Да, си купувам, немам никакви предрасуди за Шутка, ама во новава година сеуште не сум била. Зимава беа хит блузоните и џемперите (ниедни поскапи од 400 ден.) А мајка ми била сабајле, ми зела маичка со кратки ракави, со интересен натпис, многу ми се свиѓа за 50 ден. маста ќе и ја извадам
И јас немам предрасуди за шопинг во Шутка и кога сум во Скопје често е дестинација за шопинг така да воопшто не ми е важно се додека ми се допаѓа тоа што го купувам + не е скапо.
Денес си купив(т.е. добив) бела бундичка 1000ден,чизми со полна пета со крзно крмасти 1200ден, сиви панталони и тегет по 600 ден, панталони како хеланки 300ден, 3 цемпери по 250ден (оние на рифи плетени со кафеави каиши)и кафеави копчиња (ќе ги сликам), 2 ролки, 2 пара хеланки, шал со дупчиња и ресички-украсен
КОлку Спојлер attention whores има значи да си залепиш шамар , и пак да не сфатиш . Ако твое мислење е дека не треба да купуваш од Шутка не купувај . Не наметнувај на други дека нема убави парчиња , смрдливи биле, носени , ефтини . Јас кажувам . Мојот стандард не ми дозволува да купувам се марки . Купувам повеќе парчиња ама ефтини и имам повеќе гардероба . И тоа квалитетна е . Без разлика од каде купувам за мене облека е облека . Да за Шутка ! Се што кушпив од Шутка се го имам носено минимум 3 години . А од Кара еднаш сестра ми ми зема некоја блуза , едно перење мрсул се направи . Штикли што купив од шутка веќе 4 години ги носам како нови ми се. Кога некој ќе праша од каде ми е , не се срамам да кажам Шутка, луѓето не ги ценам по гардероба, затоа ни тие не ме ценат по цената на моите штикли и блузи .
Леле греота за девојчето, како ќе живее со таков срам? ццц а што се однесува до шутка, години наназад пазарувам таму, зш истите ствари ги продаваат во бутиците во град, секако за многу повисока цена, и со оглед на тоа не гледам ништо срамно во одењето во шутка поздрав девојки
Да пазарувам во шутка, добро не идам многу често натаму бидејќи не ми е баш блиску,али најчесто кога треба да купувам чизми или патики и нема ништо лошо во тоа
Да не бил некој сега скоро во шутка, ме интересира дали има убави дебели капутчиња до под задник и која цена се. И од мене големо ДА за шутка! бај д веј, буквално истата облека што ја има по еко и елит,ја има во шутка...така да препорака за тие што шопингуваат таму: отидете во шутка,барем ќе си купите повеќе гардероба за планираните пари за шопинг во еко и елит
Јас денес планирам да одам со колешка. Сакам да си купам фармерки некои сиви цевкасти и нешто штилкичесто, а ус-пат знам дека и плус непланирано нешто ко за секој ден ќе си земам Воопшто немам потив пазарење во Шутка. Дури мислам дека едни фармерки што ги купив ги носам повеќе од 3 години. Да, сум купила марка, имам и по некое парче облека што сум го платила послапо, ама имам пазарено и од Шутка и од Еко и Елит во ГТЦ ... сосема нормално е тоа. Бог да чува за размазените девојченченца .... немам коментар
Еве една слика од блуза и од џемпер од неколкуте што ги купив во шутка, значи оваа блуза и џемпер се по 250ден., а џемпер ист и сличен на овој на долги ракави 400ден.
Ве молам кажете ми што има на Шутка, да не одам за џабе......????? Останата зимска облека, или има и пролетна гардероба (тренерки, маици, кошули....) Сноу Квин, срцка, ти последна си била, дај кажи.
кога студирав во ск стално си купував од шутка, да се пооправи времето пак ке одам да видам што има може ке се подновам нешто
Се и сешто има.. од чизми па се нагоре... Инаку јас од таму најчесто си купувам гаќички.. 5 за 100 и по пат ќе си купам некое џемперче .. убави работи има е само што е гужва. Ама не е страшно
Moментално,овој период не се исплаќа да одите .Има многу намалувања низ град,блузички во Фјори по 300,фустанчиња плетени по 600,700 и чизми по 600 или 2 пара за 800. Не вреди на ладното да мрзнете
истите работи ги има и по другите бутици така нарецени скапи бутицисамо сто се поскапи.JAS OVAA NEDELA BEV VO SUTKA I IMA DOSTA NAMALENI RABOTI BLUZICKI PO 200DEN CIZMI PO 600 DURI IMASE I 2 PARA ZA 500DEN IMA DOSTA NAMALENI RABOTI
Долго време се убедуваме со мајка ми да одиме, ама дека е далеку никако да се договориме. На пролет ќе одиме 100 % според ова што ве читам има да се изнакупувам
Некој што бил во скоро време во шутка дали може да ми каже дали има адидас тренерки, ама најобични, без тие трите линии од страна на ракавите и ногавиците, туку да има само знакче адидас, мало, дискретно.