Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали пазарувате во Шутка?

Дискусија во 'Мода и стил' започната од Strumfeta93, 30 октомври 2010.

  1. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    TeaB, ако си била во шутка сигурно од лева страна ја знаеш тезгата/продавницата со многу каиши и ташни, е карши неа има уште една со ташни,таму ја земав.

    EVA19, портокаловите панталони ги земав уште на самиот почеток во дуќаните што се од десна страна на почеток,ги имаше надвор на кукла изложено.
    А плавите, кога ќе го поминеш првото пазарче од лева страна, има уште две три поголеми продавници, па ма едно патче надолу, па продолжуваат уште 4/5 тезги па почнува пазарот долу што е. Е кај тоа патчетоќе се симнеш, од лева страна втората тезга, плавите панталони се 550.
    А марамите, доле од пазарот, во вториот ред,скоро на крај.
     
    На EVA19 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. TeaB

    TeaB Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    1.868
    Допаѓања:
    543
    Ти благодарам многу. Е сега се надевам дека овие евтини цени би потраеле подолго додека да дојдам при пари :)
     
  3. Marina89

    Marina89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2010
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    42
    да си се пофалам и јас си бешов на Шутка и си купив прекрасни пантолони 400ден , 3 боди за 200, косулце прекрасно карирано со плаво и со каиш за 450ден, тренерки долни само по 350,и две прееееекрасни ташни од по 200 денари, имаше многу убави алишта а не беа скапи баш,така да,јас мислам дека се исплаќа да се оди до таму :D
     
  4. Domino

    Domino Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2010
    Пораки:
    971
    Допаѓања:
    1.038
    Moрате ли да велите дека некој е искомплексиран ако сака да оди на сигурно? И не, не е важно да се скапи туку важно е да се квалитетни. Сите мислат дека ако некој сака да купи нешто што знае дека ќе го изнаноси дека пати по брендирана облека. Глупости. И сигурно не би купила нешто грдо заради марката. Всушност, ни јас не реков дека ако најдам нешто ефтино а многу ми се допаѓа нормално ќе си го купам. А кога веќе сме кај квалитет, имам другарка што од неколку пати си купила патики и штикли од Шутка и и се испокинале за краток рок и биле многу неудобни. И сега друго купува ама обувки never. И ќе кажам општо, не за мене. Ако има некој можности да купува ете таква поскапа облека зошто да не? Секој со свои можности, не мора ако е скапо да го има малку.
    Плус, убаво си кажав. Ако на некој му се погодило нека си купува таму супер, нема што да се мешам. Ама бар не се мешајте и вие за тоа кој каде купува, секој кај што сака.
     
    На girl.23, enca.69 и creshicka им се допаѓа ова.
  5. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.800
    Сноу Квин, баш убаво си накупила. ;)

    Јас бев во вторникот, и во продавниците ми нудеа поефтини цени отколку по тезгите. :!: :^)
    (Го мразам тоа туркање, гужвање, пазење на парите и не се чувствувам безбедно. :?: , затоа одам преретко)

    Имаше:
    (од тоа што видов)
    фармерки -од 500 нагоре (за 300ден. де-мо-де модели)
    пантоли во бои -околу 600-700
    кошули во разни варијанти (широчки) -550ден. нагоре
    обични маици -150
    помодерни маици -200 нагоре
    сакоа -од 700 нагоре (немаше голем избор)
    ташни -од 200-600 (ама ништо не ме бендиса)
    марами -100ден.
    тренерки -1200ден.
    долни тренерки - од 400-700

    Имаше огромен дел на ланска роба, веќе видена. И многу кичести работи.

    Мора да прошетате, зошто во две соседни продавница, разликата во цени на некои исти алишта е по 200-300ден. :!:

    И добро проверувајте ја робата, дали е скината, флекосана, погрешно сошиена и слично. :)

    За чевли - тоа што го видов ништо не ме бендиса. Се познаваше жолтиот лепак по чевлите.
    Ете, јас не се занесувам, бев на Шутка, ама за чевли никогаш не би купила од по тезги. Ќе платам и повеќе, ама сакам добар чевел, квалитетен, пред се за да не си ги искривам нозете.
    (Освен еднаш купив во Гари, и за чудо се погодија)

    Шутка сепак не е тоа што беше. Има работи кои во Евро Азија беа поефтини. :^) А, таму барем на раат, без брзање, со нормално пробување можеш да си купиш. :)
     
  6. goddess.Of.chaos

    goddess.Of.chaos Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    1.068
    Допаѓања:
    1.094
    Сум купила, и мајка ми исто и другарки мои пазареле. Не страдам од тоа да ми е се` марка, носам и едно и друго и воопшто не ми пречи да е блузата 200 денари, кога знам да ја спастрам и вклопам во облеката воопшто и да не се познава дека е собрана од тезга. Поентата е евтин партал на тебе да изгледа скапо.

    Е за чевли на жалост, не можам да се сложам. На крупни парчиња како кондура или јакна не би штедела. Повеќе сакам да имам 5 пара, да знам од кај им` е потеклото и од што материјал се, и тоа колку - толку да ми гарантира квалитет, отколку да имам 20 пара пластични и да се молам по пат да не ми се одлепат. Имам јас и од 400 ден. штикли од Аванти, за џабе ги начекав летоска, убави ми беа и ги носам, ама треба ќор да си да не приметиш разлика во изработката. Има македонско производство кондури кои се и со повеќе од одличен квалитет, а не се воопшто баснословно скапи. Оние наши чевли по дуќани што ги гледате, си собираш некоја другарка, палите колата до фабрика, за упола цена. Јас го имам тоа правено во штипска Баргала, буквално половина е фабричка цена, и повеќе пара ќе си земеш. И радо би заштедила некој денар за да купам такви и да знам дека ќе ги убијам од носење, ама ич не ми е гајле дали ќе имам за секој ден различни сандали, нека имам помалку, ама квалитетни. Плус јас ги чувам ко очи у глава, во кутии ми се сите, избришани, исчеткани, истинтрани, и знам дека ќе траат.
     
  7. purple.world

    purple.world Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2010
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    7
    Прочитав дека следниов викенд ке има панаѓур во Прилеп. Јас планирав да одам во шутка, па да ми каже некој дали ке има пазар, тезги.. да не одам за џабе дека сум од друг град.
     
  8. DEBELUSKA

    DEBELUSKA Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2012
    Пораки:
    393
    Допаѓања:
    273
    ma mene 10 000 malce mi se za vo sutka :D
     
  9. Lovely15

    Lovely15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2012
    Пораки:
    151
    Допаѓања:
    31
    Ретко пазарувам во Шутка, но кога и да отидам во Шутка не се враќам со празни раце. :)
    Последно што си купив се фармерки мастило боја и многу ми се убави :P :$
     
  10. Dinamickid

    Dinamickid Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    27
    Не само шутка .. шутка и битпазар и чаршија се местата каде можеби немате естетика
    ама имате квалитет на производите што ги земате
    од ланчиња бижутерија облека чуда за машки за жени страшно голем избор
    за истите пари во центар ни газ неможете да избришете со опроштение
    има и чајче пристојна чашка за 10 денари
    во центар за 100ка имате исто.......... ТОА Е
    АКО САКАТЕ ДА СТЕ ФАЦИ БУЈРУМ нека ве ошурат
     
  11. Keryy

    Keryy Активен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2012
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    7
    Девојки била ли некоја од вас скоро во Шутка, со што се подновивте, ставете некоја слика да добијам впечаток какви модели има сега таму...фала многу однапред и поздрав
     
  12. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    Денес по факултет,тркнав на брзинка да ѕирнам што има.И точно горе по продавниците палтата се 1100ден., а во пазарот се по 700.
    Инаку си земав 4 фустани за летоска (и со тоа заврши мојот шопинг за летоска)-имам премногу облека, 2 по 500, едно 550 и едно 300. + 2 ташни по 200
    Ќе сликам и ќе ви покажам
     
    На ludoto19 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    и јас скоро бев има се али зависи од сто сакас ти...има убавиплатна и се...зи земав некои украси сто ми треба и некои платна за поклон..за мене несто повеке не земав :^) ке идам пак па ке видам тогас поубаво...
     
  14. molikaMk

    molikaMk Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2012
    Пораки:
    283
    Допаѓања:
    2.578
    Девојки јас денес бев на Шутка и све превртев, значи истите работи шо ги имат во продавниците, се по најнова мода, ги имат таму, ама со преполовена цена.
    Јас си купив една кошулка со елече 550 денари, а истата во гтц беше 1300 [​IMG]

    си купив една црна наметка 250 денари

    [​IMG]
    си зедов една црна ташна 200 денари и прслуци за 100 денари. Имаше многу убави тренерки по 1300. сакоа- поубајте по 1200, а послабите од 500-700. кошули какви ви душа сакат, фармерки по 600...леле да видите какви фустанчиња имат како за излегување по 700-800. јас кај и да е пак ќе појдам:) :)
     
  15. ehrgeizig123

    ehrgeizig123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2010
    Пораки:
    427
    Допаѓања:
    157
    Имаше ли во Шутка мантилчиња црни ? Обични, баш како за на времево, и колку пари беа ?
     
  16. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    Првото фустанче е 300, другите две по 500 а последното 550 ... толку е, мојот шопин/пролет лето заврши :$
     

    Прикачени фајлови:

    • SUC50055.JPG
      SUC50055.JPG
      Големина на фајлот:
      228,5 KB
      Прегледи:
      305
    • SUC50054.JPG
      SUC50054.JPG
      Големина на фајлот:
      215,3 KB
      Прегледи:
      305
    • SUC50053.JPG
      SUC50053.JPG
      Големина на фајлот:
      251,4 KB
      Прегледи:
      305
    • SUC50051.JPG
      SUC50051.JPG
      Големина на фајлот:
      330,8 KB
      Прегледи:
      305
    На SOVRSENSTVO, Lepaaa, Bozica1980 и 7 други им се допаѓа ова.
  17. t.i.n.k.e.r.b.e.l.l

    t.i.n.k.e.r.b.e.l.l Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2011
    Пораки:
    466
    Допаѓања:
    335

    СЕ, ти е преубавооо!!! Со здравје да си ги носиш!!!
    Многу сакам како последниот фустан, ама има поголемки гради, така да уште толку ми ги зголемува :/ .
    Инаку, дел од фустаните ги гледав во Њу јоркер, по баѓии посолени цени!!!!
     
  18. Keryy

    Keryy Активен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2012
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    7
    фустанчињата ти се прекрарсни, со здравје да си ги носиш, само би сакала да знам доколку можеш да ми кажеш од каде поточно го зема зеленото фустанче, преубаво е :)
     
  19. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    Кога одиш накај пазарчето(долното), пред да свртиш лево за да се симнеш, нели има 2/3 продавници големи....првата е за тренерки, па во средина е за женска облека, па последната до пазарот е зафармерки ако не се лажам. Е во таа средната го купив.
    Инаку 550 ден. е, ама јас се ценкав. :lol:
     
  20. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.305
    Пол:
    Женски
    Ако нешто ми се допаѓа,зошто да не..ама вака ретко.. :~: Веќе долго време немам отидено!