ја бев денеска, уффф како немав некој денар повеќе, леле луѓе ташни по 150/200, шалвари 400, блузи какви сакаш 350, кошули 350, долги фустани за летоска 500
Вчера па бев до шутка на мајак ми и требаше нешто да и земам...и имаше една продавничка се по 400, панталони,сукњи кошули, се се... и тоа истата роба што во другите дуќани е 500/600/700
блазеси ви вие сте блиску можите да си појдите кога сакате...ние од подалеку ке мора со повеќе пари да тргнеме за да купиме повеке ствари...не ни се исплаќа со 1000 денари да тргниш и да се закрениш....иначе јас сум од прилеп......дали има ташни од овие сега што се во мода со повеќе бои на нив и колку пари се ве молам да ми кажете..ако знае некој.....позззззззз
Алал да ви е како наоѓате така ефтини ташни на Шутка. Јас секогаш кога одам , единствено око ми фаќаат некои од 700-900ден Нареднава недела планриам да одам, да се среди малку времево, сега е ладно и за пробување, па се надевам ќе најдем нешто
во право си и јас сум таква се неки поскапи ми идат на око...последниот пат кога бев една ми се бендиса и си дадов 1200 денари....срце ме болеше ама желбата си ја исполнав е сега господ здравје ке си барам поефтини
1200денари во шутка ташна, ама да не си ја купила од долниот пазар од кај таа жената што продава и завеси?
не не ја купив од кај незе, ја купив од едно дујчанче кај што има пред да влезиш надвор многу каиши изнаредени и внатре се чантите наредени има и новчаници..можи дека беше брендирана беше толку скапа..од луи витон беше.... позззз и тука баш скоро сите му се скапи...со исклучок на тие што не се брендирани тие се поефтини..позззззз
Готово знам за која збориш, таму имаше такви цени до пред година година и пол, сега на истото место се доста поевтини
па може да кажам дека може и поминало толку време откако не сум била знам дека беше одамна....фала на информацијата....можеби за еден месец ке појдам здравје боже
Најдобро е да одиш работен ден. Јас не видов некој избор на патики ама бев пред 2,3 недели. Уште тогаш имаше чизми, ама ги креваа веќе нив, па може сега донеле патики. Во Шутка патиките како и секогаш од 600 до 1000че. Јас купив пред 2 години многу убави патичиња , ги имаше истите и во Аванти ама разлика некои 200 ден и одма се искривија. [/quote немој да се лажите од аванти да купувате зашто се вушарија.....и нема иц квалитет....зато што јас имам купувано од аванти во германија и сето бесе заникаде а сигурно кај нас носат полоша роба него во еу....поззззз се нааадевам дека не грешам
Ја бев во неделата и има мн евтини работи имаш хеланки по 100/150 денари во секакви бои шалвари 400/450 ташни 200/300 ден блузи по кратки ракави по 100/150 ден(и тоа се мн убави ја си зимав две) има едни како панталончиња шалвари 250 ден (мн се убави) иначе има и наочари за сонце по ray ban (по 150/200 ден)
Секако дека пазарам, зошто да не кога истите работи ги има и во бутиците а се 3 пати поскапи. Овде барем знаеш за тие пари толку квалитет. Досега се што сум си купила од шутка ниту ми се има скинато ниту одпарано како ново е , исто како од бутик да е купено. И навистина не ги разбирам тие што велат дека било нечисто, не хигиенски , немало каде да се пробува облеката , а тие најмногу од таму пазарат. Последниот пат кога бев си купив прекрасни маички по 150 ден , ташни по 150/200 ден,кошулка бела со каивче 200 ден и некои др. работи . Освен тоа ,неизбежно е да појдеш во шутка а да не си купиш боди, гаќи , прслуци за толку евтини пари ...
дааа не многу често но одам. и многу се радувам кога ќе си најдам нешто убаво што никој го нема и ми се чудат како сум го нашла во шутка.