Би ви препорачала наместо во Шутка ,да дојдете во Велес.Цените во Велес се половични од оние во Скопје,а има толку продавници. Еднаш кога бев на шопинг во Скопје една жена со ќерка и трчаше по мене да ме праша од каде ми е јакната и колку пари сум ја купила бидејќи тие неможеле да си најдат по поволна цена. Кога и кажав дека ја купив 1800 денари(,дебела и квалитетна)и од Велес се зачуди ... а си имам купено блуза дебела на долги од Скопје(за 1450) а истата ја видов во велес за 650 и толку ми беше мака,се изедов !!! Дебелите дуксери се движат од околу 800 дп 1000денари фармерки можете да најдете за 1200,1000,1500.. Блузи на долги ракави секакви од 500 до 1200 Фустанчиња и туники 800 до 1600,2000 максимум.... па видете
Не пазарам во Шутка,пазарам во трговски,рамстор,во центар,секогаш наоѓам поевтини работи,а и попусти некогаш начекувам
Кога ќе дојдам во Скопје и кога имам време одам на Шутка обавезно, ако ништо друго ќе си најдеш бодиња, чорапи и милион такви работи и џиџи - миџи. Не знам зошто некои луѓе не сакаат да одат на Шутка да пазарат кога она што тие ќе го купат од бутикот(сега има и исклучоци - ексклузивните бутици), во бутикот е донесено од Шутка. Јес да може да се деси крадење и слично, како и секаде впрочем, ама затоа никогаш не одам сама и добро внимавам. Затоа не гледам причина да плаќам поскапо кога можам поевтино и за исти пари да купам повеќе работи.
Немам досега пазарено од Шутка. Ама да живеев Скопје гарант од таму ќе си купував. Па овде Прилеп сите одат Скопје и се од таму носат. Ретко некои одат Турција и Грција. Не купувам брендирана облека, гледам убаво да ми стои и да ми е по ќеф.
А зошто да не? Шала на страна, си пазарам. Ако не друго, бар бодите се поевтини дупло, а и чорапи, гаќички и такви-ми-ти-ствари. Исто има и многу убави блузички, од преубав мек материјал, а не се скапи. Истите во Центар ќе ги најдеш два-три пати поскапи. Само внимавајте на чантите
да пазарувам и тоа како пред 1 недела бев, и за 2-3000 ден се комплетирав, си се направив топ, што на друго место ќе купував само пар фармерки, или пак само патики ... и фала Богу досега не ми се случувало да ми украдат нешто (како што кажувате вие)
Ух не сум била одамна, а прв пат кога бев имаше само 2-3 продавничиња за чевли, сега цела империја направиле . Инаку од таму си имам купено едни од најубавите чизми кои освен што ги носев неколку сезони беа и удобни. Само тогаш сеуште носеа роба од Турција а помалку од Кина.
никогаш не сум била ради одалеченоста, но да живеам во ск се од таму ќе си купувам. зошто да не заштедам некоја пара кога истата роба е и по бутиците. се случи еднаш сакав да купам пролетно палтенце од еден бутик кај нас и кога отидов продавачот пошто се знаеме ми рече ако не ти се брза почекај за една недела ке донесам нови модели од турција, јас си чекам и си чекам а во меѓувреме другарками отишла во шутка и кога си дојде ми кажа дека го видела продавачот како пазарува од шутка а јас го знам дека е во турција. и сега јас си имам палтенце од шутка а купено од бутик
Имам идено неколку пати а само еднаш купував и тоа повеќе ситници.Факт е дека истите работи ги има и по бутиците само по повисоки цени.А за обувките ..баш јас кога сум била цените беа по 900ж1000 денари за чевли,што мислам дека може да се најде и во некои продавници. Воглавно,немам комплекс од тоа дали ќе купам од Шутка или не,така да кога би била пак и би нашла нешто што ми се свиѓа сигурно дека ќе си купам.
Vo почетокот на октомври бев две недели едно по друго скоро на сите тезги имаше те едно исто си купив сукња 100д распрана кај патентот се продаваше како фалична ама наше производство од нашите конфекции ја однесов на шнајдер ми ја направија како од бутик платив 50ден ,за 150ден имав уникатна супер сукња другарките сите ме прашаа од каде ти е.Си купив блуска 200д,хулахопки микро фибер за 100д,а од продавница ги купував по 150.Може да се најде нешто убаво.
па они ја носат о турција или бугарија робата исто како и бутиците разлика само ова е тезга а др бутик
планирам да одам овие дена во скопје па се надевам дека ќе имам време и за во шутка зошто да не ако не најдам нешто ќе најдам боди ролки такви ситници ме интересира некого ако бил во најскоро време како се движат цените на чизмите ? позз девојки
Робата ја носат од кинескиот пазар во Солун, на килограм што се продава. Истата е и во бутиците. Денес е среќа да начеекаш во некој бутик роба од Турција, сепак е далеку по квалитетна од кинеската
порано да,со моите..ајде бе ќе си најдеш нешто убаво и мораш,нема спас Најмногу ја замразив заради условите што се никакви.Може има 3 години како немам отидено. Во шутка само вреди да се оди за ташни такви работи,имам купено ташна од 200ден.и ја убив од носење и уште ја носам и нити се скинала или патент да и се расите не ја давам за ништо на свет а друга облека може да се најде и во локални бутици истата,башка има попусти каде што некои работи се буквално без пари само треба да се побара
Имам само два пати отидено во шутка и не сум нешто импресионирана од изборот на гардероба.. истата може да се најде и во град па и цените горе доле се исти.. Имам купено и маички и панталони од таму само што после неколку перења некако ми станаа ветви...
Неколку пати имам пазарувано во Шутка, сум си изнакупувала многу работи, сжод петици до глава сум се скоцкала. Но сепак далеку ми е специјално да одам за таму. Сепак и овде во Струмица на Чешел пазарот е ефтино. Чешел ала Шутка
Сум била два пати и ич не ми се виѓаше искрено да ви кажам.Се ми беше некако раштракано и ме асоцираше на нешто прљаво.И двата пати си отидов со празни раце,само два три пара обични домачи гаќи си купив за колку да се рече не е за џабе иденјето.Незнам...може и треба да ги знаеж и кои се подобрите тезги или продавници таму зошто така со лутање мн ми е безвезе и одбивност ми ствара ништо не ми се гледа.И не идам др пат! Има и тука поблиску некои збутани продавнички или во центар ако сакаш поефтино да најдеш можеш...И не е работата се во ефтиното.Бар едно нешто да земеш(нека е малце поскапо) ама знаеш дека ќе ти биде топ и се исплати.