Ташни за 200ден. па нагоре. Ќе ги сликам последните 2 ташни што ги купив по 200ден, и ќе ви ги покажам. Панталони од 500 па нагоре. Јас за 550 цели со ликра кремасти, уффф милина за носење,како хеланки се. А штикли од 400 па нагоре. Еве ги последните два пара по 400ден што ги купив, пред едно 3 недели. Спојлер
На првата автобуска во шутка кога ќе се симнеш, ќе си продолжиш за накај продавниците што се,од десна страна има една огромна продавница за чевли,има и во дворот изложено и во дуќанот, а пред неа има уште две помали, не првата што е до големата продавница,туку таа пред неа, во неа е се по 400ден. (барем денес)
Фала девојки, поубави да си купите...многу е лесно да се најде кога ќе се симнете на правата автобуска, кога ќе тргенте на кај тезгите пред првото пазарче (горното) од лева страна има продавниче за ташни и мноооогу каиши, карши него има мало продавниче исто со ташни, и таму секогаш има преубав избор и сите се по 200ден.
Не, не и не!! Не се нормални. Штикли во аванти 1200 исти ама исти во шутка 1500!! Други штикли 1800, палта 1200-1500, маици под 500 не наоѓаш и онакви шутка стајл! Бев и си земав боди, гаќи 4 за 100че, фармерки како хеланки 300 денари. Дуксеричиња за 200-250 и тоа е тоа. За такви работи се исплати и за моливчиња и карминчиња по 20. Инаку за друго немам коментар. Имаше убави ташни по 200 слични како кај девојкава што стави слики.
Еве јас каква си купив чанта си купив за 250 денари. Имаше одличен избор. сако од 500 до 1000че. Друго не гледав.
Вчера бев си купив за мене фустанче плаво чипкано за 700,блуза морнарски стил за 150 и други глупости. А мама си зема за неа балетанки по 400 се,сукна за 200... Слика од моите работи ќе ставам малку подоцна...
Планирам да одам наредниот викенд до Шутка со надеж дека ќе си најдам фармерки по можност во боја, мој број. Вие што сте биле периодов, има фармерчиња во боја? И што цена?