Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали пазарувате во Шутка?

Дискусија во 'Мода и стил' започната од Strumfeta93, 30 октомври 2010.

  1. Melany.Macedonia

    Melany.Macedonia Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2012
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    67
    лани кога бев во ск една другарка ме убеди ... искрено не ми се свиѓа местото и ме изнервира еден сакаше новчаникот да ми го земе као без да видам а ја глупа патентот на ташната сум заборавила да го затворам |(
    а искрено сите бутици низ мк земаат алишта од таму.. ама уше еднаш не би отишла...
     
  2. MaCa-J

    MaCa-J Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2011
    Пораки:
    604
    Допаѓања:
    135
  3. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    денес ми дојдоа роднините и со кола во шутка :) Hемаше многу тезги не знам имаше полиција.инаку јас си најдов копито слично ко тоа на Aванти што сакав, само на сиво, кожно, беше 1200 мене ми го дадоа за 500 денари, зашто беше последно, абре среќа моја :D
    наместо да давам 1500 во аванти, со слични си се снабдив од шутац за 500че ;) и шминки земав друго ништо.
    се беше собрано, така да не знам што има/нема :D
     
    На GordanaL му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Така ги имаат кренато цените, приближно на оние по бутиците и фирмираните продавници. А нема нешто посебно да речеш, којзнае што... нема, не. Кога бев минатиот пат, една јакна розева пролетна ја прашав зошто ми требаше розева јакна, а верувајте не беше ништо посебно ми вика 950 денари, а во Теранова 100пати поубава 1300. И баш и реков аууу низ град се отприлика тие цени што ви е на вас, и вика еее и гардеробата е истата а пак тука е поевтино. Е не е истата гардероба бе луѓе, има убави парчиња стварно, ама во последно време особено како што беа попустите низ центар поевтино ми се фаќаше и си купував од центар, а не од шутка, зошто таму нели немаше попусти. Е за чевли може да ти се погоди нешто, и пак не е којзнае колку поевтино туку 200-300 денари од град, а не е истиот модел. Панталоните оние убави што се им се 600-800 денари, па на центар се толку бе алоооо :fubar: Сако едно што го прашав 750 денари ми рече, а во Еко и Елит истите за 700 или 800 не ми текнува точно ги имаше и уште ги има. И тоа во центар плаќаат и кирија и други трошоци, а овие во Шутка ништо. Така што, според мене би отишла онака колку да видам што има и дали би нашла нешто од ташни, чевли, евентуално некое маиче. И тоа нема да најдам нешто којзнае колку евтино, знам, зошто на секоја тезга зборат: ова е најмодерно, сега само ова ќе се носи, океј има модерни работи што се носат како што има низ центар ја не знам што е модерно или не знам ти што?! Тоа не е оправдување за цени на пазар слични ко цени низ бутици на строг центар.
     
  5. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.926
    Бев пред некое време и искрено за Шутка е прескапо. Маички и кошули по 700-800 денари. Ајде ние слободна имаме ама некој што нема ич не му се исплати зашто и автобус плаќа.Се сложувам со Плавуша, поевтино е во град да купуваш на попусти него во шутка :?:
     
  6. Elena-97

    Elena-97 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    913
    Допаѓања:
    2.107
    За тие што биле во поскоро време во Шутка - имаше ли фармерки со пастелни бои? розева, плава, може и виолетова?
     
  7. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    Aбе да, јас највеќе одам за моливчињата за уста и за очи, кармини, тие се ефтини, а убави ми се, по 20 денари се. и сенкиве исто :) инаку за облека не знам колку е, на тезгата само видов така едно симпатично фустанче беше 750 :^) . другово се беше собрано, се разбегаа ромиве од полицијата.
    во дуќанот за чевли салонки високи 1000ка, убави беа, и ете ми се посреќи за 500 да најдам копито, инаку се по 1200 тие чуда :D
     
  8. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Да беее влегле во филм, а Шутка порано не беше ич „позната“ низ Скопјево, а особено меѓу луѓето од другите градови. Знам кога бев основно отидов со моите за прв пат од љубипитност да видиме што е како е и жива душа немаше значи ретко кој одеше, а робата им беше многу лоша, демоде со преевтини цени. Како поминуваше времето се раширил муабетот за Шутка и сега мислам дека ретко кој не ја знае веќе последниве 2-3 години, носат модерна облека со кренати цени. Али претерале изгледа, и односот не им е како порано туку ко ќе речев на некој ауу што е ова на центар ќе си купам поевтино ми враќаше коментар од типот: па купи си, или истото на центар е поскапо ќе се зезнеш не знам што. |( Колку поскапо, 100 денари?!
     
  9. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    1.943
    Допаѓања:
    4.623
    Денес им беше празник на Ромите зато немало дотолку.
     
    На GordanaL му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Gaabbii

    Gaabbii Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2011
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    11
    Да ИМА СЕКАКВА БОЈА ОКОЛУ 700-800 СЕ
     
  11. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    Jас ваквов сјај во кутивче ист за 20 денари земав предобаррр еее, криво ми е што не си земав повеќе :)
     

    Прикачени фајлови:

    • juicy.jpg
      juicy.jpg
      Големина на фајлот:
      14,3 KB
      Прегледи:
      597
  12. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.926
    А бе и јас порано кога сум одела сум можела 2 пати од глава до петици да се облечам за 1000 или највеќе 1500. Не се ни исплати да цепаш до таму и да пазиш да не ти украде некој нешто.
    Јас лудо не наоѓам нешто убаво на тезгите на шминка, или не знам каде да барам :D
     
    На GordanaL му/ѝ се допаѓа ова.
  13. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    He знаеш кај да бараш :wasntme: :D има една тезга и се е по 20 денари, обично е истата шминка ко на пазар, само што е 3 пати поефтино, и не е чкартна, цело време од таму купувам моливи кармини и сенки, и фала богу немам тртки на лицето :D
    Aма овој сјај во тубичка е нов, ептен е густ, ко гроздева маст со силикон, мислам дека е краден пустен праен нешто, квалитетен е не е чкартен :)
     
    На GordanaL му/ѝ се допаѓа ова.
  14. t.i.n.k.e.r.b.e.l.l

    t.i.n.k.e.r.b.e.l.l Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2011
    Пораки:
    466
    Допаѓања:
    335
    Да ви кажам што ми се случи денес!!!!
    Хахахахха.............уште се смеаммм... :D :D :D
    Сабајле станѕвам во 8 "свечено" се спремив и со брат ми отидовне во Шутка, на шопинг!! хехе
    Одиме со 19 и штооо да видам , штамаааааа, се затворенооо, празнооо, со комуналец си метат улици, и чат пат, се на се 4-5 тезги работат, и на истите им беше наредено да затворат.
    Е денес бил денот на ромите!!!!!
    Сите си слават, Така да, со истиот автобус си се вративне назад.... :D
    Ништо од шопингот :(
     
    На GordanaL му/ѝ се допаѓа ова.
  15. GordanaL

    GordanaL Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2010
    Пораки:
    128
    Допаѓања:
    43
    Има навистина добар избор. Кога и да отидам си наоѓам по нешто.
     
    На ludoto19 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.818
    Допаѓања:
    1.691
    Вчера се зезнав и тоа добро :D
    Било ден на Ромите а јас околу 13 часот појдов на шопинг со маж ми.Па и му реков земи повеќе пари :lol:
    И така се беше блокирано,ја поминавме цела Шутка со колата додека се вратиме назад :( Баксуз ,а таман се наканив да отидам од кога немав појдено ама повеќе среќа следниот пат :lol:
     
  17. Keryy

    Keryy Активен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2012
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    7
    дали можеш поточно да опишеш каде се наоѓа таа тезга се за 20 денари?
     
  18. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.545
    Зар ги има у Шутка тие сакоата што ги има у Боди Лајн ? Ако ги има дали се исти и цена ако знаете?
    Денес како што ми рековте поминав до тие Елит, Еко горе стварно се бе 1100 а јас ќе лупнев у Боди Лајн над 2000 беа ама после видов сите со такви шетаат и ради тоа не земав, иначе убави се ама уноформа ќе станат.

    Но ако ги има у Шутка, а исти се ај да купиш и да го има секој не ти е толку жал коа не си платил за него многу. Баш ме занима дали ги има, ај баш некој што бил нека ми каже.
     
  19. Lina24

    Lina24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    2.230
    Допаѓања:
    438
    има и се по 800 на некои места ми кажаа и дека се 1000, во сите бои, а од оние обичните сакоа без пуфкасти ракавчиња со едно копче и со три-четврт ракави има во сите бои и се по 500, 600
     
  20. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.545
    Мене конкретно ме занима за тие како од Боди Лајн што се исти, подолгите со многу копчиња и мекан материјал при допир дали ги има и дали се исти.. не кратки.
    И да, дали има сите бои мене индиго плава ми треба.. освен ако не ме освои некоја друга.

    Се интересира подетално за да не идам за џабе, друго не планирам да земам.