Мене конкретно ме интересира дали има фармерки во боја..црвени..тиркиз и други и по која цена? во контекст со темата- не сум пазарувала од Шутка бидејќи не сум од скопје и не ми е блиску...ми требаат добри 3-4 илјади за да ми се исплати патот шо ќе го минам и да си купам гардероба..иначе би пазарувала зошто да не ..другите бутици од кај ги купуваат алиштата ? ..делумно од шутка
Има тиркизни и портокалови. За црвени не сум баш сигурна. Мислам дека беа повеќе од 700 денари, но не сум сигурна за точната цена. Но деновиве немој да одиш, зошто пола и повеќе од Шутка е во Свети Николе на панаѓур.
Не сум била во шутка никогаш, а би сакала да појдам да видам како е . Слушам дека многу се крадело па некако ми е страв бидејќи јас ако се занесам во алишта да гледам може да ми испадне нешто а да не сетам а и татко ми не сака да ојме не сака да чуе за шутка ми вели што сакаш од овде ќе ти купам ама таму неодам за парталчиња хаха..
Кошули има од ланските модели по 500-600ден, салонки немаше минатата недела, а панталони на тон . Јас се подновив со две нови пролетни џемперчиња и една морнарска туника
Не,не одам дефинитивно.Нема што да барам таму.Облека ќе си купам од продавница,најнормална во центар,или било каде.Не сум нешто против,ама едноставно сметам дека во Шутка е прљаво,нехигиенско првенствено.Не сум била,не планирам да одам,ама ме интересира како се тоа изгледа.
Екстравагантно, феноменално, топ уредено. Како го опиша погоре чоек ќе си помисли стварно си била некоаш, замисли. Него, има нова роба, се исплаќа да одам неделава или?
Абе од вакви шмизлички мубаети ми се крева коса.... што мајка бараш да одиш кога е прљаво , нехигиенски, нема што да те интересира како изгледа, може да фатиш некоја шуга ако отидеш, не ризикувај ЈАс бев минатиот викенд, но нова роба нема, се што е од лани (пролетно) е на намаление, џемперчиња , туники, блузи, јакни, фармерки, а кошулите од лани се со исти цени и годинава. Исто балетанки уште немаше , за жал, а ни патики , чизмите беа на распродажба. Можда попаметно е да се почека уште недела време.
Сите тие што зборат дека не одат во Шутка мајките навеќе им пазарат од таму Што ако е Шутка бреее сида ли ќе добијам ?? Таму ќе се изнакупувам 1000000 фармерки , 1000000 маички за многу малку пари и тоа квалитетни работи . Одамна не сум била можеби има и 4-5 години се некако ме мрзи а сите ми зборат дека имало топ работи еве на пример тогаш кога бев си земав една пролетна маичка со кратки ракави бела со зелени цветчиња и се собира малку како со машничка како набрана и ја купив за 150 ден и ја носам до ден денес замислете 4-5 години не знам ни јас точно .
Има фармерки за 299 денари блузи за 200 денари многу се убави и морав да си купам една балетанки те се по 600 денари се останато е од 700 до 1000 и повеке .
Треба да одам овој период,ама никако да се наканам задари времево. Има цени дупло поефтини сега зошто сезоната помина...блузи и туники по 250,чизми по 500,мајка ми беше изнакупи некои работи ама друго е кога сама ќе одам...ептен е ефтино не ми се пропушта.
Не, не пазарувам. Ке речете дека мразите вакви муабети ама па секој со свое мислење нели? Воопшто немам нешто против тие што си пазаруваат од таму, ако нив им одговара и им е практично супер. Лично не пазарувам таму бидејки искрено, не ми се ризикува. Може е ефтино ама што ако, зошто тој ризик кога може утре да ми се уништи ако е неквалитетно? Посебно обувки. Бар за обувки не се штеди, ко ке дадеш пари дади убаво ама после тој пар чевли носи го години и пак ќе биде коска. Не сакам да ризикувам. А плус, на сосема друг крај на градот сум од Шутка, повеќе пари ке дадам за бензин него ли таму што ке потрошам.