам брендови као манго, хим, зара.. тие и не ги нарекувам брендови, мизерни ми се. Се знае бренд е Версаче, Долче, Фенди, Прада.. И јас да сум на твое место не го носам тоа парче веќе. Дај го на некој шо. Нема смисла заради едно парче облека да се брукаш. Навистина! Значи големо НЕ за шутка!
Па нели само од фирмирани продавници купуваш, бренд? Како тоа од обичен бутик си купила и види види истото и во Шутка го имало. Слушај, јас купувам од фирмирани продавници и од Шутка ако ми се засвиѓа нешто ќе си го купам и не можам да глеам некој вака ко ќе пише купувал само бренд, а уствари купил од бутик каде се истите парчиња облека што ги има во Шутка, по повисока цена. Не може тебе некој да те праша дали блузата што си ја купила во Манго ти е од Шутка, ама може да те праша дали фустанчето што си го купила во Елит ти е од Шутка. И само затоа што си го купила во продавница, а не на пазар не значи дека е бренд. Глупости. Сега видов дека имаш само 13 годинки, те сфаќам дека не разбираш, не ни очекувам, ама не треси глупости.
Хеллллооооо девојченце- bubu1 имаш само 13 години,гледај како зборуваш? И ти butterfly.93,ти божем постара,малку поасално да имаше размислувања,може не се облакаш ок ама до толку потценување и иронија Ти пазаруваш,од твои тешко заработеи пари?На кое дрво ги береш парите жити се? Човек три пати се обогатува и осиромаштива,тркалото се врти ќе ги носиш истиве имиња ама како апликации,па ќе те видам тогаш.Премногу си мала за вакви муабети,каде ти е крајот за 10год. Колку потценувачко,и некултурно изразување за твои години Никој не вели да пазаруваш таму,тоа е избор и право, ама сите претходи реченици ти се.... Ама ај имаш само 13год. па затоа многу понатаму не би дебатирала со тебе (од што имам толкава сестра ддома,знам како размислуваш на тие години) П.С. што знае девојче од 13год,за мода - освен што во глава ти се муабетите и стилот на мама или постара дада, и верувај дека некој од шутка е 100 пати можеби подобро облечен од твоите парчиеа од милано
Се надевам дека е сарказам, во спротивно треба да проработиш на коефициентот на интелигенција и да прочиташ Библија.
Не значи дека ако е од Шутка и не е убаво. Сите работи што ги купуваме по бутициве за повисока цена..таму истите ги има и за пониска. Имам купувано од Шутка..ништо страшно уште сум жива.
ДА секој месец,и не се срамам да кажам зошто робата е иста а заштедувам доволно за нешто плус од планираното
Бев понеделникот,ми се чини.Битно премрзнав,имаше убави работи,ама очекував пониски цени Си купив едно џепрече за 500 едно за 600,и фустанче плетено 800 ден.Едното џемперче и фустанот ги купив од исто место и не сакаше воопшто да ми попушти,знам дека попуштале во цени,или мене не ме бива за ценкање......Е ,истото фустанче го видов во Елит за 850 ден Друго ништо не најдов,многу брзо затворија тезгите.......
Хахахахаххаахахахахаха се изнасмеав од останатите мислења за ова. Спојлер *Да не бидам офф топик да си искоментирам и јас.Не е важно што од каде ќе купиш важно е да не го носиш скинато и валкано,како прво,а потоа се останато, да ти се допаѓа,цената,задоволството кое ти го причинува тоа парче облека итн. Редактирам -Заборавив да допишам : секој има право да купува што сака и колку сака и од каде сака. Ама ова твоево бре,купуваш брендирано макар и да не ти се свиѓа.
Денес бев и си купив термо хеланки - 150 ден, убава плетена капа со цветче и шалче- 200 ден. Тоа што барав не најдов, но имаше интересни работи посебно тренерки со релативно добар квалитет.
Во шутка немам пазарувано,но не ми е испод части да одам и да се изнакупувам.Јас одењето и пазарувањето во шутка не го сфаќам дека го прават само сиромашните луѓе и оние кои немаат средства,туку оние кои сфаќаат дека и шутка е исто како било кој бутик!Памук си е памук(се разбира има квалитентен и квалитетен)али кај летните маички не се ни гледа Да не ја исклучуваме можноста дека блузичката која сме ја купиле 1400 од некој бутик,другарката може да ја види таму за 3 пати помала цена.
и јас одамна не сум била.Се наоѓаат добри парчиња за ефтина цена.А тоа со брендираната облека хахахах имам да ви кажам нешто.пред неколку години другарка од ница си купи ташна..од некоја мала продавничка.истата ташна неколку месеци покасно јас ја видов во шутка